Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
сосема си во право ... ова беше се само добра игра не , победивме благодарение на индивидуалниот квалитет на интер во однос на каљари .... ништо повеќе , иако во цела сезона ќе има и вакви победи кога тимот не игра добро.
како и да е 3 бода се добиени идеме понатаму
Тоа е, 3те бода се рачунаат... за 2 кола ќе биде заборавена играта од овој меч, а бодовите ќе останат.
И за Јуве истото ќе го кажам, точно - имаат 4 од 4, браво, ама одбраната вчера, против еден Ливорно им беше каша попара... Тоа е факт.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ок, мислете си дека топ изигравме... што да ви кажам. Мене ич, ама баш ич не ме интересира историјата каква ни била со Каљари, јас зборам за таа фамозна “игра“ која ние треба да ја имаме сезонава, а нигде ја нема.
Лани титулата беше освоена кога изгубивме на гости кај нив, така да јасно е колк усе залагал Интер на таа утакмица, а и лани немавме најдобар тим на Интер откако го гледаме клубот, нели??? - Пошто прочитав негде дека ова е најдобар Интер во последни 20 години и сл.

Околу Снајдер 4ца... ок, ајде ќе се тешиме вака овојпат... Како и да е, жива среќа е што си одиме со 3 бода... Помирете се со тоа и тешете си се секој на свој начин за оваа утакмица!
Пример, јас не реков дека изигравме добро, напротив, а ти реплицирам дека некои делови од твојот пост се однесуваат на моите коментари и така :).

Малку си контрадикторен, прво велиш дека не те интересирала историјата со Каљари, а потоа дека Интер слабо се залагал лани на истата утакмица против нив на гости.
Да да, чиста вистина е дека Интер го има најдобриот состав во последниве години, погледни ја одбраната, погледни средина, за напад ич не ми се праи муабет.
Точно, среќа е што си одиме со 3 бода оваа утакмица, инаку вакви коментари лани не слушав кога Кордоба и Круз на двапати не спасуваа во судиско продолжение за да си земеме 3 бода, али ај, така нека е.
 
rider

Интераш
Член од
21 мај 2008
Мислења
158
Поени од реакции
3
шала е тоа немој озбилно да си помислите дека решава крстословки!
обично тетратката ја користи до полувреме за на крајот во соблекувалната да им каже што мисли да направи измени а и да им презентира каква игра играл противникот. во второ полувреме ретко запишува!
хаха абе знам се зезаф така:pos2:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.926
Поени од реакции
44.987
Знаев дека ке гледаме ваков Интер, не само поради фактот што пред 3 дена играа против најдобриот тим во фудбалскиот Свет, плус, играа и против Каљари . Победа, било каква, дал со свирнат на шашма пенал, дал со тиња игра, дал со гол од офсајд, сеедно, се што сакав е тоа, победа против, за Интер и фаворитите секогаш незгодниот Каљари .
Тимот по враќањето од Серија Б, во 2004/2005 ( од 2000та беа во Серија Б ) не изиграл лош меч против Интер, никогаш. Горе ги постирав сите гостувања на Интер по нивното враќање во најсилната италијанска лига, а победите кои беа извојувани, само во првата сезона на Каљари во Серија А беа без проблем на домашен терен, потоа следеше " мачење '', 3-2, 1-0 и 2-1, ги памтам сите мечеви, во ниеден од истите Интер не победија лесно, и тоа е тоа, Аталанта, Киево, Каљари се такви тимови за Интер, и добро е што денес Интер успеа да извлече позитивен резултат, победа која дојде по сомнителен пенал врз Матри од Маикон, момент по кој не е туку така лесно да направиш пресврт .
Ја видовте и радоста на Мур по вториот гол, доволно за да сватите колку тој гол и тоа водство е важно во овој момент .

@ Ибракадабра, земи ги фактите пред овој меч, Каљари една недела одмор, Интер играат со Барса ( еден од најтешките мечеви последните години по оние со Јунајтед ), Каљари секогаш, СЕКОГАШ, играле добро како домаќин со јаките екипи и Интер имаат само една победа извојувано на тој терен во последниве ПЕТ години . Не можеш да кажеш дека историјата не те интересира, кога во ваков момент дава некој одреден приказ за тоа што следи, не е случајно само 1 триумф на овој терен за 5 години . Башка Интер почна да игра дезорганизирано по пеналот, ги уби истиот и ги отвори во одбраната а јас бар како што забележав истиот беше сомнителен . И по еден таков момент, успеаа да се консолидираат во втор дел, да дадат два гола, и да имаат шанси и за зголемување на тоа водство, само Балотели пак упропасти добра прилика пред гол . Друга работа, во 60та минута пак сите 3 измени искористени, Ето, Снајди, Милито, Маикон оставени на терен повторно цели 90 минути, нормално дека нема да го видиме максимумот од нив во последни 10-15 минути кога беше вистински момент за уште една замена, али јбг, Мота се повреди, на полувреме веќе 2 искористени измени и тоа е тоа . :wink:

p.s. Овој " убица '' е тргнат на 7 дена, али ке иде и на перманент очигледно .
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Тоа е, 3те бода се рачунаат... за 2 кола ќе биде заборавена играта од овој меч, а бодовите ќе останат.
И за Јуве истото ќе го кажам, точно - имаат 4 од 4, браво, ама одбраната вчера, против еден Ливорно им беше каша попара... Тоа е факт.
Каша попара и да и не. Навистина имаше неколку шанси кои не смееја да им ги остават на Ливорно ама сепак засега се најдобрата одбрана во лигата (само 1 примен гол - бомбата на Де Роси).

А за Мурињо не ми е јасно шо го мачи сега шо плачи за распоредот.
Ако некој треба да плачи во случајов тогаш тојтреба да е Јуве оти првите 7 кола имаме 5 гнасни меча. А вие го имавте засега Милан само (ако го сметаме за тежок меч). Од друга страна учеството пак во ЛШ незнам шо му смета ко да учествува прв пат во ЛШ па се жали за ова. Се има по светов :tapp:

Енивеј честито победа, мислев каљари ќе бидат потешки за кршење по првиот гол
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.926
Поени од реакции
44.987
Каша попара и да и не. Навистина имаше неколку шанси кои не смееја да им ги остават на Ливорно ама сепак засега се најдобрата одбрана во лигата (само 1 примен гол - бомбата на Де Роси).

А за Мурињо не ми е јасно шо го мачи сега шо плачи за распоредот.
Ако некој треба да плачи во случајов тогаш тојтреба да е Јуве оти првите 7 кола имаме 5 гнасни меча. А вие го имавте засега Милан само (ако го сметаме за тежок меч). Од друга страна учеството пак во ЛШ незнам шо му смета ко да учествува прв пат во ЛШ па се жали за ова. Се има по светов :tapp:

Енивеј честито победа, мислев каљари ќе бидат потешки за кршење по првиот гол
Проблемот со распоредот е што во рок од 6-7 дена играат 3 меча од кои првиот е со Барса, Јуве играше вчера, и има одмор до Четврток, па сега види зашто Мурињо е незадоволен, не е прв пат некој да се жали за распоредот, не се проблем противниците, проблем е распоредот на мечеви, едни имаат 5 дена одмор, други 3 по мечот со Барса, и 3 до мечот со Наполи, па 3 до гостувањето во Сампдорија, па 3 до гостувањето во Рубин . :smir:
 
Мурињо не го мачи распоредот, туку тоа што во италијанскава лига тимовите кои што играат во Европа, немаат ајде да го наречам попривилегиран распоред. Мурињо не се жали на тоа против кого играме, туку смета дека термините не се ок.
Незнам кој дел не го свати, фино е преведено на нашиот сајт во случај да не го разбираш доволно англискиот јазик.

П.С. Благодариме, шампион си е шампион :toe:
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Ќе се изнамачиме оваа сезона со овие мали екипи. Не само ние туку сите конкуренти за титулата.

Едит: Круз повторно даде гол за Лацио:smir:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Проблемот со распоредот е што во рок од 6-7 дена играат 3 меча од кои првиот е со Барса, Јуве играше вчера, и има одмор до Четврток, па сега види зашто Мурињо е незадоволен, не е прв пат некој да се жали за распоредот, не се проблем противниците, проблем е распоредот на мечеви, едни имаат 5 дена одмор, други 3 по мечот со Барса, и 3 до мечот со Наполи, па 3 до гостувањето во Сампдорија, па 3 до гостувањето во Рубин . :smir:
Распоредот во ЛШ нели се извлекува.
Правило во Серија А е во сабота да играат оние кои ќе играат во Вторник. Нели нема смисла само 1 ден одмор да имаат.
3/4 дена се луксуз за екипи кои ииграат на неколку фронта.
Зошто оваа недела беа распоредени јуве во сабота незнам (веројатно максимизирање на гледаност)
Зошто во четврток исто незнам. Редовно 1 меч се игра во четврток кога има вонредни кола е сега мислам дека вас не ви одговара четврток оти имате меч во вторник и затоа сте во сабота/среда. Мало подобрување на вашиот распоред можеби би било да игравте вчера со каљари. ама така му ќе плачеше оти мечот му е 3дена после барса.

да не гњавам и да заклучам. Распоредот е тој и таму и таму е жрепка и се прават малите преместувања за натпреварите во вторници.
Ако имаш попаметен распоред кажи :smir:

Мурињо не го мачи распоредот, туку тоа што во италијанскава лига тимовите кои што играат во Европа, немаат ајде да го наречам попривилегиран распоред. Мурињо не се жали на тоа против кого играме, туку смета дека термините не се ок.
Незнам кој дел не го свати, фино е преведено на нашиот сајт во случај да не го разбираш доволно англискиот јазик.
Ок прочитај го риплајот за Сун и ако пак несфати нешто кажи ќе се потрудам да ти објаснам. КАкво подобрување сакаш?:pipi:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ок прочитај го риплајот за Сун и ако пак несфати нешто кажи ќе се потрудам да ти објаснам. КАкво подобрување сакаш?:pipi:
Еве ќе ти болдирам пак.

Мурињо не го мачи распоредот, туку тоа што во италијанскава лига тимовите кои што играат во Европа, немаат ајде да го наречам попривилегиран распоред. Мурињо не се жали на тоа против кого играме, туку смета дека термините не се ок.
Подобрување? Можеби да не се игра вондредното коло, бар оние екипи кои играат во ЛШ да го прескокнат тоа коло и да го изиграат кога ќе имаат послободен распоред.

П.С. Син, се повеќе те викаат тука СУН :pos:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.926
Поени од реакции
44.987
Исто е, исто е некој да има 5 дена одмор, друг 3 а по 3 пак да има меч, а и двата тима се претеденти за титулата, што е разлика во 2 дена ебаго . :tv:

И благоретардиран би ја уочил разликата и лошиот распоред пред Се на Интер овој период, Мурињо не е ни прв, ни последен тренер што негодува поради распоредот. Среќа за Интер што доаѓаат Наполи со Донадони, тим кој е во доста лоша форма периодов, па искрено се надевам на лесен и неисцрпувачки меч зашто потоа следи гостување во Џенова со Сампдорија за 3 дена, па по 3 дена клучен меч со Рубин гости по што следат 4 дена до мечот со Удинезе и '' одмор '' поради мечевите на репрезентациите .
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Еве ќе ти болдирам пак.

Подобрување? Можеби да не се игра вондредното коло, бар оние екипи кои играат во ЛШ да го прескокнат тоа коло и да го изиграат кога ќе имаат послободен распоред.

П.С. Син, се повеќе те викаат тука СУН :pos:
Е то чекав да кажиш.
Кога е тој термин? Во јануари?
Колку шо знам за брзо има уште еден прекин за репрезентациите. Во меѓувреме ги имаме сите оние групни мечови од ЛШ. Шо би значело ист распоред и исти изговори. Колку шо памтам пред некоја сезона на Милан едвај им најдоја термини за то светското шо го играја.
Накратко таков е модерниот фудбал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom