Што мисли Конте со ваков среден ред ја не знам, ама друга екипа, технички подобра од Милан вчера 7-0 ќе не тепаше. Брозовиќ не може да игра со партнер у средина, или сам централно или со 2ца до него. Со Видал вчера двајцата беа премногу блиску. Барела непотребно игра толку високо напред, само ќе изгори вака.
Средниот ред му е точно по мерка да го игра тоа што го знае, има 2ца регисти - централни везњаци плејови у Броз и Сенси, има кучиња да ринат у Барела и Видал, па и Раџа е тука и Гаљардини и Весино ко ќе се врати. Стај ги Барела и Видал до Брозовиќ и Сенси и чао пријатно. Ериксен ме боли кур нека влага од клупа ако му се игра ако не нека си иде зимово. Конте пробува со друг тип на играчи да научи да игра 3412, прво самиот себе па после ваљда Ериксен. Нека не го гори Барела таму.
Друга чудна работа, кај има 2ца офанзивни бекови, скоро крила што не играат нешто изразито у одбрана, и он на тоа што праи, везњакот го гура уште понапред, уште поголема дупка да остане у средниот ред и да мораат бековите што играат штопери да испаѓаат напред. И Де Фрај вака ќе умре, вчера неколку пати излета ван позиција, ако не се лажам скроз испадна у ситуацијата за пеналот над Ибра. Какви бетонски одбрани имал у тимовите што ги водел, ова на ништо не му личи. Ќе ти ебам мајката еден Гери Кејхил ти играше страничен штопер, не ми глуми лудило дека Миланчо не може тоа да игра.
Трета работа, Бастони, лани планиран за ротација, од нигде никаде заигра прв состав и напраи едни Годин и Шкринијар да се борат за една позиција, се заигра и сеа му носиш конкуренција од 35 годишен играч чија позиција е нешто сосема друго. Наместо да го дозабетонираш детето у прв состав ти ќе му ја сецкаш минутажата сеа за играч што ќе биде тука 1 година само. Ја мислам дека Шкринијар ќе игра прва постава ама истотака и Коларов. Нејќам да верувам дека Конте е скроз отиден и дека ќе го напраи ова ама на тоа ме асоцира некако. Која му е идеата со Коларов искрено не знам, ја мислев дека ќе го користи ко лев крилен бек ама овој е сериозен у намерата да го игра штопер. Не го бива таму, спор е, очајно се поставува у дефанзива. Вчера Сусо да играше ќе не упропастеше бе што ви е на вас.
Како може сеа и тоа да забораи, да постави везен ред ебате глупакот, само се кара со судијата.
У напад, ок е тоа што би рекол Урко центарското играње на Лукаку ама не цело време. Повеќе треба Лаутаро да искача и да разигрува, да отворат позиција за Хакими и овој да сервира за Лукаку кој веќе ќе биде наместен на позиција. А не цело време Лукаку да бега на страна или да се враќа длабоко накај средината па доека се сврти па доека се намести, се губи време у акцијата. Мора за Хакими да се праат чисти шанси, вчера неколку пати имавме такви акции, дечкото е струја. Страв ми е да не изгори и он со оглед на тоа што на левата страна сме скроз умрени со Перишиќ. Бреј колку двои еј, онака убер лошо двоење. Ко на времето некои мртваци што ни играа, десно Маикон ти врие и лево ќе му подадеш на Киву со тоа капуљачата, па ајде полека доека се намести и му ја врати на Самуел назад или на Мота у средина, ништо корисно, некад штетно. Да е жив и здрав Јанг само, барем до зимоска.
Мене не ми се свиѓа Интер сега за сега, можда е уште рано да се коментира, доста работи не ни идеа у корист од почетокот па и сеа со коронава и репрезентациите баш пред дербиво... ама тоа што гледам на терен ме загрижува.