Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Знаев дека Рики ќе ја утне, кај му се дава на таа патарушка да шутира пенал. Нејсе, што би рекол Син, он на клоци, Ранокиа исто пријатно, и уште 10тина други... Ремунтада да правиме или ништо...

Тоа го правиме уште пред 2 години,ама никако барем еден да си отиде,сеуште се тука и Киву и Камбијасо,Самуел,Станкович... а така ке биде и ова Лето т,е ке не залажат со некој како што е Алварез што е добар на клипови и се ке си биде по старо.Ковачич за 2-3 години ке кошта преку 60 мил,ако не е така гол ке шетам низ плоштад,свака му част на детето ора по средина,само ке биде штета да не го упропастат нашиве дебили,и да биде иста прича како со Кутињо,кој што сега ке се развива како играч во Ливерпул.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.929
Поени од реакции
7.803
Па, барем подобри беа од со Наполи. :)
Овој пат имаа шанси некои, а и плус стаи неколку деца, па видовме што точно ќе продадеме во други клубови за некоја година. :D
Сеуште ја градиме нашата нова фудбалска филозофија (да не се плашат оние што не гледаа), да изгледаме како пародија на нормален фудбалски клуб додека играме. Може има некои кои не се согласувааат, ама па публиката пак ја имаме, зошто секоја недела ги обединуваме сите сеирџии на светот. Па така и нашата хумана страна доаѓа до израз.

Ковачич е гениј иначе. Во топ 5 младинци во свет е сигурно. И има потенцијал да биде меѓу оние што се најдобри еден ден и ја сум сигурен дека ќе биде. Неверојатен квалитет во вакви услови, а замислете колкав потенцијал оставаме неискористен заради тоа што се случува со тимот. Ќе досаѓам со него секој пост, зошто имаме малку време додека го продадат. :P

Него што ми беше смешно. Имаше една ситуација на пола второ полувреме кога уште бевме во натпреварот и кога имаше аут на нивна половина. Во тој момент го даваат Страмачони како, како будала се дере по сите да им прават пресинг на аутот ( што е нормално). Скоро сите играчи комплетно го одјебаа. :pos: Онака дури и фраерски, како "кој го ебе овој нека се дере". Сфатив дека типот нема никакво влијание врз тимот. И не е само ради тоа што е баш он, туку е прашање е на тоа што играчите не ја гледаат позицијата тренер како позиција на авторитет. Има некои групи на влијание во тимот, кои уште не сум сигурен кои се, ама кои толку многу добро си ја имаат проширено соработката меѓу нив и толку многу си ја имаат направено комфорна позицијата во клубот, што може да си дозволат да си бркаат свои интереси, без уво да ги боли за интересите на клубот и другите во него. Први осомничени како и секогаш во вакви ситуации се нормално балканците, зошто по преварантски гомна од нив нема, а под балканците мислам на Станко и Киву. Втори се аргентинците, кои може и не им е тоа намерата, ама поради нивната улога во тимот, другите ги гледаат како лидери.
Поради тоа и сите нови играчи и младинци изгледа го имитираат нивното однесување на незаинтересираност, зошто сфаќаат дека на друго место треба да си го бркаат интересот, а не на терен. Ова мора да се реши од страна на менаџментот, мора тие групи да ги растурат комплетно, со тоа што ќе им ги исклоцаат гзот на лидерите.
Втора работа што треба да среди менаџментот е да се намали влијанието на оние кои работат на трансферите, за да може да направат услови за, координација на тие директори со тренерот. Сега моментално сите директори се свесни дека тренерот е секогаш шутракот во тимот, па не им се исплати да соработуваат со него, туку им се исплати да го местат за сите нивни грешки него. А тоа е така зошто не се контролирани од менаџментот. Тогаш не би гледале еден имагинарн тим кој што си го гради директорот у глава и друг тим кој тренерот би сакал да го има, зошто му одговара на системот на игра.
Трета работа е да се средат фитнес тренерите, зошто е смешна подготвеноста на играчите. Најлошо спремни играчи имаме во цела лига. Огромни физички падови во една утакмица. Или не се доволно добри, или е истиот проблем ко со директорите, па не го ебаваат тренерот кога работат на фитнес режимите, зошто се свесни дека он има многу мало влијание во клубот, па не мораат да соработуваат со него за да си ги користат благодетите од работата (паричките), повторно зошто не се контролирани од горе како што треба.

Главен кривец за се ова е менаџментот,а под менаџмент мислам на еден човек. Морати. 100 % крив за ситуацијата во клубот, затоа што кога ова би се случувало во една или две сезони, тогаш може главната кривица да падне на некој од директорите за таа сезона, ама кога се случува континуирано, значи дека проблемот со грешките на директорите не е решен, што значи дека највисоката позиција во организацијата носи лоши одлуки. А зошто сите го знаеме Морати, знаеме дека е така. Прво, зошто паралелно со клубот го води и неговиот бизнис, па нормално временски не може да постигне и го остава клубот дезорганизиран. И второ зошто се докажа дека не е компетентен за менаџирање на фудбалски клуб. Не го разбира бизнисот толку колку што мисли и затоа постојано греши.
И за крај, Џонатан, Скелото, Станкович, Киву, Мудингаи, Гаргањо, Кузманович, Роки, Алварез, Самуел, Нагатомо, па дури можеби и Камбијасо, мислам дека не треба да бидат во тимот за следната година.

Не знам зошто толкав пост напишав.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.568
Знаев дека Рики ќе ја утне, кај му се дава на таа патарушка да шутира пенал. Нејсе, што би рекол Син, он на клоци, Ранокиа исто пријатно, и уште 10тина други... Ремунтада да правиме или ништо...
Мене ми личи дека попрво ќе напраиме лимонада отколку ремунтада.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
morati rekol deka kovacic,handa,palasio i huan hesus se edinstveni igraci koi ne se na prodazba.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас ваква елеганција, вакви лесни движења и вакво фудбалско знаење од еден 19 годишен момак неам сретнато уште од времето на Зизу.
 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
. Втори се аргентинците, кои може и не им е тоа намерата, ама поради нивната улога во тимот, другите ги гледаат како лидери.

.
Го паметам муабетот од стрико ми уше пред 3-4 години,кој патем живејт во италија и е болен за Интер: Аргентински клан внучко во Интер ти е јак ко најако подземје во некој град.Тие до држет клубот.На Камбјасо попрво коса ќе му пораснит ,одколку да го избркат некој...Така да,од поодамна е тој проблем :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Даглас Тешеира, штоперот на Твенте за 2 месеци станува free agent, неколку пати има изјавено дека сака да игра во Интер дури е спремен да го одбие Ливерпул и да чека понуда од Интер..

Ја стварно незнам што чека мртвава управа наша.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Даглас Тешеира, штоперот на Твенте за 2 месеци станува free agent, неколку пати има изјавено дека сака да игра во Интер дури е спремен да го одбие Ливерпул и да чека понуда од Интер..

Ја стварно незнам што чека мртвава управа наша.
Го имаме Скелото. Или што курац, Киву може да игра стопер. Немој да збесуваш многу...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
Не викаа џабе хрватите дека Ковачиќ е Просинечки, Бобан, Модрич и Крањчар во едно.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Не викаа џабе хрватите дека Ковачиќ е Просинечки, Бобан, Модрич и Крањчар во едно.
Ке го шитнеме у ПСЖ за 30-40 другата година така да радујте му се док можете.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
ako ispadne njukasl od premier liga sansa da se vrati santon sigurno e podobar od pereira i dzonatan zaedno.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom