Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Cel sreken zadovolen ides u skolo, te nacekuvaat drugari so navivaat za milan, ama se krijat od tebe, nema veze sto den prethodno milan tepale 6-0, sto ima da te rebraat koga na tvoja strana se .... fudbalskite magii na ronaldo. Za magiite na sorondo, domoro, georgatos, gresko, umit davala, DZULI i ostanatite vo druga prilika. :kafence:
На пример јас одев среќен во школо кога Адриано им го зачука на Милан у 90та, кога Станоковиќ зарока торпедо за покер, кога Ибра ја реши со Парма за титула, кога Милито објасни за триплетата, кога многу други позитивни работи се издесија во клубов додека дон Морати беше претседател. Све ли ти ебам неблагодарно јас на тебе гомно, њоњоњоњњоњоњњо во долгови го оставил Интер, а не е битно што пред тоа од свој џеб све живо покриваше и душа оставаше за клубов. Масимо уно ди нои, Урко све ти ебам не замарај гадур еден неблагодарен.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
изгледа за лукаку е одбиена последната понуда, јунајтед бара 83 милиони.
останува Џеко како втора опција ама рома бара 20 милиони а и наполи се замешал во трката за џеко чисто колку да и прават притисок на управата наша за да преплати еден од овие двајца.

Иначе, гледав утакмициве скоро сите и освен јунајтед другиве изиграа солидно.
Системот на Конте покажува подобрувања иако изгледа споро на транзиција, без некој физички јак шпиц немаме шанси никакви за топ 4, мора да се инвестира и да не се прават панични трансфери.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Епа затоа после него дојдоа други кои те направија горд.
Сеа се палиме на магиите на Дамбо, Кузманович, Далберт, Еркин и другарите.А и немаме таков проблем со титулите, ако не секоја година преку 1на земаме.

Претоставувам дека многу слабо памтиш како се одвиваа работите со Морати, од 95та па нагоре ( роналдо дојде 97ма ), па све до Калчополи. Доколку клубот биде така менаџиран сега, ти после 2 до 3 години ќе се откажеш од истиот, јавно, и ти и 90% од тие што сега упорно кењаат, и тоа менаџиран на секое поле, не само со носење на играчи, туку и прилив на пари од маркетинг и остали приходи што ти ги нуди фудбалот како спорт, дури и еден магнет за спонзори и пари ко Роналдо не го искористија асално.

Да, Роналдо е еден од најдобрите ако не и најдобар наш трансфер у Историја и тоа никогаш нема да го спорам иако клетва некоја ни беше удрена со него зашто 2 пати искина лигаменти и не играше 200 месеци, али не е битно тоа нема врска со Морати, ама покрај него, у средина играа играчи кои беа 200 пати полоши од овие што моментално ни се на тој дел од теренот, а горе доле сте незадоволни од истата.

За креативци у тие 11 години у средината на теренот па да не праам муабет, најасален креативец и класична 10ка дојде дури со Мурињо ( Снајдер ), тек во 2009 година, у меѓувреме се губеше талент ко Пирло, се пропушти можноста да се доведе Руи Коста и Неста ( сите тројца у Милан завршија, плус Сидорф ), а кај интер у одбраната и средината продефилираа имиња ко Сорондо, Матео Ферари, ебаниот бруно чирило кој личеше на пи ви херман, грешко, у средина играа просеци ко фаринос, коет, џули, и копач некреативен ко Ди Бијаџо и ред други смешковци од играчи, не за џабе истиот тој Роналдо, кој беше донесен од Морати, после една од најболните сезони на Интер сакаше да си замине од клубот со кој освои само Куп на Уефа.

Интересни сте сега што наеднаш станавте најголеми фанови на Морати, само ради роналдо, а всушност првите 11 години негови со Интер беа пред Се катастрофални, и пред некој да ми спомне дека Јуве местеле, не заборавајте дека Интер 3-4-5 места завршувале позади јуве, а у меѓувреме и лацио и рома и милан стануваа шампиони на Италија, Милан со закерони ко тренер. Така да, уште еднаш, вие сите сеа што се пењавите константно контра Сунинг, немаше ни 2 години да издржите со таквото менаџирање на Морати на клубов кое траеше поише од декада, ко што не можеа и навивачите на Интер кои веќе знаеме дека еднаш го избркаа од клубот, па Факети стана претседател. Така и вие, сместа ќе го бркавте, ќе јадевте гомна какви зуби имал, каква коса имал, и дека бил сенилен, зашто за успесите конкретно со Морати, оние големите (@Stefan-kobe ) се чекаше поише од една декада, од моментот кога го зема клубот, до тогаш у многу наврати се опипуваше дното на секаков можен начин, али ете, на крај, дојдоа успесите, и тоа најголемите за нас историски гледано, а и у историјата на калчото, со оглед дека сме једини што освоиле тројна..

п.с. Дали знаеш дека Кака, пред да дојде во Милан, беше пред трансфер во Интер, но за Интер, не беше доволно талентиран по што заврши во Милан. Ова ти е само еден од многуте примери колку бевме бедни тој период, без никаков сенс за успеси.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
п.с. Дали знаеш дека Кака, пред да дојде во Милан, беше пред трансфер во Интер, но за Интер, не беше доволно талентиран по што заврши во Милан
Единствениот случај во светот на фудбалот веројатно, фрапантно стварно. Исто и ние Кондогбија пред нос им го земавме на Милан, знаеш ли тоа каков талент беше? Oh wait... Јас знам дека Морати имал и доста лоши потези, си купуваше за роденден играчи ко Суазо за 15+ милиони, изиграваше кур и пол, ама тешко дека во денешно време ќе најдеш претседател што така го сака клубот ко Морати што го сакаше и го сака се уште Интер само што нели сега не е претседател. Секоја чест за Жанг мали, дефинитивно дечкото го сака Интер, ама да не заборавиме дека на Кинезите целта пред се им е бизнисот, односно Интер го гледаат ко извор на пари па се останато, што мене ми е сосема ок, затоа што ако Интер е успешен и тие ќе имаат пари и ние ќе гледаме титули, едноставно врзани се овие работи. Од друга страна имаш претседатели ко оној на Арсенал што е, амерон, не ни знае кој тим го има во сопственост ама битно рока пари курот го боли.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Единствениот случај во светот на фудбалот веројатно, фрапантно стварно. Исто и ние Кондогбија пред нос им го земавме на Милан, знаеш ли тоа каков талент беше? Oh wait... Јас знам дека Морати имал и доста лоши потези, си купуваше за роденден играчи ко Суазо за 15+ милиони, изиграваше кур и пол, ама тешко дека во денешно време ќе најдеш претседател што така го сака клубот ко Морати што го сакаше и го сака се уште Интер само што нели сега не е претседател. Секоја чест за Жанг мали, дефинитивно дечкото го сака Интер, ама да не заборавиме дека на Кинезите целта пред се им е бизнисот, односно Интер го гледаат ко извор на пари па се останато, што мене ми е сосема ок, затоа што ако Интер е успешен и тие ќе имаат пари и ние ќе гледаме титули, едноставно врзани се овие работи. Од друга страна имаш претседатели ко оној на Арсенал што е, амерон, не ни знае кој тим го има во сопственост ама битно рока пари курот го боли.
Не е единствен бе стек, ама такви примери со нас имаше мал милион, со неста ја усра, со канаваро кој му беше у тим ја усра, со пирло ја усра, сидорф го дае умит давала го зимаат капираш ? Такви примери имаш 100 у интер за време на неговата ера до првите големи успеси.
Мене тоа ми е муабетот, дека доколку сеа морати беше тука и го менаџираше тимот исто ко што го менаџираше у први 6-7 години, истиве што сеа константно јадат гомна за сунинг, ке го сереа и него ко да нема утре.
На крај со истиот тој морати се направија најголемите успеси историски гледано, сунинг пред да дојдат само у некоја болна наша фантазија ќе игравме во ЛШ, се надевмавме ама на крај укапируевме колку само сме далеку од тоа натпреварување. Сеа со нив 2 години по ред играме во ЛШ, не е некој фантастичен резултат ама каде бевме пред само 2 години а каде сме сега, има ( голем ) напредок, нарочито што сеа е конте тренер.

Ај сеа летово икарди, застојов за имиња у напад, си го прават своето ама тука се претеруе и се забораваат многу работи, ко до пред 4 - 5 години кога у прв тим ни беа гаргањо, кузманович, скелото и томасо роки. Нека се почека барем крај на лето па да се сере трансфер политиката, више досадна стана темава секој ден истото хејтање и безвезни дискусии кои произлегуваат од тоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Ама споредуваш две различни ери, во ерата на Морати клубовите беа водени на еден начин, сега со ФФП реалноста е сосема друга. Од кај знаеш дека Морати немаше да постави врвни CEO и дека немаше да бидеме стабилен и мега јак клуб? Глуп муабет ти е овој, хипотетички, ко ја сеа да ти кажам да беа Кинезиве 95-та Интер 20 титули по ред ќе освоеше пошо ете рентабилно работат и пазат на секој детаљ.

Морати ќе остане во срцата на сите прави навивачи на Интер, ќе биде памтен по добри работи и претседател кој неизмерно го сакаше Интер како никој до сега.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Ама споредуваш две различни ери, во ерата на Морати клубовите беа водени на еден начин, сега со ФФП реалноста е сосема друга. Од кај знаеш дека Морати немаше да постави врвни CEO и дека немаше да бидеме стабилен и мега јак клуб? Глуп муабет ти е овој, хипотетички, ко ја сеа да ти кажам да беа Кинезиве 95-та Интер 20 титули по ред ќе освоеше пошо ете рентабилно работат и пазат на секој детаљ.

Морати ќе остане во срцата на сите прави навивачи на Интер, ќе биде памтен по добри работи и претседател кој неизмерно го сакаше Интер како никој до сега.
Па тогаш беше каде каде полесно, не се замараа со приходи и минуси плусеви ко сеа, свои пари уфрлаше у клуб и се трошеа така, многу поедноставно беше све дур не му секна бизнисот. Ама тоа не значи дека сите клубови по тој терк терале, Манчестер, барса, реал и ред други, увек си тераа на маркетинг и ширење на фан база у цел свет, тоа што газдите можеа да уфрлаат така пари не значеше дека сите тоа го правеа.
Ете дојде ФФП после 2010, видовме како функционираше Морати, не знам зашто ми викаш од кај знам сеа со ффп како би функционирал Морати, кога го видовме како функционираше. :)
На крај виде не виде, не ја биваше, го продаде клубот.
Да не функционираше ко што функционираше у таа друга ера, до ден денес ќе беше претседател, баш дека имавме име ко роналдо, или периодот со ибра, мурињо, све тоа беше идеално за да клубов почне да праи пари, а не да зависи само од него, а и спремни ќе го дочекаа ФФП.
 
Член од
29 април 2012
Мислења
360
Поени од реакции
238
dali ste vie normalni za vremeto na Morati za inter igraa najgolemite zvezdi na togasniot fudbal inter bese institucija a seria A najdobra liga na svetot.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.930
Поени од реакции
6.094
dali ste vie normalni za vremeto na Morati za inter igraa najgolemite zvezdi na togasniot fudbal inter bese institucija a seria A najdobra liga na svetot.
Nikoj ne go usporuva toa ama finansiski klubot tonese, koga drugite se izdignuva finansiski morati vo dolgovi plivase. Covekot ni donese istorija i igraci ama finansiski ne osakati za naredni 10-14 god.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
@beneamata е културно момче.

Дури и кога не се согласува со соговорниците, Бене им се обраќа со „Драг пријателе.“

Бене не се нервира кога ќе му кажат дека Бенитез бил ропак, а Лонго антиталент.

Бене е економист но тоа не го спречува да признае дека не разбира целосно како функционира ФФП-то и дека генерално нема појма wtf се случува во клубот моментално. Бене нема его.

Бене знае дека тоа што соговорниците не сакаат да ја разберат неговата поента, не ги прави глупави.

Бене си кажува што има и ги остава другите да грешат.

Биди како Бене. :love:
Биваше на мене да собираш лајкови?

Ко југоносталгичар, си ја заборавил автобиографската:
 
Член од
29 април 2012
Мислења
360
Поени од реакции
238
Nikoj ne go usporuva toa ama finansiski klubot tonese, koga drugite se izdignuva finansiski morati vo dolgovi plivase. Covekot ni donese istorija i igraci ama finansiski ne osakati za naredni 10-14 god
Koga morati bese presedatel klubot nemashe dolgovi gi pokirashe sam ne kako indoneziskite picki koj dojdoa samo pare da zarabotat fakt
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Да не може човек ни дупачлаци да направи, одма Син со километарски постови.
Од денешна гледна точка работењето на Морати е лошо. Од тогашна, супер.
Сигурно не си го мислел ти истово во 2000та. Плус од ураниумските во косово нема шанси да си мислел економски правилно.
Автоматски споено мислење:

На пример јас одев среќен во школо кога Адриано им го зачука на Милан у 90та, кога Станоковиќ зарока торпедо за покер, кога Ибра ја реши со Парма за титула, кога Милито објасни за триплетата, кога многу други позитивни работи се издесија во клубов додека дон Морати беше претседател. Све ли ти ебам неблагодарно јас на тебе гомно, њоњоњоњњоњоњњо во долгови го оставил Интер, а не е битно што пред тоа од свој џеб све живо покриваше и душа оставаше за клубов. Масимо уно ди нои, Урко све ти ебам не замарај гадур еден неблагодарен.
Тоа е тој начин на дискусија од него. Значи ти пишува 6-0 против Милан и ти ги споменува Грешко и остали копуци, ама затоа фатен е во прстите да ги пише успесите подоцна, кои што се заслуга на Морати.
По 2 години да освоиме ЛШ под жанговци и да го дрвам јас дека биле срам од газди оти Аталанта по 4-5 ни ги фрлала на заебанција.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Да не беше Морати, фан клубов ќе беше со големина на оној на Рома. Јас, Думан, Васко и можеби Меаца. Вие сите ќе бевте за Милан, или полошо. Ќе бевме без титула 28 години и локалното дерби ќе ни беше со Аталанта...

Морати е заслужен за тоа што клубот го задржа реномето на еден од трите најголеми во Италија. Морати трошеше свои пари во најсилната лига на светот, за жал истовремено и корумпирана лига. Се бореше со моќници и не плачеше дека на Интер му требаат 5-10 години да фати чекор, туку правеше се и сам против сите да ја освои титулата. Најмалку два пати му избега истата, во 1998 и 2002. Стигна и до полуфинале на ЛШ.

Морати работеше со долгови но тоа го правеа буквално сите во Италија. Не им се сонило дека еден ден ќе дојде ФФП и дека нема да можат да покриваат повеќе. Морати беше принуден да троши многу за да држи чекор затоа што конкурентите имаа ненормлни екипи. Другиот избор би бил да се повлече и да се задоволи со средина на табела.

Тимот што го имаше Морати во поголемиот дел од неговото време би го растурил овој што го имаме сега. Тимот со Роналдо од 98ма кога би играл со тимот од триплетата би бил фаворит.

Морати направи многу трансфери и дел од нив беа погрешни. Ди Бјаџо на пример, кој Син го памети како копач, може ушка да ги качи Ж.Марио и Б.Валеро и со нив на вратот е подобар од Гаљардини и Весино заедно. Средниот ред не беше воопшто лош, иако се согласувам дека беше полош од оној на Милан или Јувентус, но затоа имавме атомски напад: Роналдо, Заморано, Баџо, Виери, Адриано...такви напаѓачи сега само на сон ни доаѓаат. Уствари имаме еден како Виери ама што ќе ни е.

Тие фамозни 6-0 се случија во момент кога бевме на low point и не отсликуваат состојба од 10 години пред тоа. Еве Ман У. една година со Ферги прими 7 од Сити и што да прават, да се убијат? Ние го тепавме Милан во нивен low point 4-0 и да не беше фер човек Мурињо кој го намали темпото, меѓу 70-90м комотно уште два ќе им дадевме. И што, јаки м... дали сме тепале 4 или 6 или 7 со екипа во која Абате играл одбрана. Сме ги начекале во најлошото и удри... Еден натпревар е тоа и секоја екипа поминува низ лоши периоди и кога тогаш ќе настрада од ривал.

И на крај, овој Интер 2.0 на Сунинг е поорганизиран и професионален ама мене ми е тежок за дигестирање. Јас сум заљубен во стариот Интер, и од ден на ден ми е се потешко да го следам овој корпоративен Интер што применува методи кои историски не ни се познати као клуб.
Автоматски споено мислење:

и пред некој да ми спомне дека Јуве местеле, не заборавајте дека Интер 3-4-5 места завршувале позади јуве,
Си почнал да ги застапуваш теориите на непријателите. Еве каде завршуваше Интер кога Јувентус освојуваше титули:

97'
97.PNG

98'
98.PNG

02'
2002.PNG


03'
2003.PNG





 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom