Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Пол Лабиле Погба ке си иде па се отвара нова дупка следната сезона,
Sent from my iPhone using Tapatalk
Одењето на Пол Лабиле Погба циганот у никој случај не е загуба за Јунајтед! Време е да сватиме дека коњот игра кога му се трефне и сите вуаааау, 4 асистееенциии. Тоа што вчера кога ни требаше нигде го немаше е кривица на тренерот, оти не му го нашол вистинското место, јелда?
У здравството такви израстоци се сечат инстант, да не ти ја викнам Бјонс да ти објасни сега :D
Дека Фред е фудбалски антиталент, како и Ајсмен и Лингур, а Матич е издишан, мислам не треба да се повторува. Плус таклерот Бисака, ќумбе едно, макар што за вчера сите урлавме по него, никој не го зема во предвид специфичниот терен и дека дечкото е ќумбе, толку му сече.
Има и Оле гревови, а најголем му е што е многу мек со некои персони, а највеќе со управата. Загазивме со него, сега да правиме заокрет значи нови минимум 1-2 сезони. Освен ако не ни се посреќи како на Челшит со Тухел сценариото!
Треба да се искористи моментумот со Роналдо, ама со сакати играчи како Лингур тешко тоа.
Досега во ПЛ бев сигурен во цврст настап, сега после поразот од сатчииве и за таму ме фаќа страв!
Автоматски споено мислење:

Јас па викам да беше друг тренер со овој тим, со 10 души ќе извадеше поволен резултат против овој тим на Јанг Бојс.
Ти можеш да викаш што сакаш, ама кога ти кикса најсигурниот у одбрана и Лингур со помрачењето во последни 20 секунди, џабе и да викаш!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Најголем проблем од поразов е фактот што во најгустото во лигата, ќе треба да бркаме и ЛШ.

Повторно во најбитното, Погба го остави тимот на цедило со својот настап. Воопшто нема да фали од идна година.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
709
Поени од реакции
933
Абе Фергусон да беше со 8 души, другиве 3 ца да беше некое дрво или во слаба форма пак ќе изваеше победа или во најмала рака нерешено.

Нема мадина да рипни Оле, да ги здиви малце, да ги натера да гризат на терен, да дадат се од себе.
Јас мислам дека ако не успее да направи некои значителни успеси Оле, последна година му е, а и заслужено да си оди според мене. :)
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Ти можеш да викаш што сакаш, ама кога ти кикса најсигурниот у одбрана и Лингур со помрачењето во последни 20 секунди, џабе и да викаш!
Индивидуални киксови имало и ке има, во сите клубови.

19-2 шутеви кон гол во корист на Јанг Бојс. Второ полувреме 10-0 шутеви кон гол во корист на Јанг Бојс. Ова се киксови на тренерот, овие киксови погласно зборат него ли киксевите на поединци кои патем се на тие позиции ставени од тренерот. Да кажеш ок имаше обид за тактика со 10 играчи да се постави рамнотежа, ама Фред упорно и упорно ја буткаше тактиката па аааај да се сложам некако. Ама не бе, мртвиот идеше на тактика не пипај ништо суштински па што биде нека биде. И сеа му искочи у ќар ситуацијава со умрениот Лингард као ете индивидуална грешка, а тоа дека играњето на Лингард е негова одговорност тоа нема везе. Зарем Лингард со неговото непостоење и чоукање заслужил да игра во тесна утакмица? Зарем Лингард е единствената опција што требаше да игра вчера?

Тоа што поразов го сјеба цел моментум што го фатија со Роналдоманија е друг проблем.
Така е.

Со трансфер период во кој се носат Варан, Санчо и Роналдо секој пораз ќе биде зиман на нож. Поготово пораз ко оној вчера.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Пак ќе речам, она над Роналдо мораше да се прегледува, имаше и тоа како елементи за пенал. За стартот на Бисака во ПЛ 9 од 10 судии би дале максимум жолт.
Ама тоа е кога ќе стават судија кој од матура дојде на терен да суди прва утакмица ЛШ, оди пушти го таму Молдавија, Украина.
 
Имаше дискутабилни моменти во судењето во однос на неконзистентност на интензитетот на фаули, но по мене тие две одлуки се на место.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
Најголем проблем од поразов е фактот што во најгустото во лигата, ќе треба да бркаме и ЛШ.

Повторно во најбитното, Погба го остави тимот на цедило со својот настап. Воопшто нема да фали од идна година.
Секако ќе требаше да бркаме победи против Виљареал и Аталанта. Ќе ни олеснеше победа во првово коло да одмараме на крајот можеби, но ако тимов има карактер треба пласманот да го обезбедиме баш против Виљареал и Аталаната.

Инаку баш имав заборавено, сега ми излезе за тоа што му се случи лани на Тухел (зошто бил тренериште и сите го коментираат мечот со Ливерпул) против ВБА на Стемфорд Бриџ по црвен картон на Тијаго Силва. Тука се одлучи да се надигрува при водство и му се случи крах затоа што ВБА немаше што да загуби и ги отвори картите во фор со висок пресинг и притисок во нивна половина. Прашање беше уште колку голови ќе попиеја до крајот.
Секој меч е различен и во ваквии ситуации во голема мера зависи од пристапот на противникот кој има играч повеќе. По добиенот црвен до крајот на прво беше јасно како ќе продолжат Јанг Бојс и пак ќе кажам, не е толку едноставно да се игра со играч помалку 30 минути, не пак 60.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Пак ќе речам, она над Роналдо мораше да се прегледува, имаше и тоа како елементи за пенал. За стартот на Бисака во ПЛ 9 од 10 судии би дале максимум жолт.
Ама тоа е кога ќе стават судија кој од матура дојде на терен да суди прва утакмица ЛШ, оди пушти го таму Молдавија, Украина.
Над Роналдо ВАР требаше да реагира. Судијата беше во линија позади, нит можел да види, нит да оцени, а и контактот не беше силен се чини.
Бисака, нормален судија би дал жолт, после ако има реакција од ВАР прегледај види, па реши! Ни со ВАР не ја бива, вчера со Динамо Киев овој му вика прв картон ми е, Кројачот му брои стартови :facepalm: Тејлор за таква грешка треба да лади глава барем еден месец.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Секако ќе требаше да бркаме победи против Виљареал и Аталанта. Ќе ни олеснеше победа во првово коло да одмараме на крајот можеби, но ако тимов има карактер треба пласманот да го обезбедиме баш против Виљареал и Аталаната.

Инаку баш имав заборавено, сега ми излезе за тоа што му се случи лани на Тухел (зошто бил тренериште и сите го коментираат мечот со Ливерпул) против ВБА на Стемфорд Бриџ по црвен картон на Тијаго Силва. Тука се одлучи да се надигрува при водство и му се случи крах затоа што ВБА немаше што да загуби и ги отвори картите во фор со висок пресинг и притисок во нивна половина. Прашање беше уште колку голови ќе попиеја до крајот.
Секој меч е различен и во ваквии ситуации во голема мера зависи од пристапот на противникот кој има играч повеќе. По добиенот црвен до крајот на прво беше јасно како ќе продолжат Јанг Бојс и пак ќе кажам, не е толку едноставно да се игра со играч помалку 30 минути, не пак 60.
Aj сега отвори Фан Клуб Челси и види дали ги има истите реакции како кај нас тука по поразот. Тухел научил на грешките. Ти делува дека Оле учи?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
Aj сега отвори Фан Клуб Челси и види дали ги има истите реакции како кај нас тука по поразот. Тухел научил на грешките. Ти делува дека Оле учи?
Мое мислење е дека логична беше одлуката на Оле да се фрли на карта да брани водство од 1-0, а не да задржи посед и да диктира темпо. Поготово кога видливо беше како ќе настапи Јанг Бојс и според мене оправдан беше влезот на Варан и затварање на позиции кои би значеле можност да примиме гол. Индивидуална грешка во позиционирање имаше само при каснењето на Шо и нереагирање во казнен простор при примениот прв гол. За вториот јасно ни е што се случи. Но, како одлука мислам дека Оле воопшто не згреши. Јанг Бојс постојано кружеше и не можеше да најде приод кон голот за да не загрози освен еден шут од далечина.
Слабост во таа фомрациска поставеност ни беше тоа што Роналдо не можеше да напаѓа топки во празно кои Бруно и Погба беа оставени на терен да ги делат и тука требаше да се реагира. Не сум сигурен само дали Лингард беше човекот за нив или требаше да се обидеме со Гринвуд/Марсиал.

Единствено нешто од што треба да научи од вчера е дека во таква формациска поставеност ти треба напаѓач кој ќе го брка празниот простор при добиени топки и од нив да организира контра од која ќе се создаде можност за гол.

Никако не сакам да научи дека во ситуација како вчера треба да се одлучи да држи топка во посед и да диктира тепмо. Тоа е еднавко на самоубиство.
 
Не се разбираме. Екипата требаше да му стои едно 10 метри понапред, и да се обидат за задржат топка повеќе од 4-5 паса. Со централните играчи стоејки пред свои 16 метри не можеш да се одбраниш цело полувреме. Некој сигурно ке згреши, дали во поставеност, дали ко Лингард.

Упорно контра-аргументот е дека сме требале да тргнеме како муви без глави напред. Забораваш дека Јанг Бојс имаа зицер минута по исклучувањето на Ван Бисака? Што ке беше планот тогаш да изедначеа? Да браниме нерешено цело полувреме?

Кажи ми само дали искрено мислиш дека Сити или Челси ке го изгубеа мечот вчера?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Excuses 2013-2021...доста со правдање, време е за титула. Лингард е Вест Хем материјал ограничен ала Велбек, а со такви дудуци не се освојуваат трофеи.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom