Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

caci_cris7

Red Devil Girl 4ever
Член од
28 октомври 2008
Мислења
294
Поени од реакции
3
Честитки за победата, иако минимална, да ни се множат само со поголема гол разлика. Како за почеток добро е :), натаму здравје повеќе.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.502
Поени од реакции
6.128
Конечно да издвојам време за да го прокоментирам натпреварот.Голема доминација на средината на теренот и со ваква доминација требаше шанса врз шанса да е....:toe:Руни покажа дека ке е лидер сезонава и дека сега тој ке биде тој што ке шутира почесто на голот (За разлика од лани кога роналдо беше тој),нани се виде дека има проблеми со рамото или вратот,одбраната слабо без вида и рио,фостер одличен.Ајде да ни се множат победите и секоја наредна да биде послатка.....толку од мене :smir:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Во ваквите натпревари особено во почетните кола кога имаме многу повреди играта не е најважна туку се 3 бода. Ние денес ја исполнивме задачата и победивме. Сега се надевам дека некои од повредените ќе се вратат и ќе извадиме уште посилен тим за со Барнли и дека ќе имаме максимален ефект после првите две кола
 

GamerBoy

Bordeaux FC
Член од
16 август 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
Се извинувам што коментирам на ваш фан клуб но дали некој знае дали тука има фан клуб на Бордо? Ви благодарам на помошта и уште еднаш се извинувам!:smir:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се извинувам што коментирам на ваш фан клуб но дали некој знае дали тука има фан клуб на Бордо? Ви благодарам на помошта и уште еднаш се извинувам!:smir:
Има, но заклучен е поради фактот што досега на Кајгана немаше навивачи на Бордо и другите форумџии го користеа тој фан клуб за спамирање, како и многу други.
Ако си вистински фан на Бордо, пиши ми на профил, ќе ти ја отворам темата.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Одлична игра. Цело време имавме доминација и посед на топка 70 на 30 посто. Одлична игра на Валнесија а исто така и одличен натпревар на Фостер докажа дека е достојна замена на ВДС. Руни се покажа дека ке биде лидер на тимот и одлична игра. Заклучок - Одлична игра на целиот тим :). Да ни се множат победите.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Нашата болница:

Edwin van der Sar (hand)
Gary Neville (groin)
Rio Ferdinand (thigh)
Nemanja Vidic (calf)
Rafael (shoulder)
Jonny Evans (ankle)
Owen Hargreaves (knees)

Баш да видам каква ќе ни биде одбраната против Барнли :smir:
Има надеж Еванс да се врати за Барнли ?

Ако не,место него би требало Браун да игра.Иако имаме проблеми во одбрана очекувам уште една победа без примен гол.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.390
Поени од реакции
21.943
Има надеж Еванс да се врати за Барнли ?

Ако не,место него би требало Браун да игра.Иако имаме проблеми во одбрана очекувам уште една победа без примен гол.

Не смееме од Виган да примиме гол..Верувам во нашите играчи..
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
После секојдневно следење последниот месец на фан клуб: Манчестер Јунајтед, кандисав и јас да си напраам еден јузер :D.

Честитки за победата, и јас како и повеќето очекував 2-3:0, ама не е тоа битно. Почеток на сезона, на здравје 3 бода, па понатаму очекувам подобра игра и реализација и секако константност - тоа што најмногу го сакам кај Јунајтед. Со враќање на повредените првотимци ќе се подигне нивото на игра, тие што не играа нека одмараат, па да го тепаме Арсенал у 4то коло и да заокружиме 12 бода. :wink:

Околу натпреварот, како прво ме изненади Фостер, сигурно и без трема, почна да ги исполнува очекувањата. Евра одигра одлично заедно со Руни (ама ми направи ќејф со голот), Флечер и Сколс исто така, од Валенсија очекувам добри партии, многу е брз и има добар центаршут. Добро е шо ни е таков распоредот на почетокот на сезоната, со тек на време ќе се комплетира тимот и ќе почнат големите серии победи како и секоја година :D. Сум читал на пример коментари дека Бербатов не го бивало или не знам шо. За мене Берба е најдобар техничар у тимот (можете да броите колку пати ќе загуби топка у цела сезона), сега многу повеќе трча, се враќа у средина да помогне, асистира најдобро, се гради, навлечува по 3ца дефанзивци по него итн. други добри карактеристики. Мислам дека одлично ќе соработуваат со Руни и ќе даваат повеќе голови. За Нани бев најголем скептик по разочарувачката сезона лани (според мене), а ми беше задоволство кога ги читав вашите коментари за него во при-сизн натпреварите. Очекувам со Валенсија да сечат по крилните позиции, па и по некој гол од 2-30 метри.

Како најнов член на форумот голем поздрав до сите фанови на Јунајтед, да ни се множат победите и да ја одбраниме титулата!
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Како најнов член на форумот голем поздрав до сите фанови на Јунајтед, да ни се множат победите и да ја одбраниме титулата!
Добредојде друже, очекувам уште добри постови како првиот :smir:
 
K

kaiser soze

Гостин
Честитки и од мене за првата победа на тимот оваа сезона.Се надевам деке сезонава ќе биде уште потрофејна од ланската.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
И заборавив за Овен што промаши :wink:...едно време кога Руни промашуваше така кога ќе излезе сам и ќе шутира у голманот, секогаш викав Овен е мајстор за тие, такви голови со лоб има дадено безброј, а ете ти го дојде у Манчестер, имаше точно таква шанса и што направи...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom