Ај малку гимнастика на мозок на тема Балотели:
Прво, го прочитав текстот во кој Мурињо го критикуваше Балотели, меѓу другото (Рома, Судијата итн...). Во текстот никаде не видов Мурињо да го нападне талентот или знаењето или фудбалскиот капацитет на Балотели, како сакате. Нападнат е неговиот (непоправлив) карактер:
1. [FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“Balotelli was terrible today, close to zero. He didn't move, didn't work and did not help the team with [Dejan] Stankovic injured and [Wesley] Sneijder incredibly tired. Mario only played 45 minutes on Wednesday, he's 19 and could have done a lot more.
2. [/FONT][FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“I cannot do more with him. I need help. I tried everything with different strategies, to be closer to him and sweeter, more distant and aggressive. Now I must wait for his response.
3. “This is Mario. He steps on to the field and we never know what he can give to the team - everything or nothing. I urge the media to stay closer to my strategy and so together we can help him.
4. “He listens and talks to the Coach, but sometimes I don't know if he is 100 per cent in agreement with me. He has improved, but with the talent he has he ought to be giving more by now.”
[/FONT]Значи, се се врти околу карактерот. „Таков е Марио. Влегува на терен и никогаш не знаеме што ќе му даде на тимот: се, или ништо“, вели Мурињо меѓу другите работи.
Ништо ново во врска со Балотели и јас воопшто не му забележувам на Мурињо за изјавата. Не верувам дека е изјава дадена во нервоза зошто човекот секогаш го зборува она што го мисли и без разлика дали се изјавите остри или благи, секогаш се со одредена намера. Убаво си кажа: „Пробав се, ги употребив сите стратегии, бев и поблизок со него, бев и оддалечен и поагресивен...“
Но карактерот е нешто што тешко се менува и без Балотели навистина да се потруди, ни конзилиум од тренери нема да помогне. Знам дека повеќето овде го гледате како голем играч во иднина и лидер на тимот, но јас не се согласувам. Се ми се чини дека ќе заврши како и многу други играчи кои го упропастиле талентот заради незгодниот карактер.
Како и да е, посакувам да биде голем фудбалер. Лидер нема да биде никогаш, затоа што главната одлика на лидерот е карактерот кој треба да го пренесе на екипата. Тоа е нешто што не се учи и Марио секогаш ќе биде хендикепиран во тој поглед.
И кога сме кај споредбите со Пато, бразилецот е подобар и тоа е јасно, нема тука многу дискусија. И двајцата се малди и имаат потенцијал па во иднина може и да не биде така, но во моментов, така е.