Трап е стандарден кај ПСЖ и брани у добра форма. Ги пратам ПСЖ и стварно одлично брани дечкото.
Него овој Цилер глеам константно го земаат за репрезентација, цело време добро брани па што е редовен на список или?
И кај е Тер Штеген?
Германците имаат голмани за извоз,проблем е нападот и малце шкрипат во одбраната.
Добар голман е Цилер,брани константно и ги има поминато сите млади селекции на Германија.4-5 години беше во Манчестер.
Тука се и Лено,Кариус,Хорн,Тер Штеген,Бауман итн..
@Igorcemk
Не се сложувам со тоа дека Трап е повикан само поради тоа што отиде во ПСЖ.Како прво и прво,тој во Франкфурт бранеше одлично,а сега тоа го покажува и во Франција.Не за џабе го исфрли Сиригу,кој е доста солиден голман. Според мене Трап е подобар од Тер Штеген.
Рудигер доста го критикуваат,но игра стандардно па и затоа е повикан.И мене не ми се свиѓа нешто најнај,иако имаше и има се уште голем хајп за него.
Тој и така и така нема шанса да заигра пред Боатенг,Хумелс,Мустафи па и Гинтер ако се најде некој асален десен бек.Подобро Џонатан Тах да добие повик или Суле.Ама Лев не реагира,многу е глуп и ич не е иновативен.
Шмелцер доби многу шанса,ама типот е изгубен случај кога игра за репрезентацијата.Тој е прешкртан кај Лев најверојатно,па затоа и Хектор се форсира.
Одлуката да се повика Сане е одличен потег.Тука Лев мора да се пофали,ретко правилна одлука.Шкрипат во нападот,а Сане може да игра како повлечен напаѓач и десно крило.Моментално единствено десно крило во репрезентацијата.Милер игра таму,ама не му е природна позиција.
За Руди јасно ни е.Од наредна година тука ќе улета Кимих.Вајгл Горетцка,Гајс исто така имаат шанса да влезат во поширокиот состав.Потребен е нов Карстен Рамело во тимот,многу мека е средината моментално.
Одлуката да не го земе Гомез може да се протолкува донекаде и како правилна,бидејќи Гомез не беше во форма,а и се мачеше со повреди.Но,кога мртвиот Подолски 3 години се влече на стара слава,зошто да не и Гомез?
Во моментов е влезен во јака форма,нема простор за дилема.
Лев ако е паметен,треба да го избаци Шурле зашто тој е новиот Подолски т.е се влече на стара слава.Ни во Волфзбург не е стандарден а и врска си нема.Подолски да се тргне од репрезентацијата,дечкото нема што да понуди веќе,иако сите фудбалери го сакаат затоа што знаел како да направи позитивна атмосфера.
На нивна сметка да се повика Брандт,тој ќе биде голем играч и нема веќе простор за чекање и тактизирање.Мора да почне со подмладување на репрезентацијата т.е да повика подобри играчи,без разлика што се помлади.
Обавезно да се повика Вајзер,шкрипат на десен бек а играат со централни бекови таму.Еднаш Боатенг,после Хеведес,Мустафи,Рудигер,Гинтер и кој уште не.Јас мислам дека Лам ќе се врати за Европското,ама и тој паѓа во формата,треба да се бара чаре за во иднина.
Лошо е што Јунус Мали се одлучил за Турција,иначе во него добиваа квалитетен играч и можна замена за Озил.
А на дресот тоа во средината изгледа добро,другото стандард добро.