Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
1. Иако прави проблеми, јас сум од оние кој не е за продажба на Балотели по секоја цена. Во Интер и порано играле проблематични фудбалери, играле и такви што биле против Интер (као Грешко), играле секакви дрва за Интер од Консеисао па до Адани.. ама ич не ме занима што вика Курва Норд.. Таа се скара и со Златан, го провоцираше, за Морати и Мурињо да застанат на негова страна, разликата меѓу Златан и Марио е што овој вториов има помалку мозок и искуство, па не се снајде во ситуацијата од некни.. Ако Марио се извинува, ако е вистина тоа, јас не би го продавал, не по цена која ја има сега.. Некои си 10 тина милиони, а вреди преку 30 со годините и талентот..

2. И јас го сакам Торес де.. Ама ај кажете ми каде ќе игра.. Милито сигурно ќе го играме и вгодина.. Доколку на Милито не му оди тогаш на таа позиција може да игра и Ето, па и Марио.. Јас сум за носење на офанзивен играч кој може да игра и лево и десно, како што тоа го прават Ето и Пандев.. Оваа сезона имавме среќа досега, никој не се повреди.. Што ако се повредеше еден од нив и го немавме за со Челзи? За со ЦСКА? За со Барса? Марио ли ќе и помагаше на одбраната? Не!
Е сега ако ме прашате веќе кој.. Тогаш врска немам.. Јас би одел на варијантата Франк Рибери.. Мислам дека откако ќе станеме европски шампиони, ќе размисли дали да оде во Реал или да оди во Интер кај Мурињо..
И секако да не заборавам.. Мојата неостварена желба.. Можеби и фантазија е.. Кристиано Роналдо.. Измислен за позициите на Ето и Пандев.. :pipi:

3. Со Челзи дома тепавме, гости изигравме X-2; Со ЦСКА дома тепавме гости изигравме 2-2; Со Барселона дома изигравме, гости изгледа ќе биде или 1-2, или конечен X; Знаејќи го Интер, се плашам дека ќе не умре со она првото..:pipi:
Се се ама ова не. Кристијано Роналдо не можам да го смислам во Манчестер и Реал, а не дај боже да дојде во Интер. Ќе тргнам по стапките на Торпедо!

Инаку и 1-2 ќе ја пуштиме, има 51 коефициент. На 0,2 центи - 10 Евра! Било што нека излезе, па ако сака и 1-1 само да се пласираме во финале. И што е најважно, доколку се пласираме, Занети во никој случај да не добие жолт. Нема да е интересно финалето без него, напротив многу сентиментално некако ќе биде и тажно - играчот кој 15 години чека на такво нешто, кога ќе дочека да не биде дел од тимот.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Дечки кога почнавте веќе за марио според мене можи слободно да се изрка џенемите..нека се гони кај што сака ионака сигурен сум дека ќе најдиме соодветна замена(но не Агуеро)..мислам дека некој крилен играч би доведеле мурињо и морати..(Ди Мариа,Красич ) и моја неостварена желба(што би рекол ибракадабра) за мене е Касано...според мене најмногу би се вклопел( и тука се гуркуф и де роси(за овој вториот можиме да сонуваме)..е овие тројца да се донесат ќе бидиме невиден тим според мене..можеби не подобар од денешнава Барселона но сепак тоа ќе биди казнена експедиција..и за скудетото би се прошетале а не вака да се глупираме на гостински терен па на крајот Рома со бриги и перота да ни земи титула пред око:toe:..јас мислам да ја освоиме ЛШ е тогаш би било делириум за сите хејтери на Интер кои тврдеа дека интер никогаш нема да биди европски шампион..уфф се би дал за тој трофеј ..постепено првин аталанта тренинг утакмица(или не?) потоа одиме на кампот за да му ги затниме муцките на каталонците кои се сигурни во победа....
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
Балотели е тргнат од составот за утре на барање на Морати а причината е избегнување на некои несакани дешавки на Меаца и смалување на тензијата која се создаде по мечот со Барса.
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
353
Поени од реакции
21
Eve go pismoto od Kurva Nord prevedeno e na Makedonski.


Писмо од „Курва Норд“ до Марио Балотели

Ултрасите на Интер обединети во северната трибина на стадионот Џузепе Меаца, испратија отворено писмо до напаѓачот на својот омилен тим, Марио Балотели.

Тие решија да завземат страна по однос на многукратните скандали на црномурестиот напаѓач а особено после она што го направи за време на првиот полуфинален натпревар против Барселона. Еве што велат фановите на Интер:

Здраво СуперМарио,

После реките од зборови у мастила кои што излегоа по твоите дејствиа за време на натпреварот помеѓу Интер и Барселона, сега ние смирено ќе ги кажиме нашите зборови.

Знаеш, ти не подлегна на тој дожд од свирежи од целиот стадион поради еден удар од далечина или поради едно непрецизно додавање или пак непрецизен дриблинг, туку од гневот што гледавме десет други фудбалери кои го носеа истиот дрес како тебе, преуморни, откако 90 минути трчеле до последно да помогнат на своите колеги, додека ти си чекаше на средината на теренот во типичен дрзок стил на неблагодарник, којшто има нешто повеќе од сите и од се.

Освен тоа како би можел ти кој си на патот да станеш најсилниот играч во светот да постигнеш гол во финале на Светско првенство, да се потиш за тим кој што игра полуфинале во Лигата на Шампионите?

Гледаме што мислат другите за тоа, и на кого му е грижа ако тие се шампиони, некои кои имаат два пати повеќе од твоите години, сите репрезентативци на своите држави и со толку многу триумфи колку што ти неможеш ни да ги сонуваш?

Се разбира дека ти заслужуваш многу попрестижен тим (Милан?!?) со публика која ќе ракоплеска на твојот егоизам и самобендисаност.

Дури нашиот клуб не реше да го одстрани твојот број од списокот на фудбалери, не поради придонесот кон клубот, туку за тоа што го скрши неговиот имиџ, 45-ката нема никогаш да се појави на грбот на некој фудбалер во наредните 200 години!

Ние само се надеваме дека по крајот на сезоната, чие што финале допрва предстои, кога ќе ги поздравуваме нашите омилени играчи за придонесот кон тимот, да не те видиме тебе меѓу нив, ти не смееш да бидеш таму!

Тебе секогаш ќе те помниме, Марио, како глупак, кој што прв (и да се надеваме последен) го соблече и го фрли на земја дресот, заради кои ние сите го даваме слободното време, парите и љубовта да го следиме и кој што ти имаше шанса да го носиш.

За нас ти повеќе не постоиш, Марио и ти кажуваме збогум!

Благодарам... не, тоа нема шанси да го слушниш од нас!
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Новинаров многу е луд :pos2:

 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
балотели се извинил на интер
И што ако се извинил, нема ништо да смени, навивачите на Интер никогаш нема да му простат тоа што така го фрли дресот!
Тој си мисли ќе отепам човек, ќе се извинам и како ништо да не било:tapp:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Во целост се слагам со соопштението на Курва Норд. Секоја чест за нив!

А сега, искрено, криво ми е што Балотели е тргнат од списокот поради барање на Морати. Која лавина на свирежи би било тоа за мајмунов...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
И што ако се извинил, нема ништо да смени, навивачите на Интер никогаш нема да му простат тоа што така го фрли дресот!
Тој си мисли ќе отепам човек, ќе се извинам и како ништо да не било:tapp:
Вчера на тренингот дел од фановите го скандирале неговото име и му аплаудирале. Така да 100% од фановите на Интер не идат контра него, иако мнозинсвото у моментов едноставно не го сакаат у тимот.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Малце раничко и ван муабет али сепак ќе се убацам. Собиранка ќе праиме или тикви? Обично Syn ова време кажуе па за до недела да потврдиме али ко шо глеам нема ништо.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
Малце раничко и ван муабет али сепак ќе се убацам. Собиранка ќе праиме или тикви? Обично Syn ова време кажуе па за до недела да потврдиме али ко шо глеам нема ништо.
Ja забораив да спомнам, му даов ветување на татко ми заедно дека ке ја глеаме втората, па у случај да сакате да се собирате, оставам на Марсо да ве договори, нема везе ја ако не доаѓам.
Жаре ( еден од дечките што седеа позади нашата маса, другарче на Марсо ) ке ви договори маси, вие стара процедура за собирање правите. У случај да не го прочита ова Марсо ке го прашам по мсн па ако удрите на иницијатива повеќе луѓе, терајте.
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Ja забораив да спомнам, му даов ветување на татко ми заедно дека ке ја глеаме втората, па у случај да сакате да се собирате, оставам на Марсо да ве договори, нема везе ја ако не доаѓам.
Жаре ( еден од дечките што седеа позади нашата маса, другарче на Марсо ) ке ви договори маси, вие стара процедура за собирање правите. У случај да не го прочита ова Марсо ке го прашам по мсн па ако удрите на иницијатива повеќе луѓе, терајте.
да да не е проблем... јас со Жаре ги гледам сите утакмици од Челзи па навака, и ЦСКА, и Фиорентина, Јувентус, Барса... НЕПОРАЗЕНИ СМЕ :) ко Мурињо шо не губи дома... така ние не губиме у АЈРИШ !!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom