Истата игра секоја сезона. Неверојатно!
Не ми е јасно како фановите не ги научија до сега.
Како по шаблон ги прават работите. Пуштај преку весници периодично информации дека си заинтересиран за некој икс недостапен играч, за да подгрееш надеж, кога ќе дојде време за трансфер однесувај се дека си фокусиран на тоа и ништо друго не се случува баш ради тој трансфер, неколку неодредени изјави од одговорните лица во клубот (во кои најсекси фраза е everything is possible) и после само седни и чекај да дојде оправдувањето зошто не си го купил
(друг клуб што уствари сака вистински да купи играч).
Санчез, Лукас, која е разликата. Ваљда имаше уште некој.
Незнам кој е одговорен за Пр во клубот, ама има страшно лоши идеи.
За нас Лукас стана недостапен уште одамна, а тоа беше кога се крена целата медиумска фама околу него и кога секој тим на светот дозна кој е. И они самите го знаеа тоа, сигурен сум.
Многу непотребни им се овие пумпања на ситуација само за да ублажат незадоволство. Мислам сериозно, не постигнуваш нешто поразлично од кога би земал и би им објаснил убаво да чекаат неколку просечни сезони. И вака фановите сами ќе сфатат колку е саат. Само изјавите на претседателот на бразилците беа доволни. Сеа треба Псж крив да ни биде колективно на сите.
Кога сме веќе кај тоа, многу смешно е кога Морати се труди да глуми моралист во фудбалот и да дава такви изјави, као со скриена осуда за расипнициве, арапи
. Дај бе не ме зезај, пред 10 години он беше ист ко нив, дури и бетер, зошто купувањата во голем дел и му немаа логика.
Како што ги пцујат сега сите арапите така порано на тапет беше он. Пред него Берлускони, после него Абрамович.
Па и друга логика сме имале ние од нив.
Као мислиш 10 сезони ние имплементираме спортска политика со млади и непознати играчи, а не 2 месеца. А и плус уште ни е на trial period, ништо не сме виделе.
Логиката е иста, само они имаат повеќе пари од него, многу повеќе.
Нека купат асален играч од средина, имаат уште малку време, нека се молат во Паласио и Кутињо и како знаат нека влезат во првите 3 во Италија на крај. Повеќе работа помалку игри.