Гостивар - Брегалница 0 :1
Стрелец, Аксентиев.
Фудбалот се врати на местото, каде што е од дамнешни времиња сакан и игран. Каде што имало, има и ќе има талентирани млади, што играат постојано, но поради немањето на врски, немањето членски книшки и финансии, за жал, останале да играат во маало, на два камења, на улица. Во Гостивар!
После 12 години повторно на стадион, да гледам натпревар. Претходно сум одел да играм само. Беше пријатно, не викам не. Овој град живее за спорт, само му фали малку искра.
Влеговме на стадион, трибините бетонски се полнеа, но стадионот е ист, како и пред 25 години, само што сега е поправен малку тревникот, засадена е нова трева и тоа е тоа. Не ги исполнува критериумите, нема место за камери, за новинари, асолни соблекувални и се останато. Нема ни соодветни места за седење, многу луѓе беа полегнати и по трева и качени на дрвјата одоколу ( добро, тоа е традиција, негувана со години
).
Натпреварот каснеше неколку минути. Почна. Гостивар се ослободи после првите 5 минути. Беше подобар противник. Имаше неколку полу шанси, имаше неколку продори странично, Брегалница беше анемична тотално во тие моменти. Инаку, играчите ќе ги условувам со бројки, Гостиварци ќе знаат, за другиве, тоа е
Бидејќи има и нови лица во клубот, па сега не се препознаваат баш сите.
Го диктиравме темпото, до кај 30-та минута, но претходно бевме опоменати, на двапати. И тоа на ист начин. Тренеров наш, форсира некоја висока одбрана, како Боас во Челзи, а стоперите се исклучително спори. Истрчуваа и превише напред и тоа не чинеше и три бода. Првиот пат, неуспешна офсајд замка, Аксентиев мислам дека излезе сам на сам со голманот, ама овој убаво се постави и одбрани. После 5 минути, истата приказна, ама овојпат беше фатално. Последен играч во одбрана, напаѓачов од Брегалница го претрча, овој го потегна пред шеснаесетник и си доби заслужен црвен. Добро што не беше и пенал.
После 35-та минута, Гостивар падна, што беше и очекувано, некако изгура до полувреме и мислам дека тоа беше тоа. Екипата е неспремна да изигра цел натпревар. Кондиционо е спремна за околу 35 минути, ајде да речам цело полувреме. Уште 45 минути, тешко. Со судни маки. Можеби игра улога и Рамазанскиот пост, бидејќи играат Албанци во екипата, па не смеат да јадат и пијат до 20 часот, не знам.
Во првото полувреме, најдобри поединци беа, 8-цата, задњи везни, поврзуваше, додаваше и бајги истрча, во текот на целата утакмица. И 10-ката, одличен техничар, но премногу себичен и таквите играчи колку што прават добро за тимот, толку прават и лошо. Некако сакаше да се докаже, ама го избра погрешниот начин.
Почна второ полувреме, лабаво. Брегалница почна полека да не притиска, имаа некои јалови обиди. 8-цата нивна им ја диктираше играта и тој беше најзаслужен за единствениот гол на натпреварот. Ја потегна целата акција, додаде до Аксентиев и овој со прекрасен гол ја заврши акцијата. Не знам кај која минута, затоа што дива лига е, нема ни семафор ни бутур.
И потоа, коментарите од Албанциве, рака на срце, се смееш со нив некогаш: '' Ее говни један, до вчера ние леб ти дававме, играше кај нас, сега ни даваш гол ''
На моменти ќе се јавеше и некој со нивното типично: '' АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕ '' или пак тие на ограда што беа закачени до тренерот: '' Доста им збориш бе, оди влези ти да играш ако не, Бугар еден ''
Гостивар до крај имаше уште две шанси, од линија ја извадија вториот пат, а судијата даде продолжение, додека не дадеме гол, ама залудно
Заврши утакмицата, се разотидоа по дома сите и толку.
Е сега, ќе речам пак, дека Гостивар е меѓуетнички град, со највеќе соживот и толеранција во цела држава. Обидите да се извештачи нешто, на пример со Кастриотите, пропаднаа. Атмосферата си беше фер и коректна, немаше никакви националистички скандирања и глупости, имаше и Албанци и Македонци и Роми и Турци на стадион, чат-пат ќе се најдеше по некој измалтретиран од жена му од дома, па да лечи фрустрации по трибина, ама ги има насекаде, нема гајле.
Друго, на полувреме имаше само албанска музика, што не ми смета, туку Гостивар е и клуб на Македонци, па сметам дека треба да се направи некоја комбинација. А, спикерите зборуваа на двата јазици. Исто треба и да се корегира тоа со плакатите и условувањата на клубот, КФ Гостивари, не мора само на македонски, ама барем да е двојазично. Би било така праведно.
Почеток на сезона е, се темпира формата сега, мислам дека ќе обезбедиме опстанок. Ова денеска не беше за наши услови лошо издание, ама црвениот ја заеба целата игра и целиот натпревар. Очекувам, особено сега, после постот, да фатат здраво и да собираат поени, кои ќе им бидат доволни да изиграат уште минимум една сезона во МФЛ. И да се купат нови играчи, за во одбрана. Затоа што со онаа инертна одбрана, ќе не шибаат деца млади, дали по страна или по средина. Тоа ќе ни биде проблемот, цела сезона.
Фина промена, фудбалот пак е главна тема во градот, да се корегираат уште некои коцки во сложувалката, како на фудбалски, така и на нефудбалски план и се ќе биде во ред.
И за крај, не е се така црно, ајде:
Да не речат сограѓаните после :