Сака да каже дека зделката на двата играчи е вредна 50мил евра, а не дека еден играч со даноци ќе коштал 50мил.
И јас како што прочитав тоа со накурчувањето го изјавил Аусилио а не Марота. И како што разбрав Марота бил близок пријател со Петраки, па мислам дека затоа целата вина ќе "легне" на Аусилио. А тоа можело да го кошта и непродолжување на договорот на лето. Не дека само овој трансфер е причината, се гледа дека Аусилио не е способен да изведе комплицирани зделки и дека во таквите знаел често да биде обработен. Од како што дојде Марота се гледа разликата во самиот пристап на Интер на трансфер пазарот, зделките се склучуваат по отежнато, со подолг временски период, со поголемо мачење и за самите навивачи кога чекаат некој да потпише, дури и по долги преговори може да не се земе играчот, али битно нема многу одстапки во преговорите, се оди на друга мета. Додека Аусилио беше малку брз и нестрплив, гледаше на брзина "да заврши работа".
Марота сега на лето ќе си најде "нов Паратичи", нема да биде некој "стар волк" туку талентиран дс со голем потенцијал.