Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Глава ставам дека поминуваме група, мислам дека ќе завршиме и 1, не заебавај. :)
Ок е и јас мислев така, дека Роналдо го крена нивото на самодоверба во тимот, ама изгледа не баш!
Врз која основа мислиш дека мисиров( се извинувам за ова, прв пат ми иде на живци) нема да се собере како еж и против Аталанта или Виљареал?
Па не се они некојси Јанг Бојс од Швицарска. Шпанија и Италија се земји со фудбалска традиција! Уште едно сопнување и збогум прво место, а какви сме к’сметлии нејќе да пројдеме со едно.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Искрено, мислам дека се претерува со реакциите. Да точно, очобол беше она на терен и ништо не ги оправдува.Да, Оле заеба некои работи.

Сосема коректна сугестија од цела фан база беше да се игра на посед, но ај да се потсетиме колку техничари во средина имаме во тим - цели 2ца (Бруно и Погба), а истиве беа под силен пресинг, и немаа поддршка, ок Фред ако го рачунате за поддршка. Задржување посед им беше неколку топки измеѓу везњаците, па назад кон Мегваер/Шо/Де Геа, па топкава ќе се избие најнапред што може оти сите играчи имаат маркер на грб. Недостатокот на квалитет во средина се покажа токму сега.
Идејата со Матич беше таа, да се добие на јачина, цврстина и техника (што реално се доби), но предоцна беше поготово зошто остана само Погба.

Малку иронично делува оти јас највеќе коментирав за Дони, но фалеше тој за да се одолее на притисокот на средина (неговите кратки еден-два пасови и off-ball movement), но сосема друга беше ситуацијата во прво полувреме. Санчо исто би можел да помогне оти е исто техничар.

Тикварон Далот, боље да не влезеше.Апсолутно ништо не изигра, подобро Дони да беше крилест бек, барем ќе учествуваше подобро во пренос на топка на средина.

Одлуката Роналдо за Лингард е исто сосема на место само требаше 15 минути порано да се случи. Очајно беше потребно некој да и помага на средината и да трча за двајца. Што ако стави напаѓач подоцна, смени ли нешто тоа? *НЕ ГО ПРАВДАМ ЛИНГАРД, СИ ЗАЕБА РАБОТА КАЈ ГОЛОТ*. Таа одлука е на место, игравме со 2ца играчи помалку оти Роналдо не помагаше ич дефанзивно.
Гринвуд апсолутно ништо немаше да смени, ако влезеше. Ниту трча за двајца, нити знае да игра во средина со такви услови.

Погба имаше очаен натпревар, а најмногу од него се очекуваше (поготово кога се случи црвениот). Ебати играчот кога се појавува само кога работите се подмачкани. Далот, Линделоф, Фред, Бруно (после црвениот) беа катастрофа. Марсијал си се прошета.


ПС: Дефинитивно треба да повежбаат малку посед, оти ќе има натпревари кои едноставно така треба да се умртват (од икс причини). Ферги тоа успешно го правеше, но со Керик и Сколс на средина. Денес мечот го изгубивме на средина.

ППС: Како е легално да играат на онаков терен? Не ни пробува да спринтаат, да не се повредат. Лично ја сум задоволен што никој не скрши нога.
 
Последно уредено:
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Aма медаљонот има 2 страни ако сакаш да збориме за среќа. Челси направи 2 100% шанси со 10 играчи. Да не зборам дека требаше 0-3 да биде до полувреме. Жалам, нема оправдување за ова денес.
Нема оправдување, реков и претходно. Тотално се изгубија од играчи до стручен штаб. Да беше некоја посериозна екипа ќе јадевме 4-5 гола до крај гарант.
Кога веќе не се извади Погба, наместо Санчо, требаше вадење Дони и преместување на Погба во средина, сигурно ќе имаше подобар импакт бидејќи лево беше тотално невидлив. Место Дони да се ставеше Варан, од Далот немавме никаква корист ни офанзивно(до душа воопшто не ни имаше офанзива), ни дефанзивно.

Прв пат после подолго време се откажав од гледање второ полувреме и не догледав утакмица до крај.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Kaко мислиш, ги затваравме сите приоди кон голот, а примивме 2 гола? Кој им кажа на цела екипа да стои пред свој 16-тник 60 минути? Јас не сигурно.

Ке треба да сфатите дека на Солскаер му фалат муда, најверојатно затоа што нема трофеи зад себе, па нема стискало. На пример, прагматичен тренер би го извадил Роналдо на полувреме и не би му било гајле што ке каже Роналдо. Зошто? Затоа што тој играч ти е корисен кога напаѓаш, нешто што очигледно тренеров наш не планирал да прави во второ полувреме. Роналдо не може да истрча контра, ниту пак може да помогне во одбрана. Некој добро воочил дека се браниме со 8 играчи.

Ван Гал го смени Крул за пенали, истото го направи и Тухел со Менди. Исходот? И двата голмана ги добија пенал сериите. Ние оставивме голман кој нема фатено пенал од 2017-та да брани финале во ЛЕ. Не знам како да дообјаснам дека почнаа да му се трупаат грешки на Оле, кои се неопростливи ако сакаш да бидеш Шампион.

Јас молчев кога Солкаер заеба ствар со Башашекшир, Лестер, Лајпциг, Севиља, затоа што гледав дека има проблем со квалитетот на играчите, но сега веќе тој изговор нема да функционира. Тимот нема менталитет да искубе резултат кога е со играч помалку или кога се битни утакмици, а тоа иде од тренерот. И тоа не е случај само денес. Лингард и самиот Оле сакаше да го извади еднаш у сред утакмица затоа што даваше топки на противници во нозе. Денес истото го направи.

Среќа е што Севиља и Аталанта завршија нерешено.
Брат, по црвениот картон имаше уште 60 минути игра. Видливо беше дека Јанг Бојс е високо поставен и дека ако се обидеме да одржаваме посед ќе не кошта скапо. Се виде тоа до крајот на првиот дел. И измената со влезот на Варан беше наместо од таа гледна точка. Имаме водство, да не се дозволи чиста можност за гол. И тоа се случи. Објективно ако гледаме освен удари надвор од казнен простор не направи ништо Јанг Бојс. Две индивидуални грешки не чинеа поразот. Ете за првиот касно затворање на Шо и неспретна реакција на Варан и Лингард.

За Роналдо се согласуваме, ти и малку поекстремно со полувреме јас мислам околу 60та. Само тука задоцни мислам.

Сега мора да се оди на победа се до крај и да не правиме циркузи.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Со Виљареал подобро нека го стави Линделоф на десен бек, отколку Далот, бидејќи салам ќе дува промаја таму ако игра овој.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Сега прегледува и хајлајтс. Како не се прегледуваше ситуацијата со тргањето за рамо на Камара кога Роналдо е во 100% шанса и 1 на 1 со голман? Имаше и тоа како елементи за пенал.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.501
Поени од реакции
6.128
Нека го убедат некако Зидан да дојде, таман му се тука Роналдо и Варан плус Погба. Жално е ваков тим со толку лимитиран менаџер да биде.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.514
Поени од реакции
62.360
Брат, по црвениот картон имаше уште 60 минути игра. Видливо беше дека Јанг Бојс е високо поставен и дека ако се обидеме да одржаваме посед ќе не кошта скапо. Се виде тоа до крајот на првиот дел.
Kaжи ми кога од Мурињо навака, Јунајтед спасил резултат играјки скроз повлечено, и цепејки ја топката земјоделски напред ко што правевме денес? Секогаш, ама баш секогаш сме примале гол на крај, или ке изгубиме, или нерешено.

Кога да се браниме со посед, ако не против Јанг Бојс. Не можеш да се одбраниш ако не можеш да задржиш топка повеќе од 25-30 секунди. Што ке се случи ако ни дојде посаглам екипа со оваков мајндсет? Некои од вас тука зборат за Јанг Бојс небаре игравме против ПСЖ со Мбапе во форот.

И не ми е проблемот само утакмицата денес, туку што секоја година се повторуваат слични грешки.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Зидан стап ќе свитка. Тој не знаеше каде е во Ла Лига во последно, не во Премиер. На два пати го потопија Челзи лани.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Kaжи ми кога од Мурињо навака, Јунајтед спасил резултат играјки скроз повлечено, и цепејки ја топката земјоделски напред ко што правевме денес? Секогаш, ама баш секогаш сме примале гол на крај, или ке изгубиме, или нерешено.

Кога да се браниме со посед, ако не против Јанг Бојс. Не можеш да се одбраниш ако не можеш да задржиш топка повеќе од 25-30 секунди. Што ке се случи ако ни дојде посаглам екипа со оваков мајндсет? Некои од вас тука зборат за Јанг Бојс небаре игравме против ПСЖ со Мбапе во форот.

И не ми е проблемот само утакмицата денес, туку што секоја година се повторуваат слични грешки.
Натпреварот со Астон Вила на Олд Трафорд, 2 - 1 за нас заврши - Грилиш беше неверојатен на таа утакмица. Не ми е поентата да се докажувам, на иста страна сме на темава, дефинитивно треба да вежбаат задржување на посед. Проблемот виси веќе некое време, но сега доаѓа до израз оти имало поголеми проблеми кои се решени.

По мене во тековната ситуација, единствен спас за такво нешто ќе биде Дони да земе и да се подобрува континуирано во дефанзива, па ќе може да се прават сите тие комбинации на средина. Матич/Погба до него, Бруно пред нив, Санчо десно, Рашфорд лево, позади сите освен Ван Биска ќе бидат исто стабилни со топка.
Надеж (или очај) ли e не знам, но Дони денес малку и ми даде надеж дека ќе го биде (си го подобрил дефанзивното позиционирање, но не е агресивен и слаб е при одземање на топки и при стартови). Има нареден испит за недела дена во Лига Куп против Вест Хем - сосема респектабилен противник.

Алтернатива на таа тактика е Бруно да не лета како втор шпиц напред него да игра како дупла 8ца со Погба и Матич.Истово може и Дони да го прави. Втора алтернатива е да играме со две десетки (една десетка место напаѓач) - Дони + Бруно. Пушти го Дони да ги прави тие бескрајните додавања у ајакс што ги прават и да се движи слободно низ терен и готово. Ако стигнат до 16ик, и двајцата знаат многу добро да втрчаат во канали + да се снајдат во тесни ситуации. Тука се и крилата.

ПС: На прекини и денеска беа беспрекорни, секоја чест за Ерик Ремзи (y) Значи следни проблеми за санирање се - посед на топка и контролирање на меч при водство. Верувам и ова ќе биде.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.514
Поени од реакции
62.360
Тука морам да ги пофалам, а верувам дека и Варан има улога во тоа наместо Линделоф. Да чукнам у дрво, нема тресење на секоја нафрлена топка и корнер.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Брат, по црвениот картон имаше уште 60 минути игра. Видливо беше дека Јанг Бојс е високо поставен и дека ако се обидеме да одржаваме посед ќе не кошта скапо. Се виде тоа до крајот на првиот дел. И измената со влезот на Варан беше наместо од таа гледна точка. Имаме водство, да не се дозволи чиста можност за гол. И тоа се случи. Објективно ако гледаме освен удари надвор од казнен простор не направи ништо Јанг Бојс. Две индивидуални грешки не чинеа поразот. Ете за првиот касно затворање на Шо и неспретна реакција на Варан и Лингард.

За Роналдо се согласуваме, ти и малку поекстремно со полувреме јас мислам околу 60та. Само тука задоцни мислам.

Сега мора да се оди на победа се до крај и да не правиме циркузи.
Океј, еве да се сложиме дека ги затворија успешно и Јанг Бојс не успејаа да направат позначајна шанса, но проблемот е што Јунајтед не направи апсолутно ништо после црвениот картон. И од тука доаѓаат критиките.

Јунајтед немаше никаков шут (значи не шут во оквир, туку општо шут кон голот) од 25 минута. Тоа се 65 минути плус продолжение. Вкупно 2 удари цела утакмица, наспроти 19 на Јанг Бојс.

Еве да речеме, имал водство, па нормално дека играл подефанзивно. Но да потсетам, они израмнија во 66та минута, што значи во преостанатиот пола саат од натпреварот Манчестер Јунајтед со сите сили бранел бод против треторазреден тим од Швајцарија. Да беше Мурињо моментално ќе баравме отказ 90% од фан клубов.

Не знам, јас неможам да најдам едно оправдување да немаш шут на гол повеќе од саат време, па макар играл и со 8 играчи, против најдобриот тим на светот. И Челзи се бранеа против Ливерпул, па како што кажа видук, направија две 100% шанси. Да имаше малце повеќе муда, уште одма ќе го извадеше Погба или Бруно и ќе го оставеше Санчо да брка контри. Немаше потреба од 3ца позади, пак ќе кажам - играа против факинг Јанг Бојс. Екипи прават пресврти со црвен картон, ама имаат план на игра и знаат како во таква ситуација. Нашите очигледно воопшто не ни размислувале за вакво сценарио.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Kaжи ми кога од Мурињо навака, Јунајтед спасил резултат играјки скроз повлечено, и цепејки ја топката земјоделски напред ко што правевме денес? Секогаш, ама баш секогаш сме примале гол на крај, или ке изгубиме, или нерешено.

Кога да се браниме со посед, ако не против Јанг Бојс. Не можеш да се одбраниш ако не можеш да задржиш топка повеќе од 25-30 секунди. Што ке се случи ако ни дојде посаглам екипа со оваков мајндсет? Некои од вас тука зборат за Јанг Бојс небаре игравме против ПСЖ со Мбапе во форот.

И не ми е проблемот само утакмицата денес, туку што секоја година се повторуваат слични грешки.
Се виде до крајот на полувремето дека топка нема да можеме да задржиме. Претходно беа поставено високо, потоа уште повисоко. Единствена логична работа беше зацврстување одбрана и концентрација на средината пред нив.
Единствена грешка е оставањето на Роналдо затоа што ни фалеше тркач во простор, плус напаѓач кој може со грб да задржи топка на средина и да организира некаква контра...мислам и Лингард не беше соодветна замена тука.

Секој меч е различен во вакви околности и се зависи како противникот ќе одговори. Тие губеа и единствено што им остана е да ги фрлат сите коцки на напад. Висок пресинг, го засилија форот и ако се обидевме да го контролираме мечот ќе беше самоубиство. Заради тоа што имавме водство логично беше да им ја препуштиме топката и да затвориме нивни потенцијални опасности. Јанг Бојс конкретно кружеше, не беше опасен како што се добива впечаток од статистиката. Головите дојдоја по индивидуални грешки за жал кои ако не се случеа овде ќе пишувавме дека добра била одлуката да се повлечеме.

Споредбите со Челзи се др. приказна затоа што пишав дека секој меч е различна приказна. 1-1 беше и Ливерпул не ојде 100% на јуриш затоа што стравуваше од контри. Башка Лукаку е баш играчот во фор кој е корисен во вакви околности...може да загради топка и е брз за да брка простор при контри.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.615
Поени од реакции
10.869
Вчера им се случи сурова реалност, а капак на се беа измените на Оле. Гарант снемал џокери или немал кого да праша па удри со опасните комбинации. Тимов очигледно има уште дупки за крпење, само тоа што како колектив немаа храброст да одат на победа туку се повлекоа, јасно кажува дека се далеку од шампионски менталитет.
Бисака нека јаде мусака, но со црвениот картон ја покажа реалната слика, каде други екипи во вакви ситуации и против појаки екипи победувале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom