Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Ц ц ц, абе денеска сме играле ја поима неам. :facepalm:
Па дури и лом направиле. Лудост од тим. :D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
А бе страшна екипа направија, ко ќе го видам Бориело во напад си викам, што немаме и ние ваков напаѓач...

Дека играат одлично оваа година, играат, никој не вика не. На еден фронт се, на новиот стадион имаат супер-атмосфера, тешко губат бодови. Ми се допаѓа и како играат во одбрана а и Буфон им е тука, токму тој сегмент што им треба за да победат во Италијанска лига. И нормално скапани Интер и Милан, Наполи што се занесуваше со ЛШ и Рома која се обидува да изгради тим одново.

Ама ако тим со ваков квалитет победи пак во Сериа А ја лично ќе се сечам на едно место, без разлика дали ќе биде Јувентус, Интер или кој и да е друг.
чоек реално гледано можеби немаат некои квалитетни поединци но ене ги Дортмунд ги гледаш??..тим со 10 милиони буџет кој ги има Баерн за противник со 200 милиони буџет па пак се пред нив и тоа втора сезона со ред и плус имаат 4 победи со ред во дерби средбите..муабетот ми е дека Јувентус играат фудбал во вистинска смисла на зборот и одлично го прават тоа оваа сезона..со малите можеби се мачат ама кога играат против напаѓачко орјентирана екипа која посакува победа тогаш лесно ги добиваат победите и тоа со хендикеп..

.за нападот и самите знаат дека не му е баш нај нај ама затоа во средината и одбраната роварат и имаатстрашна транформација од напад во одбрана затоа имаат 18 голови примено цела сезона..тоа е она што се бара..трчање,трчање,трчање а не овие нашите Камбиасо,Станкович,Занети,Лусио,Самуел,Мајкон,Киву, со стап да ги тераш да трчаат..разбирам веќе подостарени се немаат повеќе желба за трофеи па нека ги сменат што работат Морати и Бранка??..не се бара да купат ѕвезди туку да се подосвежи тимот со некој рандом млади поединци..синкир Јувентус и Милан по 100 милиони вложија за да направат вакви тимој и да се три пати поклваитетни од нас..
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.045
Поени од реакции
1.169
Еве и отцени според мене :)

Цезар - 7 Имаше неколку добри интервенции посебно во вториот дел. За примениот гол и не можеше што да направи...

Маикон - 6 Имаше неколку добри пробиви но далеку е од добра форма. Недостига оној стариот Маикон!

Лусио - 6 Солидна утакмица и ништо повеќе. Има агресивност но веќе ја нема потребната брзина...

Ранокиа - 5.5 Уште едно неубедливо издание на Ранокиа. Несигурен на моменти што можеше да не чини и со гол. Сепак, среќата беше на негова страна.

Нагатомо - 6,5 Најдобар поединец во одбраната, покриваше во дефанзива и неколку добри пробиви по левата страна.

Гуарин - 6,5 Доби шанса од прва минута и мислам дека добро ја искористи. Требаше многу подобро да асистира во полуконтрата во завршницата на натпреварот но многу истрча денес и мислам дека заморот го направи своето.

Камбијасо - 6 Просечен натпревар за Камбијасо. Мислам дека денес имаше подефанзивни задачи што е и нормално за еден деструктивец.

Станкович - 7 Многу активен во средниот ред на Интер, е ова веќе наликува на Станкович од пред 2-3 сезони! Цврст во дефанзива а учествуваше во организацијата на многу напади.

Алварез - 6,5 Да не беше погодокот ке кажев уште едно лошо издание по враќањето од повреда... Рики покажа дека има потанцијал да стане голем играч, добар дриблинг и чуство за гол. Да се надеваме дека ова ке го мотивира и ке гледаме уште подобри игри од него.

Снајдер - 7,5 Снајдер се врати! Мислам дека ретко кој очекуваше да биде стартер, и повторно се наместа прашањето дали има место за Снајдер во тимот на ИНтер.. мислам дека денес го добивме одговорот.

Милито - 7 Дефинитивно најдобриот поединец сезонава. Да не беше принцот сега ке се бодевме за опстанок со Лече и Чезена... 2 асистенции и еден од најзаслужните за 3те бода!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
чоек реално гледано можеби немаат некои квалитетни поединци но ене ги Дортмунд ги гледаш??..тим со 10 милиони буџет кој ги има Баерн за противник со 200 милиони буџет па пак се пред нив и тоа втора сезона со ред и плус имаат 4 победи со ред во дерби средбите..муабетот ми е дека Јувентус играат фудбал во вистинска смисла на зборот и одлично го прават тоа оваа сезона..со малите можеби се мачат ама кога играат против напаѓачко орјентирана екипа која посакува победа тогаш лесно ги добиваат победите и тоа со хендикеп..

.за нападот и самите знаат дека не му е баш нај нај ама затоа во средината и одбраната роварат и имаатстрашна транформација од напад во одбрана затоа имаат 18 голови примено цела сезона..тоа е она што се бара..трчање,трчање,трчање а не овие нашите Камбиасо,Станкович,Занети,Лусио,Самуел,Мајкон,Киву, со стап да ги тераш да трчаат..разбирам веќе подостарени се немаат повеќе желба за трофеи па нека ги сменат што работат Морати и Бранка??..не се бара да купат ѕвезди туку да се подосвежи тимот со некој рандом млади поединци..синкир Јувентус и Милан по 100 милиони вложија за да направат вакви тимој и да се три пати поклваитетни од нас..
Се согласувам јас дека одлично играат.

Не се согласувам дека ќе играат така во ситуација кога ќе бидат на три фронта, кога ќе бидат без Пирло, кога ќе имаат здрави противници за трка. Ако го освојат скудетото ќе биде заслужено, ама доминација со оној квалитет, не.

Остај ја Бундес на страна, таму кој стигне победува, една година и Штутгарт беше првак. Во лига во која фудбалот се сваќа како шанса да се продадат што повеќе сендвичи на присутните, можни се секакви работи.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
ех ранко ранко магаре дртаво 100 годишно .... гледаш како можеле да играа снајдер и алварез во иста екипа , колку се всушност квалитетни оби и поли , дека и овие фудбалери знаат да играат напаѓачки ... ех навреме да го сменеше вокменот со i-pod , грамофонот со цд - плеер , vhs-oт со dvd и blue ray ... и да ти текнеше дека сме 21 век .
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Се согласувам јас дека одлично играат.

Не се согласувам дека ќе играат така во ситуација кога ќе бидат на три фронта, кога ќе бидат без Пирло, кога ќе имаат здрави противници за трка. Ако го освојат скудетото ќе биде заслужено, ама доминација со оној квалитет, не.

Остај ја Бундес на страна, таму кој стигне победува, една година и Штутгарт беше првак. Во лига во која фудбалот се сваќа како шанса да се продадат што повеќе сендвичи на присутните, можни се секакви работи.
:pos:
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
‎-Андреа Поли:

“Со Страмачони одлично се чувствувам,тој одлично си ја извршува работата.Треба да ги победиме сите натпревари
и да го освоиме третото место бидејќи клуб како Интер го
заслужува тоа.“

“Дерби натпреварите со Милан и Лацио ќе бидат тешки
натпревари но ние сакаме да ги победиме сите.Ова сезона
лошо ми започна бидејќи имав тешка повреда која долго
време ме држеше надвор од терените,многу беше тешко
за мене бидејќи требаше брзо да дојдам при себе.“

-Мојата иднина? “Ги одиграв 15те натпревари кои ми беа
запишани во договорот,сега веќе е сигурно дека Интер ќе
ме откупи и многу сум среќен за тоа.Ќе дадам се од себе
за овој тим.“
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Koga ke dojde Kutinjo, timot ke ni bide pechen za formacijata na Pep - bez napagjachi :D

Alvarez, Snajder, Kutinjo, Poli, Guarin, Lucas. + 4 odbrana. :D
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Гвардиола им соопштил на фудбалерите дека заминува, наскоро ќе се појави на прес конференција на која и официјално ќе ја соопшти одлуката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom