DeviAngel
Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 19.709
- Поени од реакции
- 17.601
Карпи е клуб кој потекнува од малечкото градче кое се наоѓа во провинцијата Модена. Има големина од 67.000 жители. Првично клубот е формиран во 1909 од локалниот студент Адолфо Фанкони. Карпи три сезони играл во првата Италијанска лига која покасно се ребрендира во Серија А. Од 1930 година најчесто играле во Серија Ц и Серија Д. Карпи својот најдобар пласман го постигнале во 1997 година кога со тогашниот тренер Луиџи Ди Канио завршиле трети и играле плеј оф за место во Серија А кој го изгубиле од Монца. Клубот е 'откажан' и е испратен во Серија Д по прогласувањето на банкрот во 2000 година.
Од 2000 па наваму формиран е нов клуб наречен Calcio Carpi. По промоцијата во Серија Д, Карпи се спојува со вториот клуб од истиот град (Dornado Pietri Carpi) кои исто така само што избориле пласман за во Серија Д.
Во сезоната 2009-2010 поради финансиките потешкотии на другите клубови, Карпи добива шанса да игра во Lega Pro Seconda Divisione. Во сезоната 2010-2011 Карпи е унапреден во повисоката лига Lega Pro Prima Divisione.
Денес ова симаптично клубче е прво на табелата во Серија Б со солидна предност пред Болоња (која моментално е втора) со +8 поени и е на сигурен пат да се квалификуваа како прв за Серија А.
Интересен факт е тоа што нивниот стадион има капцитет од 4,000 гледачи а градот е поголем од најмалиот град кој има клуб моментално во Серија А - Емполи.
Карпи важи за град без некоја богата фудбалска традиција.
Ова е клубот за кој Лотито неодамна изјави дека е срам и дека не сака овој клуб да заигра во прва лига. Од сите клубови моментално во Серија Б Карпи игра дефинитивно најатрактивен и одличен фудбал за око.
Последно уредено: