Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Ако и Икарди го продаваат, и да газат една сезона под Конте, на крајот пак ќе имаме просек екипа, само погледнете го составот моментален без Икарди па се ќе ви стане јасно.

Единствените играчи кои лани колку толку пружeа некаква игра во нападот се отстранети од клубот, замената е само Лукаку кој не ни знаеме како ќе се покажит во Италија. Средината ионака и лани не постоеше, не верувам да постои и ова сезона, поготово со играч од типот на Барела кој сеуште е млад и треба да учи како е да играш за голем клуб...

Јас бев и сеуште стојам на ставот дека Перо требаше да летне од екипата, уште лани, но тоа незначи дека незнаеше да пружи добри партии грдиот.

Сега и он летна што е добро, но кого ќе купиме на неговото место? Бираги? Има матер да им ебам ако донесат уште еден сакат во тимот...

пс. Моментално уште 13 дена пред да заврши преодниот рок, тимот сеуште не е комплетиран, треба уште 2-3-ца да го напуштат тимот, а да дојдат уште најмалце толку.

Голем минус имаат досега за сработеното... кај и да е, ќе се стрпиме уште малце да дадеме конечна оценка за меркатото... Досега според мене имаат 5/10
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
A sto ke ti e krilo koga Konte ne igra so krila?
Druga rabota, sto be tolku napravi Radja za timov osven toj posran gol so Empoli? Pa cela sezona go pcuevme radi neserioznost, povekje bese povreden i kaznet otkolku sto igrase. Za kur mi se vakvi nedisciplinirani igraci, neka skape vo Kaljari koj go ebe.

Treta rabota, se slagam deka ne zemaa dokazano ime vo sredina, barem ne se uste, ama pak ke kazam, KONTE si go kroi timov, on si gi bira igracite, ne mora da znaci deka super zvezdi treba da kupuvame za da napravime nesto. Ete Sensi do sega najbolje igrac ni e na prijatelskite, a u fan klubov najvekje skepticizam imase za nego, demek anonimus bla bla.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.312
Поени од реакции
57.757
Се е тоа во ред ама не можеш да кажеш дека сме се засилиле. Единственото “име“ што ни доаѓа треба да замени играч што е подобар од него. Останатите како Сенси, Лазаро и Барела, се уште не знаеме на што сме со нив. Пријателски се пријателски, ќе видиме како ќе се играат вистински натпревари. Се надевам дека Сенси ќе продолжи на тоа ниво. Од Барела имам високи очекувања ама ќе треба време.

Во моментов сме ослабнати затоа што имаме позиции за покривање, ова со Џеко не бидна, фалат 3 играчи а не се спомнува ни едно пристојно име. Само ако некако одработат да дојде СМС или Дибала ќе можеме да зборуваме дека сме се засилиле и тоа срамежливо.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Абе сеа не може да го хејтаме Раџа или Икарди дека не изиграле сезона на ниво лани, а да го правдаме Лукаку за исто така лоша сезона со изговори од типот "Ами во Јунајтед никој не играше лани".
Од каде знаеш како ќе изиграше Раџа под Конте? Нема врска, да не го дрвиме што би било кога би било.
Задоволен си од трансфериве летово? Кај сме појачани? Тренерското место и одбраната со играч кој што се брои на прсти уште колку сезони би изиграл на ниво.
Ве фаќа некоја еуфорија со Лукаку, а заборавате дека и Икарди играше ѕверски па пак бевме отепани целокупно. Муабетот ми е дека колку сака нека изигра Лукаку јако сезонава, не може да се потпреме само на него и да сме со слаб среден ред. Трансфериве што се направија(освен конте) не се кој знае каков апгрејд. Треба ептен да се погоди некој од Лазаро, Сенси и Барела па да сетиме некоја си поголема разлика. А тоа да се крстиш во некои играчи да прераснат во топ играчи, не е баш одлика на голем клуб.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829

Таман се решив да ти ставам лајк сепак со оваа реченица како да пропадна целата смисла...да не е во ред да се крстиш ама во ред е да се надеваш со оглед на тоа дека и многу други клубови земаат анонимци и ги форсираат за да прераснат во играчишта... е сега дека треба(ше) да се купат минимум двајца офанзивци е сосема легитимно барање т.е. работа од наша перспектива..ама сепак Конте си го прави составот и сигурно има некоја замисла..вака гледано немаме нешто посебно..тим за 3то место максимум и Јувентус со 20 бода пред нас.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Мислев дека Џеко е сигурен трансфер ама не испадна ништо.
Ребич и Љоренте не може да бидат алтернативи, едниот е чист просек на другиот му помина времето.

Вернер е скап, а Санчез не знам како ке се вклопи во 3-5-2 и зема плата колку сел тим заедно.

Можна е замена за ДИБАЛА, исто дали е профил на играч системот на Конте.

Накрај, можна е и замена со Игуаин и нормално барем 40м во наша корист.

Други алтернативи не гледам.
Вракање на Гавигол, или некој млад талент...

Или едноставно, да се земе Нејмар.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.039
Поени од реакции
12.463

Така,така...
Не ни заслужуваме поише од Игуаин со овој мајндсет.
Има да ги укомпонираме Игуаин и Лукаку ко глув и слеп.Башка 9 милиона по сезона за мрсникот јувенташки платиче,абе милина....

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.285
Таман се решив да ти ставам лајк сепак со оваа реченица како да пропадна целата смисла...да не е во ред да се крстиш ама во ред е да се надеваш со оглед на тоа дека и многу други клубови земаат анонимци и ги форсираат за да прераснат во играчишта... е сега дека треба(ше) да се купат минимум двајца офанзивци е сосема легитимно барање т.е. работа од наша перспектива..ама сепак Конте си го прави составот и сигурно има некоја замисла..вака гледано немаме нешто посебно..тим за 3то место максимум и Јувентус со 20 бода пред нас.
Не го сфати човекот, и ти не прпај! :D

Поентата на муабетот му беше дека "големите" клубови не оставаат на случајност некои играчи да се погодат, туку си ги обезбедуваат слабите позиции а тие од кои се очекува да се "погодат" ги оставаат резерви, или можеби во прв тим, али со овие првиве заедно. ;)
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.784
Поени од реакции
8.848
Епа сеа нека му дадат на Икарди 69 број, да го потсеќа истовремено и на прошлиот, а и зашо остана без него и нека го цепаат како трет напаѓач дур не се врати у форма.

Се друго освен директна размена со Дибала не доаѓа у обзир.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Годин е добар трансфер, ама направен е многу одамна. Откако се купи Годин, дискутиравме на темава кој со што е задоволен и што очекува од летово. Мислам дека СИТЕ на темава пишаа нешто што е повеќе од ова што досеа се случило.
Лазаро и Сенси можеби ќе бидат новиот Бејл и Пирло, ама сеа за сеа се НЕ ДОКАЖАНИ играчи. Ништо спектакуларно. Па дури и Барела (потег кој ептен го подржувам) не може да го сметаме за докажан играч, нешто што сигурно ќе биде апгрејд, нешто што ни треба. И тој спаѓа во оваа група, играчи што треба да се докажат во иднина.

Требаше да се земи еден САЛАМ ДОКАЖАН играч на средината и јако ново крило. Ова требаше да бидат ДВАТА ГЛАВНИ ТРАНСФЕРИ ЛЕТОВО. Под јако крило подразбирам нешто што може да прави разлика на теренот, не Бираги и остала боранија.
Или во превод, се зема Барела или некој сличен за поефтина сума + младинци, ДОКАЖАН играч на средината (макар и постар) од 50-60 милки, пари кои шти ќе се обезбедеа од Марио, Весино, Гаља, Барбоса, Далберт или слични излезни трансфери. Па дури и парите потрошени за Лазаро може да ги додадете овде. Немаше потреба од бркањево на Раџа исто така. Ама ако пушел цигари, тогаш ОК.
Двата преостанати трансфери: Крило, кое што ќе ни ги однесеше главните пари, пари кои што не можат да се покријат со продажба на Перо, туку ќе мораше да се искешираат, како за Лукаку.
И шпиц, кој би се покријал со продажба на Икради. Буквално како глава за глава да ни дојдеше новиот шпиц. Па макар би крпеле и со Џеко наместо Икарди. Со салам среден ред и крила, немаше да изгледаме лошо. Нека бараа салам замена за Икарди в година, годинава ќе истеравме со Џеко, подржан од страшен среден ред.

Да те потсетам, не сум јас крив што не можат соберат пари од непотребниве играчи( со се Икарди).

Ова што го напишаав е можно остварливо т.е беше. Не барам ниту нешто неверојатно, ниту нешто што го прават Сити и ПСЖ.

Ама на крајот, ќе дркате на тоа што Икарди сме го замениле со Лукаку, Раџа со Барела и ќе го прикажувате како супер трансфер лето.

Тоа што ќе имаме успешна сезона не значи дека трансфер летото било УАУ и не можело да биде подобро.
Да се донесе докажан играч вика а играчи како Наиголан, Форлан, Зарате, Видич и слични кои сме ги сметале како докажани фејлнале тука. Така да не знаеме како некои играчи кои ти ги нарекуваш докажани би се однесувале кога би се приклучиле на екипата.

Аналогно на ова, играчи кои за мене и тебе се недокажани, пример Сенси, не значи дека ќе имаат слаб придонес во екипата што ја градиме за наредната сезона. Јас Сенси не го гледав ниту го знаев каков играч е пред да дојде кај нас. Сум го слушнал како име во меѓусебните дуели со Сасуоло но никогаш не сум обрнал вниманиот или сум го посакал во екипата. Но неблагодарно е да го оценуваме играчот без ниедна официјално изиграна утакмица во Интер, пријателските утакмици не ги земам како репер.

Ни фалат офанзивни играчи и никој не го спори тоа. Сите медиуми известија дека Интер е на пазарот за дополнителен напаѓач, бек и средниста доколку се ослободиме од Жоао Марио или Валеро. Но да се каже дека ништо не сме испазариле а донесоа 5 играчи е во најмала рака игнорантно. Наполи секоја година купува по еден играч, максимум двајца за кој никој не слушнал па се вклопуваат во тој нивен систем. Интер да го донесеше Зиелински тука ќе пишувавте како за опстанок ќе сме се бореле.

Од примадони и "докажани" играчи преку такво ми е. Подобро нека донесат работници кои ќе ораат по терен и ќе ги следат инструкциите на тренерот, системот е многу побитен од индивидуалци кои ќе се молиме да ја направат својата магија за да тепаме едвај со 1-0.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
To e brat, izgleda ce mora, ko najednostavna varijanta ostana... Eventualno Mesi, ama nekako godinite go nagazija nego. :pos:
Како ноншалантно си го кажа. :LOL:
Па ај ако не и Нејмар нека се земе, нек си ебе мајката, некој мора да дојде.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.316
Поени од реакции
6.177

Kajgana Shop

На врв Bottom