Заминувањата на Ајб, Шкртел и Кањос добри потези. Кањос има бај бек клаузула, Ајб не сум сигурен.
Шкртел после 8 сезони си оди, секогаш давал максимум иако квалитетот не му беше на некое завидно ниво, гинел и затоа ќе има респект од сите.
Балотели си оди, мислев дека во Кина ама со оглед на тоа што заврши трансфер пазарот таму, ќе видиме кој ќе се коцка па ќе го земе.
СтариЌ, Кутињо, Мане, Ингс, Ориги, Фирмино, Лалана, Бентеке, Маркович.
Бентеке и Маркович нигде не ги гледам сезонава, очекувам да си одат и они двајца, дека доволни се овие 7 погоре.
Грујич деби гол против Флетвуд, уште Мане да убаци некој за да му тргне.