И лани беше на почеток многу лоша одбраната. Рано е многу во сезоната, да почекаме да видиме како ќе изгледа одбраната накај 20то коло.
Плус, одбраната и цел тим игра многу поразлично од со Конте, многу повеќе промени на позиции и пресинг на играчи без топка. Треба време да се адаптираат играчите на друг стил на игра.
Иако, очекувам дека во секој случај, Интер ќе има многу повеќе примени голови на крај на сезона, во споредба со лани. Чисто ради начинот на кој игра лани Инзаги.
Конте од Сасуоло натаму ја среди одбраната, само ради тоа што ја препушташе топката на секој подобар противник и играше конзервативно, на своја половина и на полуконтри. Тоа беше можно, зошто Конте ги имаше Лукаку и Хакими, па тие транзиции беа многу опасни.
Инзаги ја нема таа опција, ако сака да има ефективен, структуриран напад, мора да игра со многу играчи во напад.
А за мене оваа стратегија е многу подобра. Ретко кој е толку опасен како Аталанта. Реално нема никој друг тим во Италија, кој има толку добро разработен систем, а денес сосема добро се носеа со нив. Барем во второ полувреме.
Ова е точно, ама не заборавај дека имаше многу малку време од крајот на претходната сезона и почетокот на новата, и дека на почетокот ги удри Корона и во одбрана играа Дамбросио и Коларов, исто и Ранокија.
Одбраната се среди некаде после 6то, 7мо коло, од тој момент мислам до некаде 28мо коло, така нешто беше не е ни битно, имаа ист број на примени голови колку што имаа во први 6 кола.
Али сеа на цело лето и у глобала здрава стартна тројка назад, некако сме многу лоши, башка што лани апла се уиграа овие тројца. Колку и да звучи лудо денес најбоља одбрана изигра .... Перишич, исто и Броз у прво кога залепи една банана и најверојатно спречи чист гол на Песина.
Иначе за транзиција и сеа има играчи, не е дека нема, не мора да се летаме многу со поседи и такви срања, тоа никогаш не било типично за Интер како екипа а и еве Алегри исто кој на темава беше гледан ко главен кандидат пост Конте, негува сличен фудбал, условно речено чекачки.
Фиорентина беше класичен пример дека без посед може многу боље да се изигра, тоа уствари ни донесе на крајот победа, у прво бевме ужасот ко и денес цел меч у одбрана.
Еве денес глеам против Аталанта, кои у глобала исто ја сакаат топката у свои нозе, сме имале за нијанса поголем посед ... и ? Лоши бевме, одбраната трпеше, ако ова на Инзаги не му е показател дека едноставно он треба да се адаптира на нас, а не обратно, ондак ќе иаме проблеми. И пак ке кажам, ова нема да значи дека ќе се игра ист фудбал ко со Конте, формата на напад на Инзаги е поинаква и истата ми се допаѓа, нит па ние ко фанови никад у глобала не сме се ложеле на поседи и такви глупи статистики, никој нема да му замери ако намали со идењето на ура. Ваквиот фудбал и доста ги уморува играчите, и кога бранат, бранат без душа, нема агресивност и оставаат многу простор, нарочито тие од средина што се враќаат.
И ваквите дупки у одбрана нема само Аталанта да ти ги користи друже, има и други незгодни екипи каде ќе губиме бодови ако назад сме бедни ко што бевме денес, башка, не е дека Аталанта ги создадоа сите шанси а и дадоа голови при неформирана одбрана, ова е всушност проблемот, даваа голови и креираа шанси кога одбраната беше дефинирана а и да додадам, прекините мноогу лошо ги браневме.