Лош меч ако си навивач на Интер, за неутралци еден од можда најдобрите у задње време во калчото.
Без стабилна одбрана нема шанса да освоиме, не дека ја откривам Америка со ова, секогаш кога сме освојувале титули тој дел од играта ни бил најконсолдиран. Така да кога ми го терате муабетот дека со Инзаги играме убав фудбал или поубав од тој на Конте, изгледа за вас дефиниција за истово е како напаѓаме а не и како се браниме, ова целосно го занемарувате а можда е и најбитен дел од играта, и во овој сегмент Конте е тренерскиот Алберт Ајнштајн за Инзаги.
Денес Аталанта креираа број на шанси поголем од сите оние што ги креираа против нас у претходните 4 дуели, исто и дадоа толкав број на голови, колку што успеаа да дадат у 4 меча со нас.
Имаа среќа Аталанта на крај, имавме и ние на крај, ама на 1-2 и тоа на старт у второ после излез од соблекувални имаа 2 зицера они, погодија статива по што топката дојде до Запата на 2 метри пред гол, никој не го чуваше ама не се снајде добро, претходно оној Хатебоер со глава сантим до статива, при двете шанси Ханда стоеше у место и само гледаше, веќе беше совладан.
Измените кај нас го сменија текот на натпреварот, тогаш почнавме да играме асално све до вториот гол, после тоа паднавме па добивме пенал кој го промашивме за жал. И ова е вториот беден момент, Ди Марко да шутира, да, шутираше редовно во Верона али уредуе, на ваква сцена и ваков тим, а и вакви играчи, не треба у ниеден слуај он да изведува зашто притисокот е енормен и влијае, ужасен потег на Инзаги сличен на оној на Конте со Алексис лани против Сампдорија, кој шутираше пред Лаутаро а низ кариера поише промашени пенали има чилеанецов од погодени.
Небитно, огромен акцент треба да се стави на одбраната, денес примија 2 гола, можеа да примат уште минимум 3 многу лесно, недопустливо е тоа, нарочито не со такви имиња во тим, претходно коло Фиорентина у прво за 20 минути 3 добри шанси и од четвртата дадоа гол, денес Аталанта преголем број на шанси плус 2 гола дадоа. Не сме екипа што може да се носи со ова, да идеме на голови и одбраната да се игнорира, на крај да имаме Аталанта статистика, 90 дадени 50 примени, и секако, трето или второ место на табела.
Како и да е среќа што ова на крај се деси и не загубија бидејќи прилично голем психолошки удар ќе беше тоа за играчите, се виде и по реакцијата на сите, и тие на терен, и тие на клупа, и тие на трибини што беа и не беа у состав денес, така да бодов е ок ако се земе све во предвид, ако ние заслуживме денес триумф заслужија и Аталанта со своето издание, така да реми е прифатливо.