абе пријателе извини вака малце оф топик да те прашам за барса си или за ливерпул ?
ха-ха
Не ми даде опција да бидам и за двата? Морам да изберам еден само?
Двата клуба ги сакам подеднакво. Како две деца кога имаш, не можеш да кажеш кое повеќе го сакаш. Разликата е што Ливерпул оваа година ми зема здравје уште на пола сезона, па си реков ајде ќе ги поштедам нервите до крај на сезона. Добро е што си ја препишав таа превентивна мерка уште толку рано, а и не беше тешко да се предвиди со оглед на тоа какви таленти Кени донесе во екипа.
Аха, уште нешто од последнава утакмица. Толку тивок Енфилд не сум слушнал со години т.е. би рекол никогаш. Поголемиот дел од утакмицата беше штама и се слушаа само довикувања од голманите и клупата.
Сигурен сум дека оваа селекција на играчи нема да трае догло.
Во сабота ќе биде комлицирано за сите што ќе патуваат за Лондон од Ливерпул. Ќе има редуциран број на возови. Посебно за враќање. Знам дека е финале и дека фановите не размислуваат многу околу тоа, иако многу се пишуваше во весници и многу жалби и негативни критики имаше кон ФА за терминот на финалето и кон железници кои патем уредно си најавиле неколку месеци унапред дека тој викенд ќе има драстично намалување на бројот на возови, поради поправки.
Се надевам со пехарот сите тие проблеми околу патувањето ќе се заборават
Можни се и немири, бидејќи сите тие кои ќе допатуваат многу порано, ќе имаат време за по неколку екстра пива
а и 90% од нив ќе треба да преноќат во Лондон. Со оглед на свирежите упатени од страна на навивачите на Челзи и негативните и гнасни пораки упатени, за време кога се оддаваше минута молчење во полуфиналето против Тотенхам (минута молчење за 96те загинати)... така да, иако има мали најави, сосема мали, не се исклучени шансите за немири.