Што се ми истекна откако го видов видеото:
- Продолжи ја низата: Хамбургер 1, Челзи 2, Валенсија 4, Јувентус (?)
- Фала ти Мурињо што не не посрамоти!
- Останува само едно важно прашање од турнејата во Америка - дали ќе дадеме гол?
- Јеботе, а кога ќе помислам дека го пуштивме Сасуоло да игра Тим Куп, за да се подготвиме.
- Нашите противници открија дека можат слободно да се прошетаат со маалски дриблинзи и да влегуваат со топката во гол. Тактика не е потребна.
Не може човек ни oneliner да напише како некогаш...
Од што сме мизерни почнав да го жалам Мацари. Ни крив ни должен ќе го јаде. Моја прогноза, откако ќе го усереме стартот (нерешено со Џенова, пораз на гости од Катанија како и обично, лесен пораз од Јуве дома...) ќе се вадиме на неподготвеност и младост и мечот со Сасуоло ќе биде да се биде или не... ќе не плеснат едно 2-0 глатко и така ќе заврши малку поуспешно од Гасперини. На фцинтерњуз веднаш ќе ни раскажат некој план за јануари (дај Боже Мусачо) а од штабот на Морати ќе закажат состанок со некои арапи за стадионот. Сезонава кај и да е ќе заврши до ноември по што ќе можеме да се препуштиме на некоја нова серија, а и филмовите за Оскари ќе почнат да излегуваат.
Секој атом оптимизам е убиен.