Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Види Иосоно, и ти и Маци до негде сте у право. Али не можеш да кажеш дека треба да се дава Снајдер за Пасторе бидејќи таа позиција воопшто не ни е загрозена во тимот. Треба да се иде на ризик во средниот ред, во напад па може и во одбрана. Да се најдат адекватни замени за Деки, Камби, Занети, Милито (тука ја најдовме веќе замената- Пацини), крилните позиции, е тука треба ризик, да се дадат пари па макар и 30 милиона за Санчез. Според мене позициите на Снајдер и Ето се најстабилни од цела екипа и не смеат да се чепкаат :)
Не викам да се даде, викам дека не би било трагедија, има играчи кои можат да се купат на таа позиција.
Ето е според мене недопирлив, човекот е убиец и тука е лудило да се чепка. Кога ќе се сетам после првите настапи во Интер како кукавме, те не бил за Италија, мал бил, ситен бил, не бил за ваков фудбал... а да не ги спомнувам славните дебати околу трампата со Ибра кога имавме мала граѓанска војна на фан-клубов... :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Абе момци Снајдер не треба да се продава ни на сон,во најдобрите фудбалски години е,лидер на екипата според мене,замена за Занети во поглед на професионалната и давањето се од себе на секоја утакмица.
Кукавме за Снајдер ако се сеќавате дека е склон на повреди и дека ќе се зезне Интер ако го земе,но се докажа спротивното,човекот немаше ниту една сериозна повреда од кога е во Интер,повреда која го оддалечила од терените на подолго време.
Јас не би го чепкал Снајдер ни под разно,заедно со Ето.

Составот од прилика вака би сакал да изгледа,не ме тепајте одма :)

Вивијано
Нагамото
Лусио
Самуел
Мајкон (освен ако не го продадат летово)
Санчез
Снајдер
Монтоливо
Мота
Ето Пацини

Замена за Мајкон ако го шитнат,талентот од Бразил,му заборавив име,а игра чинам на иста позиција со Мајкон :)
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.135
Нема везе, според досегашните шпекулации, Банега 9м евра, Монтоливо од 10 до 12 ( има само уште една година до истек на договор, не чини многу ), Санчез 15 до 20 плус неколку играчи ( Пандев, Коутињо, Сантон младинци ) и уште едно засилување за напад измеѓу 10 и 15 милиони евра.

За Тевез сум категорично против бидејќи парите дадени за него можат да донесат 2 имиња од напад.



Лани за лани, сега за сега, лани беше идеална година за неинвестирање бидејќи го имаа најсилниот тим во Европа, беа убедени дека тимот може да парира во Серија А ( со Бенитез ), за ЛШ реално гарант за успех од старт немаш, ко што рече лани Мур на старт, 10% се шансите да се освои тој трофеј пред сезона.
Никој не претпостави дека ќе има периоди кога 9 првотимци се повредени, реални да бидеме, и да донесеа 2-3 нови играчи, со толкава фрекфенција на повреди не беше можно да се извлечат добри резултати, прво имаш голем број на повреди, после враќање на тие играчи а истите физички не беа 100% подготвени, делуваа тромаво, полумртво на терен и таман ќе се опороавеа оп, уште една повреда.
Бенитез да не беше толку тврдоглав, да сменеше тренинг режими, да одговореше на критиките со промени а не со инат може и до ден денес ќе беше тренер на екипата зашто да отсуствуваше проблемот на повреди ќе беа дааалеку поконкурентни во Серија А, зашто со тој тим и на сила можеа да победуваат, вака со Алибек, Оби, Коутињо и Киево изгледаше ко Барса против Интер.

За нареднава година реално, и мало дете знае дека во тимот мора да се инвестира за да бидат конкурентни во Серија А и ЛШ, периодот за простор да не инвестираат помина, но пак ќе кажам, уз носењето на нови играчи огромна е веројатноста да се продаде едно име кое може да донесе над 20м евра, ја реков погоре на кого типувам.
банега само 9 милиони ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Заменлив е Снајдер, моментално само Ето е незаменлив во тимот и никој друг и само он не треба да се чепка. Неспоредлива е играта и мотивацијата што ја имаше Снајди под Мурињо(фактор Мурињо плус бонус фактор тоа што беше избркан од Реал Мадрид и беше желен за докажување), со која била после таа, и оваа сезона кога играше беше добар, но слободно може да го споредите со други плејмејкери кои даваат по 10 голови у сезона, додека Снајди дава само голови од слободен и по 1-2 од игра, но не ме напаѓајте, не викам да се шитне, мора да остане, бидејќи други позиции ни се дааалеку побитни...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Снајдер е креатор ама не е ист тип на креатор како и Пасторе. Снајдер никогаш нема да ја земе топката и да ја води 20+ метра во офанзива и по пат да издрибла 2/3 противнички играчи, Пасторе уште сега покажува знаци дека може ова да го прави, на 26 години еден зрел Пасторе за мене ке биде многу појак од кој било Снајдер (тој од реал, тој од лани, итн), АМА мене не ми треба трансфер од типот Снајдер аут, Пасторе ин. Со ова само во гомна се пикаме, верувајте и Меси да се донесе многу се мали шансите да успееме со овој тим + Меси.

Камби, Занети, уствари целата средина освен Мота, само ке го забават Меси, ова пример, не дека некогаш чекам Меси да дојде во Интер, ама еве како гледам јас на нашите стартери.

Одбраната освен Ранокија, никој друг не гледам за долго решеније во тимот. Ете нешто читам Кришито сакат да го вратат, Андреоли сакат, нешто све се силат на италијански тим да направат, ама што фајде од тоа? Вивиано е добар, ама подобар од Цезар не е. Голманот на Лион е добар, Де Геа има шанси да стане ѕвер, ама не, овие се скапи играчи, а скапото не вреди според Интер.

За Монтоливо читам работи, и све поубеден сум дека освен еден тежок просек ништо повеќе не е, Банега добар е, ама му требат соиграчи, треба Снајдер да остане ако се донесе овај + крило, ова е must!

Идеална формација за следната сезона според мене би требало да изгледа вака:

Цезар (освен ако не дојде голманот на Лион, ама тоа ни во најлуди соништа)

Сантон-Ранокија-Самуел-Сисоко (лион)
Мота-Банега
Пасторе
Санчез-Ето
Пацини​

Резерви: Лусио, Кардиола (ако го биде), Нагатомо (зошто знам дека ке го земат гнидиве наши), Кастањос, Кутињо, Камби, Станко, Занети,

Друго све аут за пари, или пак на местото на Пасторе да биде Снајдер, ама со услов за уште еден комплетен играч од средината, Хамшик или кај нас или во Наполи, ако успеат милан да го земат... Е сега, ни треба и уште еден напаѓач, ама како што реков све тоа ако остане Снајдер, тој напаѓ би сакал да биде Нејмар, што знаете бе, можно е Лео да го земе за под 20 милиони.

Така да, кој не се согласува со ова, океј, мое е мислењево, ни твое ни на петко. Мое.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е скап Де Геа, Манчестер го договори веќе за 17 милиона. :)
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
банега само 9 милиони ?
Да, толку се споменуваше во оние статии кои го поврзуваа со Интер, можно е толкава да му е и откупната клаузула, појма неам.
Него сеа глеам и Исла од Удинезе влага во комбинација, 100 имиња влегоа во комбинација така да кревам раце од муабетиве, ќе чекам официјализирање на трансферите па ќе го терам муабетов, ваквите недефинирани трансфер лета со 100 комбинации што поминуваат низ веснициве се хорор.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Не е скап Де Геа, Манчестер го договори веќе за 17 милиона. :)
17 милиони за Интер не се многу, премногу се. Не знам дали знаеш за новото правилото ФФППЗИИСИ (ФИФА ФЕР ПЛЕЈ ПРАВИЛО ЗА ИНТЕР И САМО ИНТЕР)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Да, толку се споменуваше во оние статии кои го поврзуваа со Интер, можно е толкава да му е и откупната клаузула, појма неам.
Него сеа глеам и Исла од Удинезе влага во комбинација, 100 имиња влегоа во комбинација така да кревам раце од муабетиве, ќе чекам официјализирање на трансферите па ќе го терам муабетов, ваквите недефинирани трансфер лета со 100 комбинации што поминуваат низ веснициве се хорор.
Исла е одличен бек, тоа би значело дека Маикон се продава.
 

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156
Нормално сите се имаме свои желби , но незнам како може некој да ги изостави Снајдер и Лусио , тие двајца се сигурни за в година . Мислам дека ќе гледаме нови играчи само во средината и евентуално некое крило да се земе .

-------------------- Цезар --------------------

Маикон----Самуел----Лусио------Нага/Киву

------------Занети/Мота----Монтоливо------

-------------------Снајдер----------------------

------?????---------Пацини-------Ето-----------

Мое мислење е ова , еден од Монтоливо и Банега сигурно иде , а најверојатно Монтоливо . Го немам гледано многу многу и незнам дали е материјал за Интер , но добро е кога некој иде . Сите се нафрливме на Карја , а човекот не направи ништо лошо , само придонесе , колку - толку , во рамките на неговиот капацитет .

Е сега кога станува збор за Санчез , тука е малце комплицирано . Интер нема да даде толку пари колку што бара Удинезе , ама има играчи кои може да ги испрати таму , единствено така може да дојде Санчез иначе само ќе сонуваме за таков трансфер . Не очекувам ништо спектакуларно од нашата управа , ќе се оди на евтини играчи според мене .

Мислам дека време е Кордоба да се пензионира или се врати во Колумбија кај што почнал и да останат Ранокија , Киву и Матрикс . Ранокија треба уште многу за да го фати местото на Самуел , за мене Самуел е прва опција но ќе видиме која е за Лео .

За иднава сезона едно не сум сигурен , дали Капитенот ќе се префрли на клупа или не , а мислам дека е време .. Во него и Станкович и Камбиасо гледам добри замени од клупа , а Мунтари и Марига треба да се искористат за добивање на нови играчи во случајов Монтоливо т.е Банега , и да има пари да се купи Санчез , да се надеваме :)

Нападот ни е солиеден , со доаѓањето на Холанѓанецон ќе имаме нов џокер покрај Милито и Пандев ако не замине некој од нив , и на крај ѓуптинон Суазо ако го видам во состав за вгодина одам Милано и го убивам . БИЧЕ ЖУСТРО :) Форца Интернационале !!!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Здраво момци.

Отсеа ќе изигравам Diegus од Интер форумот.
Најпрво за утакмицата во недела, очекувам рутински 2:0 Палермо се импулсивен млад тим и не можат да се носат со искусни ѕверки во вакви натпреварувања.

Голманите остануваат.

Во одбраната Занети прекомандуван на лева(грешка и ваљда пак на полусезона ќе крпиме дупки со безвезен лев бек), Самуел и Лусио и вклопување пополека на Ранокиа со една од ѕверкиве. На милион пати покажа годинава дека е ужасен во позиционирање и затоа мора да игра со добар партнер, за да се искалеми. Десно Нагатомико. Киву прекомандован на централната позиција како втора варијанта. Сантон на позајмица во Удине. Андреоли последна опција после Кордоба. Маикон аут. Матераци, Баскерфест 2011.

Среден ред, стандардните деструктивци Камби, Мота, појачани со еден Монтоливо. Колку и да го сакав заедно со Пацини во Интер, сепак покажа дека е далеку од она што прикажуваше на старт на кариерата. Опција два, Мота аут Банега ин. Ова е фантастична комбинација за Интер но според ова што изјавува Морати има други замисли. Претходниот ден изјави дека нема шанса Монтоливо во Интер, аналогно веќе е потпишан договорот со него. Деки на одмор во Фиренца и да му се изваја таму еден споменик па да се врати да грее клупа годинава и да го доодработи доброзаслужениот чек. Мунтари, Оби и Поли на ротација и куп средби. Снајдер. Кутињо на позајмица.

Напад.
Санчез, Пацини, Ето. Клупа Милито. Пандев, Суазо аут, Обина назад. Кастињос.


баш ќе си зачувам постот да видиме за 3 месеца колку не сум бил во право. :)
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Стварно излегла новата менаџер? :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Стварно излегла новата менаџер? :)
Јас веќе тотал фудбал менаџер 2010 си ги префрлив Санчез,Пасторе и Лавеци а ги продадов Пандев,Милито и Суазо..:).....и тимот ми е:vozbud:.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Евер Банега потпиша сезона по доаѓањето на Гаго во Реал. Во Бока беа главни носители на играта. Впрочем Бенега му беше замена на Гаго. Работите се сменија во корист на Банега кој прерасна во појак играч од Гаго. Валенсија го купи за 18милиони. Не гледам како би се откажале од својот најдобар мидфилдер за 9милиони. Дупло помалку од цената за која го купија кога беше копиљ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom