Ноќеска од Мкд Редс прочитав првоарпилска шега дека газдите и Кени се договориле после сезонава Кени да го напушти клубот а Бенитез бил договорен како замена. Може да испадне вистина ова.
Инаку, мислам дека ако Кени сам не си даде оставка, нема ни да го сменат. Уште во Јануари требаше да има промени, кога можеа да се донесат вистински засилувања, ама или премногу беа уверени во квалитетот на играчите што ги донесоа летоска или уште тогаш си ја прогласиле за пропала годинава, со план летоска да ги пополнуваат дупките.
Нема што повеќе да се коментира, резил од епски пропорции. Нека се замислат сите во клубот, од играчи до управа, зашто очигледно не го направиле тоа до сега. А треба и фановите што живеат во Ливерпул да превземат некоја иницијатива, да се соберат и да им дадат до знаење на сите во клубот дека не можат да си играат курташак. Ако некој не знае и не може да победува, не заслужува да биде дел од Ливерпул.
--- надополнето: 1 април 2012 во 17:04 ---
А Керол ако толку не сакаше да им дае гол на овие, можеше да побара да не игра утакмицава, а не да паѓа на чиста шанса за гол.