Можете да тролате колку сакате против Раниери, ама денес го направи она што секој од нас го бараше. Добро, освен за формацијата и левиот бек.
Го играше Оби, го стави Кастињос, го стави и Алварез. Нели, тоа сакавме? Почнувам да се сложувам со него дека тимов не е кондиционо подготвен, односно дека е тим за едно полувреме. Во првото, имаа сигурно едно 6-7 шанси, во второ, една или две. Најдете разлика.
Од она што треба да го научи денес е дека 4-4-2 не иде во Интер, не може Оби да игра лево крило, а Занети десно, зошто во средина со таков Камбиасо видовме како ни влагаа. Даље, Оби ќине, каков Дејо, можеше да игра цели 90 минути и пак ќе им влагаше како што им влагаше. Мислам дека и самиот виде дека со Алварез во тимот подобро иде него ли со Снајдер. Да, нормален сум, на вториов ако не му се игра нека пакува куфери и нека иде кај Ферги. Што направи освен што изгуби неколку топки и што ќе се затепаше со судијата? За разлика од него, детево ги седна Видал и компанија неколку пати на гз, едноставно се шеташе низ одбраната, ја размрда играта колку толку.
Се чудам само зошто уште Нагатомо добива шанса? Типот е просек, добар е, ама добар е за на клупа, но Џонатан/Занети или Киву милион пати подобро би изиграле место него. Се опарија од дресови и реквизити во Јапонија, доста му беше.
Гледаме дека Раниери учи од грешките, да, лузер е, ама не е тврдоглав. Не знам, не сум песимиста за сезонава, иако титула не освајаме, ама очекувам подобро по ова денес.