Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Де бе, еден пораз и отиде сезонава, а?

Па ова им е шестти натпревар во 18 дена, секој трет ден играат, мора да се падне. Башка, без Цезар, Снајдер и Милито (ова значи две добри замени на клупа), очекувано е да се изгуби еден натпревар. Вие очекувавте сите до крај да се тепаат мајку му.

Не бидете како Биланезиве. Они против Лече сами се отпишаа дека ја изгубиле титулата, а сега после еден кикс на Интер главни се на форум.

За Пандев нема потреба да се збори. Зошто го исвиркуваат на Меаца? Ете зошто, еден шут на гол немаше!
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Тоа е. Одлични бевме ама немавме среќа... XD
што одлично видовте во нашата игра??
две подавања не сврзаа... головите може беа поклонети/згрешени... ама ние не сме Албинолефе па да ни паѓа морал и да заборавиме да играме фудбал... си примил гол, си примил, те оштетиле те оштетиле, знам дека се преморени играчите, знам дека нема кадарна замена на клупа, и тие што се на терен пола се боси, пола со реума у кичмите... не знам за вас ама јас ништо добро не видов денес за да кажам дека сме имале воопшто игра... а камоли дека сме биле одлични
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.865
Добро никој нема да рече лош збор за ЛЕОНАРДО?? Па од 45 мин до 69 мин Интер немаше НИТУ еден шут на гол а него не му текнува да направи некој измена.Гледаш дека не оди, смени нешто.Ах Мурињо, Мурињо од 50 мин ќе извадеше одбранбен и ќе ставеше напаѓач
Што да го коментираш Лео кога мечот го загубија уште во 21вата минута ...
Незнам што може да се очекува од човек кој сеуште го учи овој занает по тоа фијаско во 21ва и 25тата минута во ситуација кога му се врзани рацете, од една страна ги нема Цезар, Снајдер и Милито а на клупата единствен офанзивец е Бијабијани ( а на терен има и напаѓач кој може да игра 60 мин ), од друга, дојде во тим каде играчите сами изјавуваа дека немале желба за фудбал под водство на Рафа. Башка и види им го Јануари каков им е со распоред на натпревари, се чудев на оптимизмов кој го имаат дел од членовиве тука, и ради работите што сега ги набројав а и поради фактот што евидентно беше дека Интер сеуште има уште леб да јаде за да го стигне она посакувано ниво ( покажаа слабости на сите претходни дуели ).

Бидете среќни што дупло е намалена разликата со Милан а уште Јануари не завршил, не е крај на Светот за Интер денешниов пораз, има уште бајаги за играње али што порано успеат да се стабилизираат и со играчи ( враќање на повредените ) и со игра и форма, толку подобро за нив, зашто вака тешко дека ќе можат да се борат титулата.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.865
Biabiani, Kastelaci, Pandev, Mariga, Kastinjos, deca od maalot, cigani... :pos:
Епа кој да игра кога се повредени тројца перманентни првотимци ?
Лани тоа беа Толдо, Кварезма и играч кој го колнеа сите што не трча по тереен и што не се залага, Балотели. Првите двајца не се ништо поарни од оние кои сега Интер ги има, единствено Балотели се двоеше но најмногу ради талентот кој го поседуваше и потенцијалот кој го има да прерасне во одличен фудбалер, ама на терен, поготово во вториот дел од сезоната ( кога повеќе штетеше на екипата отколку што истата имаше корист од него ), он ништо од тоа не покажуваше.
Сигурно нема Торес да му биде замена на Милито, а Пасторе на Снајдер или Касиљас на Цезар.

Причината за поразот денес барајте ја у очајот од грешки кои ги направија во 21ва и 25та, инаку феноменално си го отворија мечот со голот на Дејо, имаа СЕ за да победат, а така ефтино тоа го прокоцкаа, еј, види го само првиот гол и Се ке ти стане јасно, дефанзивец кој е деснак ти дава гол со лева во ситуација кога веќе топката е исфрлена по изведениот корнер. Од тој момент се отиде у пм за Интер, денес Интер само 20 минути играше фудбал и толку.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Па добро прв пораз за Лео,мора да киксне еднаш нема само победи.За вториот ајде некако може не рипнале во живиот зид,али за третиот Кастелаци мамето чивча негово,пливаше едноставно и сакам да знам до коа се врака Цезар.Него имам едно прашање за сите фанови на Интер на форумов,дали го видовте Пандев еве цела утакмица 90мин да упати барем еден шут кон гол? барем еден да упатеше срекен ке бев,ова е невидена срамота се движи како желка,порано барем добро се градеше сеа и тоа не знае,еве земете за пример првиот гол.Ако продолжи вака другата год ништо чудно да биде и шитнат таков играч не е за во Интер.

П.С Убаво пишаа погоре,нека си остане во Удине струмичанецот,уште 15 мил и да си го земеме фино и лепо САНЧЕЗ ! :)

--- надополнето ---

многу си вицкаст Ха Ха Ха
:pos::pos::pos: Да беше денес Бенитез,сигурно Кордоба ке играше лев бек ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Добро никој нема да рече лош збор за ЛЕОНАРДО?? Па од 45 мин до 69 мин Интер немаше НИТУ еден шут на гол а него не му текнува да направи некој измена.Гледаш дека не оди, смени нешто.Ах Мурињо, Мурињо од 50 мин ќе извадеше одбранбен и ќе ставеше напаѓач
Очекував дека ќе направи замена од 63-67 минута, не се смејте, претходните натпревари забележав дека тогаш ја правеше првата измена кога не одеше, Пандев кога ја свртеа влезе во 66-67, а ние сега третиот гол го примивме 69 минута, и сега ќе го копирам Syn, да влезеше друг немаше да примиме гол :)
Како и да е, мораше порано да направи замена, Марига или Оби требаше да влезе, и така полоши не можевме да бидеме.

Боби[Мкд];4044475 напиша:
Ја едно ќе кажам, Бенитез е 100 пати подобар од овој анонимусов.
Ах Боби...:pipi:
Абе од клупа, накај 60та да влезе способен е колку толку разлика да направи на терен, ко со Катанија, вака од старт веќе почнува и да се губи, а во второ и паѓа на физички план, ебате фудбалерот што не може 90 мин да издржи.
Да де, против екипи како Катанија ќе направи и Бјамбјани разлика, но финтата е да се направи разлика против подобри екипи. Лани имавме џокер во вистинска смисла на зборот, тоа беше Балотели. Го продадовме за 20 милиони, сумата си кажува сама за себе каков играч сме имале на клупа.

Fifa fair play :icon_lol:, Biabiani, Kastelaci, Pandev, Mariga, Kastinjos, deca od maalot, cigani... :pos:

Ne citirajte, ne pisuvam poveke, ke treba da ve pcujam, od takt me izvade Pandev
Од инат ќе те цитирам, пораки само да ти стигаат.
Сериозно, вади пасош, кај и да е ќе Бранка ќе бара free players да отидеме на проба, сигурно ќе му фатиме место на Бјамбјани.
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Од инат ќе те цитирам, пораки само да ти стигаат.
Сериозно, вади пасош, кај и да е ќе Бранка ќе бара free players да отидеме на проба, сигурно ќе му фатиме место на Бјамбјани.
и така Милито не е у форма, ПаЛМдев е дрво недоделкано, Бамби нема врска од животот, со ЕТО опасен тандем ќе бидеме...
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
За дуелот со Палермо, Станкович, Кордоба, Киву, Снајдер и Џулионе се ни аут! Значи, ќе мора повторно да го гледаме Кастелаци, убаво е што ќе го видиме Ранокиа и најверојатно Сантон како лев бек. Или Занети лев бек, а Марига/Мунтари/Кутињо стартери. Како и да го вртиш има проблеми со првиот тим, а Палермо не се ни малку наивен тим.

Туку остави Сериа А, што правиме против Баерн?!? Уште 2-3 недели не очекува тој дуел, уште една недела е отворен трансфер пазарот, така да МОРА да се донесе уште еден напаѓач и евентуално лев бек, инаку тешко нас...
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Немаме достојна замена за Хулио Цезар, за првиот и третиот гол е крив Кастелаци...

Милан го имаат Абијати, замена Амелиа
Јуве го имаат Буфон, замена Сторари
Рома го имаат Х. Серџо, замена Дони ... сите замени 3 класи подобри од Драганче наш!

Очајни бевме денес, а Удинезе заедно со Санчез, Ди Натале и Армеро беа како Барса II !!
Инаку, Санчез го јаде денес јако! Најмногу удари доби :)

Едноставно е, шиткање на Мунтари, Ривас, Суазо, Мунтари, Бијабијани, пензионирање на Матриксот, Кастелаци и Орландони и носење на Санчез ( број 7), Гансо (број 11)

1. Хулио Цезар + 2ца голмани

2. Ранокија, Самуел, Лусио, Кордоба, Киву, Маикон, Занети, Сантон

3. Камбиасо, Т. Мота, Станкович, Снајдер, Кутињо, Гансо

4. Милито, Ето, Пандев, Санчез

+ Оби, Алибек, Нванко

= 24ца ... тамам!

Едит: Сантон го заборавив...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
и така Милито не е у форма, ПаЛМдев е дрво недоделкано, Бамби нема врска од животот, со ЕТО опасен тандем ќе бидеме...
Дефинитивно. Вака лоши не бевме ни во времето на Рафа кога игравме со 4 примавера играчи.
За дуелот со Палермо, Станкович, Кордоба, Киву, Снајдер и Џулионе се ни аут! Значи, ќе мора повторно да го гледаме Кастелаци, убаво е што ќе го видиме Ранокиа и најверојатно Сантон како лев бек. Или Занети лев бек, а Марига/Мунтари/Кутињо стартери. Како и да го вртиш има проблеми со првиот тим, а Палермо не се ни малку наивен тим.

Туку остави Сериа А, што правиме против Баерн?!? Уште 2-3 недели не очекува тој дуел, уште една недела е отворен трансфер пазарот, така да МОРА да се донесе уште еден напаѓач и евентуално лев бек, инаку тешко нас...
:pos: Уште очекуваш да купиме некој. Никој не доаѓа, едно време требаше да дотуркаме до јануари за да се купи нешто, кога стигнавме до таму ни рекоа да чекаме до јуни. Тогаш ќе видиме дека имаме 150 милиони загуба(поради тоа што нема да освоиме ЛШ) па ќе мораме да исполнуваме услови за уште нестасаното ффп правило. Едно време требаше да продадеме играчи за да купиме, ни тоа не се случи. Најстар тим имаме во Европа, па што, Станковиќ 60 минути може да изигра, Пандев исто, а замените нивни во случај да губиме може само да помогнат да не примиме некој гол, за давање мало сутра...
Ај доста изнапишав, сепак ќе си го кренеме скудетото во мај :)
 
Член од
29 април 2010
Мислења
1.123
Поени од реакции
170
ОООООООО комшики ,кај ви е денес метерологот Васко ,да не умрел ос студ случајно...
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
^ Дај боже да го кренеме,другата со Палермо би можело Кутињо да игра како плеј.Милито дај боже да се опорави,да не го гледам оној чушки френки како ми се тркала по терен,и така да Милито и Ето во нападаот позади нив Кутињо и тоа е тоа.

П.С Кире дај стај го Пандев на аватар да видам што ке се деси ! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom