Сеа се од почеток, нов менаџмент, нов тренер, нови играчи? ...вака ќе праиме реформи додека не постигнеме успех, така?
Ако фановите пак очекуваат инстант успех и пак клубот го има овој притисок, ова ќе биде сценарио и наредната сезона...прошлата сезона бевме на работ да пропаднеме ради банкрот, ги имавме најголемите дрва во тимот, бевме 5 бода одалечени од дното на табелата пред да превземе Кени и оваа година сакавме да освоиме се!
Можевме да бидеме како Лидс или Портсмут, наместо тоа добивме шанса да градиме шампиноски тим, кој не може да биде изграден преку ноќ!!!
Реков и претходно, имам некоја верба во новите газди (иако не знам зашто) и ќе ја почитувам секоја нивна одлука, но според мене ова беше непотребно.
Ајде да го видиме тој јунак што наредната сезона ќе ни ја донесе титулата. Огромна е мојата љубопитност околу тоа кој ќе биде нашиот нов “херој“.
Се надевам дека сево ова мрчење ќе ми се удри од глава и дека наредната година ова време ќе треба да ви кажам како сте било во право кога сте го оправдувале бркањето на Кени, но сега за сега нема нешто што може да ме убеди дека наредната сезона ќе ни биде многу подобра.