Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Фул јуве моуд отидовме у утакмица во која бевме далеку бољи противник, заслуживме голови, и победа, според тоа како игравме ама у фудбалот знаеме дека на крај тоа јалово може да се испостави така да псв има за што да се жалат, прво зашто убеден сум дека ханда заслужи директен црвен тука, и второ, првиот гол на интер беше нерегуларен, икарди беше во офсајд, мал офсајд, но сепак постоеше така да псв беа дебело оштетени во првиот дел.
Верувам дека и психолошки тоа влијаеше врз ПСВ така да бајаги беа ограбени, али јебига, бидна, пребитни бодови се освоија тука, добро е и што барса победи, сеа со надеж дека на барса ќе им скинеме бодови барем дома, и псв и тотенхем ќе си кинат бодови меѓу себе па на крај и со една победа да бидеме пласирани во следна фаза.
Една победа над барса би било премија, не дека не е изводливо, и они се лоши периодов, а и мислам дека деновите кога ќе играат со нас, имаат сјебан распоред али нема везе, отом потом, меч по меч, ме радува тоа што ја подигнаа играта, ова денес им беше најдоброто издание сезонава а истово доаѓа по уште еден добро изигран меч, со Каљари.
А и играчиве се кренаа, нарочито наинголан, а и политано не е лош, за икарди беше прашање на време кога ќе влезе у ритам, следни ни се спал па добро би било да продолжат кај што застанаа денес, би требало у една таква ситуација да дојдат до 3 бода.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
Од линијаш до ова што го напраи денес има едно 30 метри дистанца. Никој не вика да изиграва Нојер и да дрибла противнички напаѓачи и што ти знам, ама проценките при нафрлувања, кај што може да истрча и да собере жива топки или да избие наместо да остане на гол линија и да се моли стоперите да исфрлат му се главниот проблем.
Незнае да процени топка надвор од 16метри, тоа му е голем минус како голман, затоа и го доби името линијаш во минатото, памтам иста ваква грешка направи и кога бранеше за репрезентацијата, но освен грешката за другото беше на ниво, одбрани два 100% шутеви, за тоа треба да добие големо признание, не треба да бидеме наудрени за тоа да не го признаеме.

Инаку да сум спалети следна со Спал, би почнал пак со истиот состав како со Калјари без око да ми трепне.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Не знам зошто Спалети не менуваше до крај,ги исцеди максимално играчите и дури во 80+ минута прв пат го стави Борха па Кандрева..се гледаше дека Брозович и Перишич немаа сила и снага да трчаат.

Искрено ме изненади пристапот,некако очекував ПСВ да не притискаат и да не доминираат на средината ама нашите ми делуваа заангажирани и решени да победат што е за пофалба..се гледа дека се мотивирани да се докажат во ЛШ со оглед дека на повеќето играчи ова му е прв пат каде што играат во ова натпреварување и даваат се од себе.

Да се надеваме дека Барселона нема да бидат мотивирани и заангажирани кога ќе дојдат во Милано за да му скиниме некој бод бидејќи секој освоен бод е богатство за нас бидејќи ништо не се знае сеуште и ние како што сме ненормална екипа можи бродолом да ни се случи во секој момент.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Ханда Го ценам премногу од моментот од кога стапна во интер и сум го бранел и поддржувал секогаш. Годинава гледаме дека не е баш на нивото кои сме навикнати да го гледаме и јасно ми е за критиките. Ако почни да греши и да губиме бодови заради него ќе мора да биди седнат на клупа но до толку не е стигнато. Јас лично мислам дека ќе беше престрого да добиеше црврн бидејќи немаше намера плус беше во пад. со одбраната се изваде и со тоа добивме загарантирани 3 бода.
Политано е интелигентен играч и вчера ме импресионира како играше по таа десна страна. знаеше кога да влегува внатре и кога да игра по линија. кошмари ќе има десниот бек на ПСВ.
Икарди го хејташ се додека не допри топка во 16ник, потоа тие е легенда.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Нема врска намера, кој голман би играл намерно со рака надвор, ова исто ко пеналите, ама немал намера со рака да игра, демек играчи внатре само намерно што играат со рака, треба да добиваат пенал.
Судијата одлучил да не му даде црвен бидејќи не спречил чиста шанса за гол, не се согласувам со оваа одлука од проста причина што голот остана небранет а играчов така ќе го поминеше што ќе можеше да шутира директно. Е сеа и од таа ситуација требаше перфектен удар да направи ама мислам дека судијата погрешно процени, ваљда мислел дека ништо од тука не може да излезе и дека топката немаше ни да остане у посед на ПСВ, штознам ...

Да имаше ВАР ова ќе беше чист црвен, објаснувањето зашто не е црвен бидејќи судијата заклучил од тоа што го видел дека псв немале да имаат чиста шанса за гол.

А дека мора да се размислува за нов голман, кој од старт би се ротирал а потоа би бил и првотимец, мора, тоа е факт, ко што направија со буфон, годините почнаа да го газат Ханда тоа е повеќе од очигледно, рефлексите му затаија бајаги, едноставно не е тоа тоа, доста е паднат у споредба на својот прајм у Интер кога бранеше ко разулавен.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.944
Поени од реакции
6.117
Нема врска намера, кој голман би играл намерно со рака надвор, ова исто ко пеналите, ама немал намера со рака да игра, демек играчи внатре само намерно што играат со рака, треба да добиваат пенал.
Судијата одлучил да не му даде црвен бидејќи не спречил чиста шанса за гол, не се согласувам со оваа одлука од проста причина што голот остана небранет а играчов така ќе го поминеше што ќе можеше да шутира директно. Е сеа и од таа ситуација требаше перфектен удар да направи ама мислам дека судијата погрешно процени, ваљда мислел дека ништо од тука не може да излезе и дека топката немаше ни да остане у посед на ПСВ, штознам ...

Да имаше ВАР ова ќе беше чист црвен, објаснувањето зашто не е црвен бидејќи судијата заклучил од тоа што го видел дека псв немале да имаат чиста шанса за гол.
PSV, De Jong: "Handanović je zaslužio crveni karton.Kasnije mi je Mažić rekao da su u blizini bila i 3 igrača Intera, i zbog toga mu nije pokazao crveni karton."
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
PSV, De Jong: "Handanović je zaslužio crveni karton.Kasnije mi je Mažić rekao da su u blizini bila i 3 igrača Intera, i zbog toga mu nije pokazao crveni karton."
Eпа тоа е неговиот став од тоа што го видел во тој момент, без ВАР, без да види дека играчот на ПСВ можеше директно да шутира од таму во празен гол. Немаше сигурно да ги дрибла сите ко марадона и со топка у гол да влезе.
Али да, ради тоа е жутиот, Мажич го преставил ова ко тешка ситуација дека ќе биде гол, мислам дека доколку би имал прилика да гледа репетиција, ќе ја променеше одлуката и ќе дадеше директен црвен бидејќи ќе дојдеше до заклучок дека од тука може и директно да се шутира.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Ањели барал состанок со Морати,да го убеди да се кандидира за претседател на федерацијата и ќе ја имал неговата поддршка.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ањели барал состанок со Морати,да го убеди да се кандидира за претседател на федерацијата и ќе ја имал неговата поддршка.
пуштаме корени и кај шинтерашиве... ене од вчера малце да ги привикнуваме на вакви работи со судиите :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom