Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Диего решение на сите маки :) Многу сум разочаран од тоа незнам како до сеа не сватија што е проблемот. Човек да не се разбира од фудбал и да го пуштиш да гледа два натпревари од Интер ќе свати што не е во ред.

Изгорен сум по Интер а ми се одмилуваше оваа сезона кога ќе видев у среден ред Киву, Занети Камбијасо и уште еден (не е битен четвртиот). Со сила ги гледав натпреварите само поради почита кон клубот
 
А

Адриано

Гостин
Се сеќавам на времињата Верон кога играше аууууу колку само добро ги организираше!
Да не знае некој кога ке се вратат Рекоба и Адри од позајмица!?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.234
Диего решение на сите маки :) Многу сум разочаран од тоа незнам како до сеа не сватија што е проблемот. Човек да не се разбира од фудбал и да го пуштиш да гледа два натпревари од Интер ќе свати што не е во ред.

Изгорен сум по Интер а ми се одмилуваше оваа сезона кога ќе видев у среден ред Киву, Занети Камбијасо и уште еден (не е битен четвртиот). Со сила ги гледав натпреварите само поради почита кон клубот
Е тоа прашање вечно сум си го поставувал , како е можно толку очигледна работа да не биде приметена или игнорирана , самата игра од 95-96та до денес е една и единствена , сменети беа 100 тренера играта остануваше иста , ја ретко сум бил импресиониран од начинот на кои играле Интер . Со Купер беа феноменални , не дека имаа којзнае каква игра али потсетете се на тимот со кој Купер располагаше . Тогаш једини проблем им беа нафрлените топки , Интер најголем број од головите таа сезона ги прими по прекини , једина работа што Манчини ја има оправено од тогашниот Интер , а играта си остана една и единствена , status quo во тој поглед.

Ај Занети се трпеше во средината , типот кај и да игра ке го даде својот максимум , секоја чест , вистинска Легенда , идол и што уште не , секоја почит за овој човек , али Киву беше приказна за себе . Типов го жалам , дал на 2-3 натпревара сезонава играше на својата стандарна позиција , ви се верува ли дека 30 милиони евра беа потрошени за овој играч , 30 милиони евра пропаднати пари слободно кажано. Не поради Киву , он игра одлично али како централен играч во одбраната , место кое е резервирано за Кордоба така да незнам кого да обвинам за овој трансфер , дал Манчио или клубот , не ми текнува кој инсистираше за него зашто Киву не беше потребен во овој тим без оглед на неговите квалитети , плус за 30 милиони евра т.е. за помалце пари Диего без проблем ке беше донесен .

@Adriano Верон беше донесен кога формата му одеше во надолна линија поради тешката повреда на коленото , Верон не беше оној играч кој беше феноменален во Парма и Лацио . Од кога отиде во Англија типот стана непрепознатлив за мене , за жал .
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Mourinho confirms: "I'll coach in Italy"

"I'll go coach in Italy. Next week it will be more clear," Josи Mourinho revlead to English newspaper "The Observer". It's more and more likely that Inter will be the team to welcome "the Special One", as Milan seems to have confirmed Carlo Ancelotti's spot on the bench next season.


Уште Жозе и овој месец ќе биде еден од најзначајните во историјата на Интер. Се надевам дека и Морати и Манчини само чекаат да помине финалето во купот па да ја објават разделбата.
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Сите позајмици се до 4 Јуни или така нешто не сум сигурен некој што игра менаџер нека објасни :)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Javier Zanetti is one of three players who played all 38 games in the 2007/08 Serie A season. The other two are Atalanta's Coppola and Ferreira Pinto.

Баш вчера тоа сакав да проверам, а денес счучајно го најдов овој податок.


Sat, May 24 2008 CET Roma - Inter
За 4 дена играме со Рома.. очекувам уште една титула..
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
"I cannot go to London, I am joining Inter," the 27-year-old is said to have told Spurs.

Е ајде сега најдете му нсз.. Па шо ќе ни е уште еден шпиц покрај овие кои ги имаме..
Манчини мислам дека останува, Ето ќе потпиши за Интер 90% и пак средниот ред останува на истото.
И во година ќе гледаме досаден фудбал и префрлање на средниот ред..
 
А

Адриано

Гостин
де бе луѓе испаѓа работава на нероден петко капа му кроите!
Стрпете се првен нека се отвори трансфер периодот па да праиме муабет овоа само сува вода ништо фазла!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
де бе луѓе испаѓа работава на нероден петко капа му кроите!
Стрпете се првен нека се отвори трансфер периодот па да праиме муабет овоа само сува вода ништо фазла!
Сепак тоа се зборови на Ето. Има некое поголемо значење од обична шпекулација.
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
де бе луѓе испаѓа работава на нероден петко капа му кроите!
Стрпете се првен нека се отвори трансфер периодот па да праиме муабет овоа само сува вода ништо фазла!
Трансферот може да се склучи уште сега тоа не е проблем, ама оваа година има неколку тимови кој ќе прават реконструкција и има многу играчи кои се квалитетни а се наогаат на пазарот, затоа е паметно уште сега да се реагира ако се прави нешто, Барса посакува трампа Ето-Киву, незнам колку е паметен тој потег кога веќе имаме шест напаѓачи

Не дека се од шпекулациите кои се сега ќе испаднат ама како велат, кај што има чад има и оган
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
130
Поени од реакции
54
Вака сега, прва работа на која сакам да обрнам внимание. Кој и да беше тој што ја напиша рецензијата за Интер како клуб:
- Разбирам дека како навивач можеби си малку пристрасен кон клубот, ама ова што го напиша е онака .... забегано. Испаѓа дека во Интер не играат луѓе, него ванземаљци. Кој од кој подобар, СИТЕ без мана! Најдобра екипа која стапнала на зелен терен - ташак! Јес да сум навивач на Интер, али брат има нешто што се вика објективност која не ја поседуваш кога се работи за опишување на тимов. (само за пример ќе дадам нешто што ми остави најголемо сеќавање: а) Станкович е НАЈЛОШИОТ играч на интер сезонава [дали се работи за повреда или не, не навлегувам], и Виеира има вкупно изиграно 3!!!(три) добри партии од 20). Од каде тие поетски реченици кои ги наведуваш во рецензијата не знам, али се далеку од реалноста.
-Втората работа која би сакал да ја споменам во врска со целава работа лаф муабети за Интер е: Од каде тој муабет дека Манчини бил тапа тренер и дека ако дојде Мурињо - готово! крај! тоа е лекот. Прва и основна работа: не ли ви текнува што беше Интер пред да дојде Манчини? Смешка од тим, тим којшто секоја нова сезона имаше сменето повеќе од пола од тимот од претходната сезона и тим кој играше фудбал само за да изигра 90минути и да земе пари. А сето тоа се смени со доаѓањето на Манчини - човекот кога дојде да биде тренер, не дојде со милион нови тренери и финтес пешлаци, него дојде со 5 психолози (да, ова е точно) и конечно ги убеди снобовите кои играат во Интер дека треба кога излезат на терен, треба да излезат со мисла да победат. Сега конечно Интер ми личи на тим. Што мислите, дека Венгер или Фергусон кога почнале да ги водат своите тимови одма цутеле рози? Голо маде! Не викам дека не треба Мурињо да стане тренер или дека треба Манчини да остане по секоја цена, меѓутоа страшно ме нервира фактот што никој не му оддава признание на човекот за тоа што го постигна. И причината поради која би си отишол е не затоа што Морати нема да го задржи, него затоа што и самиот гледа дека колку и да направи добро, стално ќе има говеда шо ќе го пљукаат. Епа чао пријатно!

Се разбира, ова е САМО МОЕ мислење, и ништо повеќе од тоа.
Peace!
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Прво, добредојде на фоурмов.

Второ, мило ми е што уште еден навивач на Интер станува член, се надевам редовен. Исто добро е што се дискутира на темава (за разлика од темите на Милан, Манчестер....), и мило ми е што ја прочита цела, или поголем дел од темава.

Ајде сега малку во врска со постот. Јас не верував во Манчини. Искрено, сметав дека е најголемото промаршување на Интер после Закерони. Но да не заборавиме, кој тим го има сега Манчини, а кој го имаше за споредба Купер... потсетување тука

Поради низа на околности Манчини успеа. Океј, секоја чест, но не направи потег. Победувавме 10-20 натпревари по ред, а јас секој натпревар се плашам дека можеби ќе изгубиме 5:0. Не можеш да бидиш сигурен со тренер кој нема авторитет. За тоа, немам доверба во Манчини да остане во Интер. Не може исто да игра во Калчото и во ЛШ. Таму во ЛШ има ѕверови, кои би можеле да го „изедат“. Нас ни треба некој таков ѕвер кој ќе знае да постави тактика и никогаш да не се сомневаш во таа тактика. Ако има неуспех, неуспехот е бидејќи тимот имал лош ден, а не поради тоа што стратегот се изгубил во „стратегијата“. Друга работа е атрактивната игра, уиграноста меѓу играчите. Поединци има Интер... најдобрите, но нема тимски дух, нема акции, нема атракција, игра во неколку потези која решава...

Затоа на Интер му треба промена.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
130
Поени од реакции
54
Моето мислење по тоа е дека на Интер не му треба нов тренер, туку нови 2 играчи кои би биле уфрлени во средниот ред кои би му донеле на Интер поголема живост и креативност во играта, рака на срце - моменталниот среден ред на Интер се повеќе дефанзивци отколку офанзивци според мене и токму таму го гледам најголемиот проблем во поглед на успехот во ЛШ. Ми се допаѓа на пример играта на Jimenez и Pele(иако е DMC). Мислам дека Hleb ќе воведе живост (ако дојде) ама треба уште еден. Животна желба ми е Aimar да заигра за Интер, одсекогаш сум му се восхитувал на креативноста и техниката.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Прво, добредојде на фоурмов.

Второ, мило ми е што уште еден навивач на Интер станува член, се надевам редовен. Исто добро е што се дискутира на темава (за разлика од темите на Милан, Манчестер....), и мило ми е што ја прочита цела, или поголем дел од темава.

Ајде сега малку во врска со постот. Јас не верував во Манчини. Искрено, сметав дека е најголемото промаршување на Интер после Закерони. Но да не заборавиме, кој тим го има сега Манчини, а кој го имаше за споредба Купер... потсетување тука

Поради низа на околности Манчини успеа. Океј, секоја чест, но не направи потег. Победувавме 10-20 натпревари по ред, а јас секој натпревар се плашам дека можеби ќе изгубиме 5:0. Не можеш да бидиш сигурен со тренер кој нема авторитет. За тоа, немам доверба во Манчини да остане во Интер. Не може исто да игра во Калчото и во ЛШ. Таму во ЛШ има ѕверови, кои би можеле да го „изедат“. Нас ни треба некој таков ѕвер кој ќе знае да постави тактика и никогаш да не се сомневаш во таа тактика. Ако има неуспех, неуспехот е бидејќи тимот имал лош ден, а не поради тоа што стратегот се изгубил во „стратегијата“. Друга работа е атрактивната игра, уиграноста меѓу играчите. Поединци има Интер... најдобрите, но нема тимски дух, нема акции, нема атракција, игра во неколку потези која решава...

Затоа на Интер му треба промена.
Морам да те поправам...во модерниов фудбал, скоро сите екипи практикуваат позатворена игра со играч позади средниот ред кој ке ги сече тие акции. За жал(на атрактивниот фудбал) денес, секој тренер(ретко кој) прво гледа да се одбрани па потоа да даде гол.
Обично послабите екипи играат со такви поискусни фудбалери(и тоа двајца позади средниот ред) кој прават ситни фаули и ги прекинуваат акциите.

Значи не викам дека нема атрактивен фудба, али ретки се натпреварите во кој се игра отворен фудбал каде двете екипи ке напаѓаат. Денес, голем е влогот во секој натпревар.

п.с И јас исто(потполно исто како вас) се нервирам кога ја гледам Барселона, али тоа е реалноста. :toe:
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Ова е моето мислење за Манчини. Што побрзо си отиде толку подобро. Ако беше тренер ќе го освоеше скудетото уште пред две години, тогаш завршивме трети, па Милан и Јуве ги обвинија за местење на натпревари и ние го добивме Скудетото (што јас воопшто не го поштувам).

Лани бевме без ниту еден конкурент, Јуве во втора лига, Милан со минусни бодови и без засилувања, единствено Рома која со години се опоравува по распадот на Шампионската генерација. Интер - ги собра сите најдобри играчи кои беа на пазарот во Италија направи фантазија тим, освен едно заборави да купи креативец во средниот ред, грешка што се повторува со години наназад. И пак се покажа талентот на Манчини, во лигата на Шампионите загубивме од далеку послаба екипа, Валенсија и тоа во перидот кога бевме во најдобра форма. Да Скудетото го одбранивме и тоа со голем стил, ама против кој екипи?

Оваа година слично и како лани но многу полошо. Единствен кокурент ни беше Рома и тоа се знаеше уште во Септември кога заврши трансфер пазарот. До крајот на првиот дел се одеше според планот имавме 12 бода предност и Титулата веќе беше наша. Но пак тоа фамозно натпреварување за нас кое се вика Лига на Шампиони. Таму не е битна формата, квалитетот на екипата се губи ака нема соодветна тактика, а за трагедијата да биде поголема ни се падна Ливерпул со Рафа Бенитез, според мене најдобриот тактичар во светскиот фудбал.

И пак на Манчини му одржаа лекција по модерен фудбал, но овојпат пукна тиквата. Првин тој како педерче у најтежок момент најави заминување, па се скара со пола фудбалери и формата ни тргна во надолна линија. Скудетото наместо во Март го освоивме во Мај.

Догодина, Милан ќе се засили многу, истото важи и за Јуве Рома и онака е константна, ако остане Манчини и продолжи на овој начин сигурно ја прекинуваме низата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom