Луѓе Кени нема шанси да си оди. Размислете еве теоретски, ако на крај на сезона ги имаме освоено двата купа и завршиме 5то или 6то, дали тоа би го сметале за неуспешна сезона? И не зборам гледајќи од аспект на тоа колку голем клуб бил Ливерпул, зборам гледајќи од аспект дека ова ни е прва фул сезона по која го започнавме патот на реставрирање со нов менаџер и нови газди. Дури и загарантирано сме во Европа следната сезона. Јас мислам дека доколку вака стварно се одвиваат работите, помислата да си отпушти Кени нема ни да помине кај управата. На крај кога ќе собереме све како се одвиваше сезоната, ќе резимираме дека сме освоиле нешто, сме се вратиле во Европа и имаме некоја игра во клубот. Дури и еве да не го освоиме тој ФА куп, ипак не верувам дека би си одел Кени. Смена на менаџери е работа која може да тргне многу непредвидливо. Нов стил на игра и нови тактики може да го нарушат тимот кој веќе целава сезона се вклопува заедно, па сметам дека уште една сезона да фрлиме на ново прилагодување не е опција. Кое место и да сме и колку тежок да ни изгледа овој период, не можеме да го негираме фактот дека откако дојде Кени имавме и сјајни моменти и дека тој направи своја основа на тимот. А ако таа основа се прекрши тоа ќе биде катастрофално. Затоа поддржете го Кени - Го сакавме на местото менаџер и го добивме, а сега останува да го поддржиме