^^ Формацијата не беше ништо поразлична од предходните натпревари кога е во игра Керол......4-4-2!
За играта.... колку што беше нашата мотивација на високо ниво, мора да се признае дека мотивацијата на Челзи беше во спротивна страна.
Не сакам да испаднам сега хејтер, сепак одиграа квалитетно во поголемиот дел од натпреварот.
Сакам да го свртам вниманието на немањето сенс на Кени кога да се направи измена, кога некој играч е во фаза каде мора да го напушти теренот.
Играта на Макси (без разлика дека ја играл последната утакмица) требаше да биде доволен фактор да се внесе во игра Стерлинг бар во 65 минута.
Зошто погаволите ги внесе во 83 мин.
Сеуште неможам да го разберам Кени која е политиката со Младинците во клубот. Дали им се набива самодоверба, или им се набива искуство во нозете.
Играта на Хендерсон (без разлика за постигнатиот гол) ветува многу. Но кога ке седнеме и ке размислиме дека Кени упорно го играше на позиција десно крило во 90 % од натпреварите ми доага да заплачам.
Зарем сме во мањак крилни играчи па мора тој да е на крило..... или Хендерсон одиграл квалитетно на крилна позиција на некоја утакмица.
Сеуште сум со прашалници во главата.
Се надевам дека на натпреварот со Свонси, Стерлинг и најмалку уште еден играч од младинскиот погон (Робинсон, Коуди, Нгоо).
За жал реалноста на Кени вели друго.....односно играчи од клупа.
Уште еднаш, мотивацијата навистина на високо ниво. Резултатот неизбежен.
YNWA!!!