Секоја година сме за никаде ова време после септемвриската пауза. Лани тоа не чинеше испаѓање од групи, се уште не бевме средени, имаше повредени, ковидосани, уморни... Оваа година пак, немаме резерви во нападот, Видал се повреди, Сенси цркна... Инзаги се уште ја нема најдено поставата, Играме со еден пар бекови 60 минути па ги менуваме со други, не се знае кој е кој.
Сакам да речам, да не се залетуваме многу, критично е во ЛШ. Вакви какви што сме во моментов, со грешки во одбрана, со неуверлив голман, со се уште недефинирана филозофија, ранливи сме премногу. Изгубивме глупаво со Реал и ако се случи да не добиеме вечер, притисокот ќе биде огромен.
Инаку се надевам дека ќе им пукнеме петарда ама којзнае што ќе биде. Не знам дали видовте како се пласираа против Монако, тотално незаслужено, десет гола можеа да примат. Монако успеа некако да ги врати во игра. После тоа пукнаа од Шериф. По се изгледа не е ова јак Шахтјор дури ни за нивното вообичаено ниво. Ама не сме ни ние каде што треба да сме сезонава.