Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
965
Поени од реакции
830
Добредојдовте во Фан Клуб Ливерпул


Историја на Liverpool FC

Liverpool FC е формиран Март 1892 од страна на John Houlding, кој тогаш го поседувал Anfield Road. Дотогаш Everton FC биле клубот чиј што дом бил Anfield, но по бројни несогласувања со Houlding тие биле приморани да се преселат во Stanley Park каде што до денес се наоѓа нивниот дом – Goodison Park.

Houlding останал со празен стадион па решил да формира свој клуб наречен Liverpool FC. Тој го назначил John McKenna за менаџер, Ирец кој што многу добро го познавал Шкотскиот фудбал и така го формирал првиот тим составен од 13 играчи од кои 9 биле Шкотланѓани.


Во нивната прва сезона Liverpool FC ја освоиле и првата титула во втората дивизија – без нитуеден пораз! Првата од 18 титули во Првата Дивизија е доведена на Anfield во сезоната 1900-01, но сега под водство на Tom Watson, и тимот завршил само 2 поена над Sunderland. Пет години пред тоа Liverpool FC ја забележале највисоката победа во историјата над Rotherham United и тоа со 10 - 1 (Feb 18th 1896).

Црвените ја освоиле втората титула во 1906, а прв пат стигнале до FA Cup финалето во 1914. Мечот се играл на стариот стадион на Crystal Palace каде што Liverpool загубил со 1-0 од Burnely, а стрелец на голот бил екс-играчот на Everton, Burt Freeman.

Во 1922 била осигурана и 3-тата титула проследена со 4-тата во следната година – со 6 поени предност. Летото 1928 бил поставен нов покрив над нај-познатата трибина на Anfield - KOP.

Во 1947 била освоена уште една титула, губејќи само еден натпревар цела сезона. Во потрага по “double” Црвените стигнале до полуфиналето на FA Cup-от, но загубиле повторно од Burnley.

Клубот испаднал во Втората Дивизија во 1953-54 сезоната. Во 1955 Liverpool успеал да ги победи Everton 4-0 во FA Cup пресметката, но Jon Welsh не успеал да го извади клубот од Втората Дивизија и затоа бил сменет со Phil Taylor следната година.

Taylor истотака немал премногу успех и затоа бил сментер со Bill Shankly во 1959.

Bill Shankly

Во тој период Liverpool сеуште биле во Втората Дивизија со стадион во распаѓање, слаби услови за тренинг, и многу неталентирани играчи. Shankly отпуштил дури 24 од играчите, и го претворил магацинот на Anfield во соба за тактички дискусии, каде Shankly, заедно со неговите помошници Joe Fagan, Reuben Bennett и Bob Paisley почнале да го оформуваат тимот. Полигонот во Melwood бил во ужасна состојба, обрастен и со само една славина за вода. Shankly го искористил тоа како предност, така што наредил играчите да го исчистат и средат со што нивото на тимскиот дух се повеќе растело преку тимска работа. Во Melwood, Shankly вовел диети за играчите, фитнес тренинзи, како и многу други видови на тренинзи.


Со доведување на неколку нови играчи како Ron Yeats, Ian St. John и Gordon Milne, тимот брзо се вратил во Првата Дивизија во 1961-1962. Liverpool завршиле 8-ми во нивната прва сезона повторно во Првата Дивизија. Со доведувањето на Peter Thompson во 1963 дополнително се зајакнал тимот, и во 1963-1964 Liverpool ја освојува 6-тата титула во Првата Дивизија, пред Manchester United.

Во 1964-65, Liverpool за прв пат во својата историја го освојува FA Cup-от со победа од 2-1 над Leeds United на Wembley. Црвените завршиле 7-ми таа сезона, и достигнале до полуфиналето во Европскиот Куп (сегашна Лига на Шампиони), каде што загубиле со 4-3 вкупен резултат од Inter Milan водени од Helenio Herrera.

Во 1965-66, Liverpool освојува уште една титула во Првата Дивизија, и стигнува за првпат до финалето на Европскиот Куп (ЛШ), каде што доживува пораз од 2-1 во продолжениата од Borussia Dortmund, а потоа го добива Charity Shield за следната сезона против Everton FC. Но, перформансите на Liverpool во 1966-67 во Првата Дивизија како и во Европскиот Куп (ЛШ) биле слаби, и во втората фаза (односно последните 16) од Европскиот Куп се паѓа против Ajax инспириран од тогаш 19 годишниот Johan Cruyff (7-3 вкупен резултат; 5-1 пораз на Amsterdam). Тоа бил натпревар кој го убедил Shankly дека трпеливо и со повеќе посед на топката е начинот на игра кој му е потребен на Liverpool ако сака да добие константен успех во Европа. Liverpool значително ги подобрува перформансите во следните неколку години завршувајќи 5-ти, 3-ти, 2-ри, додека Leeds United и Manchester United доминирале.

Раните 70-ти биле период на транзиција за Liverpool со што се раѓа и вториот голем тим на Shankly. Играчи како Roger Hunt, Ian St.John, Ron Yeats и голманот Tommy Lawrence биле продадени или ослободени, и нови свежи играчи како Kevin Keegan, Emlyn Hughes, Steve Heighway, John Toshack и Ray Clemence биле доведени.

Liverpool завршиле 5-ти во 1969-70 додека Everton ја освоиле титулата, и повторно завршиле 5-ти во 1970-71, и загубиле во FA Cup финалето од Arsenal. Следната година повторно ја испуштиле титулата и завршиле 3-ти но со 1 поен разлика од тогашниот шампион Derby County.

Во 1972-73 Liverpool конечно доаѓаат до уште една титула иако имале голема конкуренција од Arsenal и Leeds. Liverpool конечно го освојуваат и првиот Европски трофеј односно UEFA Cup-от, со победа над Borussia Moenchengladbach со 3-2. Следната сезона Liverpool губи во трката за титулата од Leeds, но го освојува FA Cup-от, со победа над Newcastle United со 3-0 на Wembley, натпревар кој воедно е и последниот под водство на Shankly. На 12 Јули 1974 Bill Shankly денес познат како татко на Liverpool FC, по долгогодишно водење на Liverpool решил да се пензионира и да го помине остатокот од својот живот со својата фамилија.


Bob Paisley
По пензионирањето на Bill Shankly, директорите во Liverpool FC го поставиле Bob Paisley за нов менаџер. Paisley го водел тимот 9 сезони.​

Во првата сезона за новиот менаџер Liverpool FC ја завршиле сезоната 2-ри, но веќе уште следната сезона се подобриле и ја освоиле титулата. Тоа бил стартот на доминацијата на Liverpool FC во Англија и надвор од неа така што во 9-те сезони под водство на Paisley, Liverpool ја освојуваат титулата во Првата Дивизија дури 6 пати, завршиле 2-ри само 2 пати, го освоиле League Cup-от 3 пати, 1 UEFA Cup, 1 European Super Cup, 5 Charity Shield, и најзначајно го освоиле Европскиот Куп (или сегашно Лига на Шампиони) дури 3 пати. Paisley сеуште е единствениот човек кој како тренер го има освоено 3 пати Европскиот Куп (1977, 1978 & 1981). На неговата менаџерска кариера можат да се додадат и 6-те Manager of the Year награди. Само FA Cup-от му недостасувал на Paisley, иако Liverpool стигнале до финалето во 1977 и загубиле во полуфиналињата во 1979 и 1980. Но рекордот на Paisley од 3 Европски Купови (ЛШ) е сеуште рекорд и во 2011-та.​

Paisley се пензионирал после сезоната 1982-83 поминувајќи 44 години во клубот без прекин (како играч, физиотерапевт, помошник, и менаџер) а на негово место доаѓа Joe Fagan. Но тука сепак не било крај на врската помеѓу Paisley и Liverpool FC, затоа што подоцна тој бил и советник на Kenny Dalglish 2 години, додека Kenny бил назначен за играч-менаџер во Јуни 1985.​


Joe Fagan и Heysel
По пензионирањето на Paisley после сезоната 1982-83, на негово место бил поставен уште еден од помошниците на Shankly, Joe Fagan. Во времето на Fagan тимот ќе ја освои титулата во Првата Дивизија, League Cup-от и Европскиот Куп (ЛШ) во првата сезона – каков старт на менаџерската кариера!​

Следната сезона Liverpool со Fagan завршуваат како втори а градскиот ривал Everton FC ја освојува титулата во Првата Дивизија, додека во Европскиот Куп Liverpool и Fagan се среќаваат во финалето со Juventus на Heysel стадионот, каде што во текот на натпреварот на стадионот се случува катастрофа, 39 фанови на Juventus загинуваат а 600 други се повредени. Иако се случила катастрофата натпреварот морал да продолжи, а Liverpool го загубил натпреварот со 1-0 по голот од пенал на Platini. Fagan го најавил своето пензионирање неколку часа пред овој натпревар па така после овој натпревар, на местото на Fagan бил поставен Kenny Dalglish како играч-менаџер.​


Kenny Dalglish и Hillsborough
По катастрофата на Heysel стадионот во 1985 и пензионирањето на Joe Fagan, Dalglish бил поставен за играч-менаџер и во првата сезона како таков го предводел тимот до својот прв "double" во 1985–86 освјувајќи ја титулата во Првата Дивизија со 2 поени разлика над Everton (самиот Dalglish бил стрелецот на единствениот гол во победата од 1–0 над Chelsea на Stamford Bridge за да ја осигура титулата во последното колоto) и FA Cup-от, истотака со победа над Everton 3–1 во финалето.​

Следната сезона Liverpool FC ја завршиле сезоната без титула иако цела сезона се наоѓале на самиот врв, истотака настапите на Dalglish биле се по-ретки со купувањенто на Peter Beardsley од Newcastle. Покрај Beardsley, Dalglish ги довел во своите редови и John Aldridge од Oxford United кој бил донесен како замена за Ian Rush, крилото John Barnes од Watford и играчот од средниот ред на Oxford United - Ray Houghton. Тој тим на Liverpool имал серија од 37 натпревари без пораз во сите натпреварувања (од кои 29 биле во лигата, 22 победи и 7 нерешени). Liverpool биле прогласени за шампиони со 4 натпревари до крајот, и имале само 2 порази од 40 натпревари.​

Dalglish го водел Liverpool до уште една победа против Everton во второто all-Merseyside F.A. Cup финале во 1989, но Liverpool ја загубиле титулата во Првата Дивизија во последните минути од последниот натпревар таа сезона.​

Во сезоната 1989–90 Liverpool ја освојува 3-тата титула во лигата во првите 5 сезони под водство на Dalglish, со 9 поени разлика над A.Villa. Таа сезона била и последната за 38-годишниот Dalglish како играч, и последниот натпревар го одиграл против Derby County на 1 Мај 1990 на Anfield како замена во 71-та минута на местото на Jan Mølby. Dalglish истата сезона ја добил и наградата Manager of the Year.​

За време на катастрофата што се случила на Hillsbrough стадионот на 15 Април 1989 каде што се играло полу-финалето во FA Cup-от помеѓу Liverpool и Nottingham Forest, Dalglish бил сеуште на чело на Liverpool. Тој ден 94-ца го загубиле својот живот, а до крајот на денот уште 2-ца им подлегнале на раните здобини во трагедијата за на крај вкупниот број на жртви да стане 96. Dalglish за време на трагедијата се здобил со уште многу подржувачи ширум светот, со тоа што присуствувал на погребот на сите загинати во тој настан како и целиот тим на Liverpool. Dalglish си дал оставка од менаџерското место во Liverpool FC на 22 Февруари 1991, само 2 дена после реми-то со градскиот ривал Everton FC (4-4).​


Над 20 години без титула во лигата
По заминувањенто на Dalglish, Graeme Souness поранешен играч и легенда на клубот го заземал менаџерското место. Во неговата прва сезона Црвените успеале да го освојат FA Cup-от, победувајќи ги Sunderland со 2-0. Но потоа Souness немал многу успех со Liverpool и по неколку неуспешни сезони му го отстапил местото на Roy Evans во 1994.​

Evans започнал слично како и неговиот претходник Souness освојувајќи го League Cup-от во 1995. Но Црвените одново разочарале во Европа отпаѓајќи во раните фази и продолжувајќи ја неконстантноста во (сега веќе) Premier лигата.​

Во летото 1998 Gerard Houllier бил назначен како помошник на Roy Evans. Но ова партнерстово уште од почетокот било осудено на пропаст така што после 4 месеци Roy Evans го напушта клубот.​


По напуштањето на Evans, Houllier го добил менаџерското место каде што го чекала голема работа, да ја врати самодовербата и дисциплината на играчите. Тимот што го наследил бил составен од играчи како Paul Ince и Robbie Fowler кои не биле дел од плановите на Houllier и подоцна биле продадени. Играчи како Gary McAllister, Milan Baros, Sami Hyypia, Stephane Henchoz, John Arne Riise, Emile Heskey биле доведени од страна на Houllier.​

Веднаш потоа работите почнале да одат на подобро така што после две сезони (2001) тимот на Houllier ќе освои 3 титули – во една сезона. League Cup-от и победата во финалето над Birmingham беше првата титула што клубот ја освоил во последните 6 години а веднаш потоа тимот ќе го освои и FA Cup-от и UEFA Cup-от. Финалето од UEFA Cup-от долго ќе се памети каде тимот на Houllier ќе го победи шпанскиот Alaves со 5-4 во продолженијата.​

Подоцна недостатокот на успех во Premier лигата а и во Европа ќе допринесе повеќето фанови да бараат оставка од Houllier, нешто што не беше случај неколку сезони порано кога беа освоени 3-те титули. Скапите “засилувања” како El-Hadji Diouf, Emile Heskey и неколку други беа етикетирани како промашувања, а подоцна и самиот Houllier ќе признае пред јавноста дека Diouf бил една огромна грешка.​

Летото 2004 на местото на Houllier, Liverpool го ангажираат Rafael Benitez од Valencia, млад и надежен тренер кој со Valencia направил голем успех во шпанската лига освојувајќи ја титулата во лигата 2 пати во 3 години. “Rafa” како што сите го знаат денес ќе се најде пред тешка задача да го консолидира тимот кој ќе го наследи од неговиот претходник, составен од многу просечни играчи. Доведувањето на играчи како Luis Garcia и Xabi Alonso ќе го подобрат имиџот на тимот, но сето тоа ќе биде засенето со заминувањето на Michael Owen во Real Madrid. Во првата сезона Rafa Benitez ќе успее да ја освои 5-тата титула во (сега веќе) Лига на Шампиони, победувајќи го далеку помоќниот AC Milan на пенали во едно од најдобрите финалиња во ова натпреварување, така што губејќи 3-0 по првото полувреме Liverpool ќе се врати со 3 гола за само 6 минути во второто полувреме инспирирани од еден човек – Steven Gerrard!


Следната сезона Benitez и Liverpool ќе стигнат до финалето на FA Cup-от каде што на сличен начин како и финалето во Лига на Шампионите, Liverpool ќе ја освојата титулата на пенали откако регуларниот дел ќе заврши со 3 – 3.​


На почетокот на сезоната 2006-2007, Liverpool ќе стигнат до уште една титула – Community Shield со победа над Chelsea од 2 – 1. Тоа ќе ги подигне надежите на фановите, но за кратко. Лошата форма на гостинските натпревари ќе го остават Liverpool надвор од трката за титулата во лигата. Но, во Лига на Шампионите, Liverpool повторно доминираше и победувајќи го Chelsea во полу-финалето, повторно се сретнаа со AC Milan во финалето само што овојпат избраниците на Rafa не успеаа да го совладаат AC Milan и загубија со 1 – 2.​

Сезоната 2008-2009 е сезоната кога Liverpool беше најблиску до прекинувањето на 20 годишниот пост без титула во Premier лигата. Црвените ја завршија сезоната со рекордни 86 поени (најмногу освоени поени во историјата) но сепак на второ место со 4 поени разлика од шампионот Manchester United.​
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
965
Поени од реакции
830
Следната сезона веќе се беше поразлично. Недоволната финансиска подршка од тогашните сопственици на клубот H&G ќе ја нарушат стабилноста на клубот, така што не се доведуваа нови засилувања а и тие што беа донесени беа по цена на заминување на клучни играчи од тимот каков што е примерот со Xabi Alonso. Сезоната за Liverpool беше прилично лоша, рано отпаѓање од ЛШ и 7-мо место во Premier лигата. Rafa успеа да го доведе тимот до полу-финалето во Liga Europa но тоа не беше доволно за да го задржи менаџерското место и на 3-ти Јуни 2010 Rafa доби отказ а на негово место беше доведен менаџерот на Fulham, Roy Hodgson, кој ја доби наградата за најдобар менаџер во Premier лигата за сезоната 2009-2010.
Добрите резултати на стартот во Europa Liga против ФК Работнички им дадоа малце надеж на фановите на Црвените но сето тоа брзо го смени суровата реалност на Premier лигата. Лошите резултати за Roy почнаа да се редат така што стартот на сезоната 2010-2011 за Liverpool е еден од најлошите во последните 40 години. Во еден момент тимот се наоѓаше дури и во зоната за испаѓање. Поразот од Blackburn со 3-1 на 5 Јануари 2011 беше последниот натпревар за RoyHodgson кој официјално стана единствениот менаџер што добил отказ додека трае една сезона во Liverpool FC а воедно и со најкраток период на кормилото на Liverpool FC со само 31 натпревар.
Новите сопственици на Liverpool односно Fenway Sports Group неможеа да најдат подобра замена од Kenny Dalglish, иако беше земен само до крајот на сезоната како care-taker менаџер. Но добрите резултати што ги донесе Kenny неможеа туку-така да поминат па така на 12 Мај 2011 Kenny Dalglish потпиша 3 годишен договор со клубот.
Дресовите на Liverpool F.C. низ историјата

Клубски достигнувања

Домашни
Лига
Football League First Division (English football champions): 18
1900–01, 1905–06, 1921–22, 1922–23,1946–47,1963–64,1965–66,1972–73,1975–76,1976–77,1978–79,1979–80,1981–82,1982–83,1983–84,1985–86,1987–88,1989–90
Second Division:4
1893–94,1895–96,1904–05,1961–62
Lancashire League: 1
1892–93

Купови
FA Cup: 7
1965,1974,1986,1989,1992,2001,2006
League Cup: 7
1981,1982,1983,1984,1995,2001,2003
FA Charity Shield/FA Community Shield: 15
1964,1965, 1966,1974,1976,1977, 1979,1980,1982,1986,1988,1989,1990,2001,2006
Super Cup: 1986

Европски
European Cup/UEFA Champions League: 5
1977,1978,1981,1984,2005
UEFA Cup: 3
1973,1976,2001
UEFA Super Cup: 3
1977,2001,2005
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
965
Поени од реакции
830
Anfield
Anfield стадионот е дом на Liverpool F.C. уште од формирањето на клубот во далечната 1892 и неговиот капацитет е 45,276. Со текот на времето стадионот има претрпено многу обновување, што резултира со сегашната конфигурација од четири главни трибини: Spion Kop, Main Stand, Centenary Stand, и Anfield Road. Рекордот на посетеност од 61,905, е поставен во 1952 на натпреварот помеѓу Liverpool и Wolverhampton Wanderers. Но овој рекорд е поставен пред да се отстранат стоечките трибини на стадионот во 1994 кога значително се намалил капацитетот на стадионот. Поважни карактеристики на стадионот се двете порти кои се именувани по поранешните менаџери на Liverpool FC: Bill Shankly и Bob Paisley. Надвор од стадионот исто така се наоѓа и статуа на Shankly.

Плановите за иселување на Liverpool F.C. во нов 60,000-капацитетен стадион сместен во Stanley Park се појавија за првпат во 2002, со отварање на новиот стадион во Август 2005. Но следеа проблеми со финансирање на таквиот проект, за подоцна во 2008 повторно да се разгледат плановите за новиот стадион и повторно се наидува на истиот проблем – финансирањето. Новите сопственици Fenway Sports Group во 2011 изјавија дека разгледуваат две можности од кои едната е нов стадион а другата е повторно обновување на Anfield и дека ја преферираат втората опција изјавувајќи дека атмосферата на Anfield а посебно на KOP трибината е незаменлива.

Фанови
Фановите на Liverpool F.C. се едни од најдобрите подржувачи на својот клуб, со голема посетеност на домашните но и гостинските натпревари и голема фан-база ширум светот од околку 200 официјални претставништва во повеќе од 30 држави. Фановите на Liverpool најчесто се нарекуваат Kopites, како референца за фановите кои, некогаш стоеле, а сега седат на KOP трибината.

Песната “You’ll Never Walk Alone”, која првично потекнува од мјузиклот Carousel а подоцна земена од локалниот бенд Garry & The Peacemakers, е химната на клубот и се пее уште од раните 1960-ти. Од тогаш добива голема популарност и се пее и кај други клубови ширум светот. Насловот на химната е испишан на портата на Shankly како и на клубското лого.

 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
честито новата тема и многу среќа во новата сезона ;) ливерпул има доста солидни играчи и мислам дека конечно ќе се врати таму каде што му е местото односно на врвот
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
965
Поени од реакции
830
Голема благодарност до нашиот драгоцен шеф Rosemberg, за воспоставувањето на ред и мир во темава додека јас ја составував... :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ај комшии честито тема, редно беше и вие да имате супер вовед :)
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Ајде честито тема...и оваа година одиме на титули !!!!
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Честито нова тема комшии,па да си прославите многу титули ;)
Иначе браво за Ливерпул,супер вовед.
 

Kopites

You'll Never Walk Alone
Член од
25 август 2008
Мислења
760
Поени од реакции
10
После толку време се ставам на форумов и гледам нова тема. Браво браво ајде со среќа нека е па да се исполни темава со добри вести и титули. :)
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Браво за темава..... очекував дека ке биде добар..... испадна уште подобра!

Нека е со среќа и одсега па натаму да се пишува само радосни вести!

YNWA
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
нека ни е честито новата тема, супер вовед за најголемиот клуб во светот и во оваа тема да прославиме барем титули во премиер лигата. наредните ке ги славиме во нова тема :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom