Мурињо повторува: Потребен ми е плејмејкер
Стратегот на Интер, Жозе Мурињо уште еднаш потврди дека му е потребен играч кој ќе може да ја организира играта...
Мурињо од Кина во пресрет на Супер Куп дуелот со Лацио повторно говореше за новата сезона на Интер и повторно нагласи дека му е потребен плејмејкер.
Стратегот додаде дека ќе биде многу тешко, Интер да го ангажира Деко и проговори за размената Ибра Ето.
“Сакам плејмејкер, играч кој е креативен и што може да развива игра. Потребен ни е таков играч.” – рече Мурињо.
“Станкович минатата сезона играше на таа позициј, но таа не е негова природна позиција.”
“За името на играчот треба да одлучи клубот. Деко? Многу тешко може играч на Челзи да дојде кај мене. Зошто? Бидејќи е тешко.”
“Секогаш кога јас ќе се заинтересирам за играч на Челзи работите се многу тешки. Деко претходно можеше слободно да замине но кога Интер почна да се распрашува неговата цена скокна од 0 на 5 милиони.”
“Исто така беше и ситуацијата со Карвањо, од 5 на 15 милиони. Па... навистина е тешко.”
Екипата на Твенте денес потврди дека Марко Арнаутович ќе биде нов играч на Интер но Мурињо не е воодушевен многу од тоа.
“Арнаутович? Во овој момент тој не може да ни помогне. Тој не тренира со групата, неможе да му даде ништо на тимот, не мислам на него како дел од мојот тим, тој е дел од тимот на медицинскиот персонал.”
“Виеира? Тој во сабота ќе биде на клупата за резерви. Тој е опција, но доколку сака да замине потребно е да го соопшти тоа. До сега не сме имале контакт со Арсенал или Тотенхем.”
“Нападот? Сега сме во ред. Можеби во јануери кога Ето ќе биде на Купот на Конфедерации ситуацијата ќе биде малку рискантна, но ми се допаѓа навалната линија.”
“Споредба помеѓу Ето и Ибра? Доколку ги споредите кариерите на двајцата притисокот е врз Ибра.”
“Ибра имаше приказна со Интер, која сега е завршена, но нема историја со Барселона.”
“Ето има завршена сторија со Барселона, но сега започна со Интер. Подобро е да почекаме пред да даваме мислења.”
Нејкете да ви ја презентирам финансиската ситуација на тимот ( кога ке имам повеќе време и тоа ке биде ), нема многу да се пувате со тие 50 милиони, имаат големи долгови но доброто е што имаат и доста богат газда, па некако преживуваат

.
точно така!!!! што мислите дека овие 50 милиони значат нешто!!! НЕ!!! НЕ ЗНАЧАТ НИШТО!!!!!! како Интер освојуваше скудета 4 години така и Интер се развиваше.... зголемување на платите, градење на тренинг-центри, турнеи низ Америка, кога ќе видиме.... финансиски гледано овој Интер е ист како Интер од пред 6 години.... собери-одземи ПРИХОДИ-РАСХОДИ..... пак си на нула...