Мене не ми е јасно како можи некој да го оправдува потегов на Суарез !
Бакал, Ивановиќ, дополни ја низата
Стварно срамота е ова, како за него така и за Ливерпул. После сите глупости што ги правеше, и Кени па после и Роџерс застанаа 200% зад него иако не заслужуваше, и пак умот не му дојде.
Џонсон носеше маичка за против расизмот, а тој го навреди Евра, го касна Ивановиќ, им покажа среден прст на навивачите на Фулам, и пак сите беа зад него, за да минатото лето плачи за трансфер небаре игра во најлошиот клуб во светот, и сега ова.....од лошо во полошо оди. Настрана неверојатниот фудбалски талент кој го има, годинава дефинитивно е најдобриот напаѓач на светот (засега), ама ова што го прави не е фудбалско, не е спортско.....не дека сакам да си оди од Ливерпул, ама оваа постапка е неприфатлива и треба да се однесува малку професионално, а не сељачки !!
Ќе се радувам на неговите голови (ако не му текни пак да бара трансфер и да си замини), ама како играч нема да го почитувам
никогаш. Како само малку не покажува почит кон Роџерс, Џерард кој и покрај се беа секогаш со безрезервна поддршка за него.