Обвинувам без врска? Треба да правам принт-скринови од сите ситења за Клоп? Не зборам за мрчења и критики после лоша утакмица, каде се издувува бесот, се коменитраат потези, се бараат виновници, него типично серење за Клоп, спуштање у минус со ниво на муабет за да се извадат некои “ви реков“ поенти.
Гледам тебе на кое ниво ти е одговоров, празен мрч зашо те додирна тоа шо го пишав, барање глупости у постови на други, пошо нели ти најпаметен. Тоа е поентата на местава за пишување на мислења, да се препуцаваме едни со други со мемиња и едни исти реплики на секое, 0 конструктивност и можност за прифаќање на туѓо мислење. Ги читам сите анализи, критики, текстови што се постираат и тука и на фб, сакам да знам зашо некој мисли дека он е во право, дека он знае повеќе од другите, ама копи пејст доскочици, кои не гледам да ги нарекуваш глупост, е срањето што ја сјебува можноста за нормална дискусија.
Ако планираш некад пак да ми реплицираш за нешо шо сум го кажал дека е глупост без никакво објаснување зашо мислиш дека е така, слободно скокни ме, пошо не ме интересира.
Обвинуваш без врска. Направи ако сакаш милион принт скринови ама тоа што јас ќе кажам дека Клоп е во бундессон и не е уште разбуден не е доскочица, тоа е реалност. Помина цела година, не сфати дека кога игра против екипа што ќе се бори за испаѓање не може да влезе лабаво и лабаво да ги добие со 3 разлика, доказ за тоа е тоа што Барнли не' тресна од земја. Ако кажам „не' тресна од земја“ а не „изгубивме“, не значи дека правам доскочици, туку дека сме изгубиле од екипа која е претендент за испаѓање од лига, што е еднакво на трескање од земја.
Не е доскочица ако пишам дека е тврдоглав и дека оди со глава во ѕид што статистички најдобриот играч за врска го јебе со тоа што го игра лев бек.
Не е доскочица тоа што ќе кажам дека е тешка глупост што (според мене а и многуина) најдобриот штопер сака да го даде на позајмица, за да тренира строгост а при тоа да се засили со Клаван на лева штоперска позиција.
Не е доскочица што го даде Ален, го купи Вајналдум (ист тип на играчи) а позицијата ДМФ ја остави незасилена.
Не е доскочица што капитенот ни го игра на позиција ДМФ, каде што му ги јебе можностите да покаже што знае. Јас Хендо го сакам, мене ми е ѕвер ама не е толкав ѕвер, да игра сфе и сфашта во средина, барем не сега. Не е доскочица ако кажам дека упорно и упорно прави грешка што го игра како задњи везни, наместо да си купеше друг играч, кој ќе може да го менува со Џан, зависно од формата на двајцата играчи.
Не е доскочица што не купува лев бек а истиот го става на клупа, при тоа објаснува како е задоволен од истиот играч.
Не е доскочица ако кажам дека го купивме Кариус и мислиме дека е Ноер, само затоа што на гол имаме талпа а не голман па не ставени ракавици на рака, му правиме притисок ко гол да треба да го искачи Монт Еверест.
Не е доскочица ако кажам дека Клоп и после една година, не покажува дека знае да постави игра против екипи кои се настроени кон дефанзива, кои повеќе се ориентираат кон одбрана на својот гол, него да го нападнат другиот.
Не е доскочица ако кажам дека и после година дена не покажува дека дефанзивната игра е подобрена.
Не е доскочица ако кажам дека уште не научивме да браниме корнери.
Не е доскочица брат, не е.[DOUBLEPOST=1472511617][/DOUBLEPOST]Не е воопшто доскочица ако кажам дека со засилувања како Грујиќ, Клаван, Кариус, Матип, Вајналдум можеме да сонуваме за ПЛ.
Мане го тргам на страна, засилување на место.[DOUBLEPOST=1472511861][/DOUBLEPOST]Не е доскочица ако кажам дека Клоп ви ги сруши очекувањата ко што родители му ги рушат очекувањата на средношколец и наместо да му дадат 50 евра за на екскурзија, за јадење а он ги планира за пиење, му даваат 7 сендвичи, да си ги има за три дена.[DOUBLEPOST=1472512212][/DOUBLEPOST]Не е доскочица ако кажам дека Матип, Клаван, Вајналдум, Кариус и Грујиќ ги доживувате ко Тиаго Силва, Хумелс, Верати, Ноер и Јаја Туре.[DOUBLEPOST=1472512305][/DOUBLEPOST]Не е доскочица ако кажам дека Бодо не само што ме лаже, туку и сам си верува кога ќе каже дека го прател Матип додека играл у Шалке.[DOUBLEPOST=1472514112][/DOUBLEPOST]
Не сакаме да бидеме “нафташки“ клуб, ама сакаме инстант успех. Не сакаме газдите да се расфрлаат со пари по играчи, ама нејќеме ефтини трансфери. Не сакаме газдите да ни се богати арапи, ама многу не радува тоа што американциве прават пари од спонзорства (а летово и од трансфери). Не направија селаут клуб, ама нашиот проблем е тоа што Клоп ни е тренер.
Во врска со небулозиве, не мора да биде инстант успех ама успехот е некако поверојатен ако купуваш квалитет а не Клаван, Грујиќ и Вајналдум тип на играчи. Нема да им го одземам правото да се докажат и нема да кажам дека се срање ама едно 90% сум убеден дека не се играчи што би можеле да ти донесат трофеј, не зборам за титула.
Не, сакам да бидам нафташки клуб, сакам да можеме да го купиме најдобриот играч на екипа што освоила титула претходната сезона.
За крај, кој и каде рекол дека е проблем тоа што Клоп ни е менаџер? Прашање на кое што би сакал да добијам одговор. Се надевам одговорот нема да биде „па така делува, со вашите доскочици“.