Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.915
Затоа ќе не усреќат со мртвиот Блеки Миленкович што дно пробива на првенствово наместо Шкринијар, без нервози.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.396
Не иде со тој, игра каде што е Бастони буквално, ист тип на играчи се, тој ако го изгубат Бастони иначе џабе ќе го носат вака, иначе не е лош играч ама не е опција идеална ако се изгуби Шкринијар, всушност не ни има опција за него, едноставно ќе ослабнат драстично и тоа е тоа ако се деси овој да замине.
Да, во право си.
Морам да признаам освен овие три натпревари на Светско, вкупно еднаш го имам гледано овој и тоа кога играше за Монако.
Ми фати око, мислам дека има одлични предиспозиции да стане врвна класа одбранбен и ме потсеќа во тоа колку е борбен и стартовите на Шкриниар.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.051
Поени од реакции
12.508
Добар Дамфриз.
Ќе можат кинезите да напраат некој динар и на него летоска :D

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.915
Се надевам гледаат премиерлигашиве и спремаат 40М за него.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.427
Слабиот Дамфриз со гол и две асистенции според Ватрен Скелото, Маркез Коко и СК92 Џонатан...
Но сепак да не го заборавиме прекалениот фудбалски експерт за бекови Урко Ван Бронкхорст.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
И на европско играше вака затоа и го земаа нашиве, ама кај нас реално е дупка. Два пати има изиграно на ова ниво, другите натпревари еднаш не проба да го пројде својот чувар.
 

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Типична фудбалска среќа има намќорот, ако некој уште мисли дека е јак очигледно има слабо фудбалско познавање. Среќата го пратеше кај двете асистенции каде напамет ја упатува топката без да крени глава, како некој вол механички ја лупа. Истото го игра во Интер. Како е можно да асистираш во контра напад или да планираш да нафрлаш без да крениш глава и да видиш кај има играч на терен? Ова се учи на тренинг не во јуниорски левел туку во цицибани, кога дресот е поголем од тебе и те учат како се подава топка на 2метри. Никој не можи да ме разубеди дека е добар бек а камоли јак, а во никој случај да биди стартер во клуб како Интер. За голот не коментирам, таму му е местото и таму треба да очекува топка, ништо посебно и ништо спектакуларно. Ако има некој паметен во клубот да го шитни дур има цена да не спаси од јад и чемер.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.427
Ок е СК 92 моеш импресии да пишеш од утакмицата ти ебам тоа мртвиот ти ебам, или заврши на кардиологија откако виде на што си фрлил 1000 евра за да гледаш хехехе
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.396
Ок е СК 92 моеш импресии да пишеш од утакмицата ти ебам тоа мртвиот ти ебам, или заврши на кардиологија откако виде на што си фрлил 1000 евра за да гледаш хехехе
Чекај, една зурла да се пафне, па да се создаде мислење. :)
Спомнав и дента кога ја купив картата дека ќе биде на стадионот на Хибернианс а не на националниот стадион во Малта и мислев дека направија грешка.
Арно ама, прв пат идам на стадионов и освен што заглавивме во сообраќај еден саат за до стадион се друго си беше на место. Најверојатно и автобусите на Интер заглавиле во сообраќај па затоа почна со пола час задоцнување.
Стадионот од надвор делува прилично ружно но внатре, односно трибините, ВИП ложата па се до тоалети киоски е многу подобро организирано од националниот стадион. Теренот е истотака во одлична состојба. Можете да видите и на видеата од социјалните профили на Интер а и од сликите подолу.
Друга предност за стадионот е што трибините се многу близу до теренот и играчите ми беа на буквално 5 метри одалечени.
Е сега, ставиле стакла место метална ограда и денеска падна температурата, плус малку влажност и цели стакла се замаглија па не можев да направам убави фотки. Тие во први редови го јадеа, второ полувреме се качија најгоре.

Интер пристигна со два автобуси и почнаа одма со загревање.
Сум гледал доста натпревари, и од блиску и од далеку, и од високо и од ниско. Сум бил и на Местаља, и на Турк Телеком Арена, националната арена во Букурешт, Сан Сиро, Олимпико други помали и небитни стадиони ама искрено кога ги видов од волку блиску Бастони, Ачерби, Џеко и Шкриниар, евидентна е разликата. Огромни луѓе. Ачерби е највисок и делува како најцврст од сите овие кога го гледаш на 10 метри од тебе. Барела не почна прва постава и кога излезе со резервите, односно децата од примавера, не можеш да го издвоиш. Мислиш и он некој копиљ. :)
Димарко исто ситен делува во споредба со Госенс ама му свети жутата глава па одма го лоцираш. А да не го заборавам и Ханда, тој може е најголем. Вистински стап.
Госенс нешто у депре е паднат. Кога излегуваа од игра сите мораа да поминат од тука каде што седев јас за да одат до соблекувална и кој како излезе му се дерат и следува аплауз од играчот. Госенс онака како видно изнервиран нешто едвај крена рака и после малце ко да му падна глупо па се сврте и аплаудираше. Инзаги на пример ептен не испоштуе. Застана тука и аплаудираше.
Публиката углавном малтешка, ама сите против Гзира. :D Голем и организиран клуб е Интер Малта. Знаев и претходно дека има голема фан база со оглед на тоа дека луѓето во своите средни години кога растеле главни тв програми им биле италијанските, ама дојдоа во сериозен број денес. Со знамиња, сите скоро со скупи тренерки, дуксови, дресови...
Стои тоа дека улога си има економската состојба на луѓето тука, ама не може да им се земе од трудот кој го вложуваат. Они го имаат донесено и Хавиер Занети пред некоја година и имаа кортео лани преку ден кога Интер славеа скудето. Со коли, сите со шалови, дресови, бакљи...:LOL:

Играта не би да ја коментирам заради квалитетот на противникот.
Не се малтешките екипи толку слаби како што сите ги мислат. Они на пример оваа година го избација Раднички Ниш, пред сезона или две Хајдук а и со Волфсбергер изиграа 0-0 ама јасна е разликата со Интер иако мислам дека беше ок противник како за прв натпревар после таа пауза.

Заборавив да спомнам - Дека трибините близу и немаше премногу публика, можевме да ги чуеме и коментарите на играчите во игра. Освен што Инзаги е урлач и најгласен на терен, можев да видам дека Ачерби истотака е доста зборлив. Цело време он е тој што кажува на терен кој да утрча, он е тој што ги вика назад. Бастони е така ќутлив, а исто делува и Чаланоглу. Ок, ова може да варира и може да е само моја импресија. Недостасуваат и играчи кои се доста битни во креирање на играта па можеби е сосема друго кога играат на повисоко ниво. Али вака највеќе делува дека не се џафкаџии како што ги гледаме на телевизија одредени ликови и дека го слушаат Инзаги.

Го снимив и голот на Чаланоглу од слободен ама па не знам како да прикачам видео директно од телефон.
Направив повеќе видеа отколку слики и не можам да доловам реална слика, ама еве нешто од нешто колку да имате идеа:

20221205_200443.jpg


20221205_194226.jpg


20221205_182929.jpg

20221205_175237.jpg



20221205_175757.jpg

20221205_175753.jpg
 
Последно уредено:

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.329
Поени од реакции
6.225
Браос брату алал да ти е!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.396
Досаден ли е Барела со тоа гестикулациите како што изгледа на тв? :D
Слабо го глеав Барела. Не излезе на загревање а второ директно од соблекувалните на терен и играше повеќе десно, што значи на другата страна каде нема трибина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom