Фан Клуб Вест Хем Јунајтед

Член од
10 мај 2013
Мислења
162
Поени од реакции
120
Вест Хем Јунајтед Фудбал Клуб e англиски фудбалски клуб од Вест Хем во источен Лондон. Од 1904-тата година својте домашни мечеви ги игран на стадионот Болејн Граунд, кој е попознат како Аптон Парк.
Историја

Клубот е основан под името Thames Ironworks F.C., а после пет години го менува името во Вест Хем Јунајтед. Во 1919 година тимот почнува да настапува во англиската фудбалска лига. Иако никогаш не ја освоиле шампионската титула, (најдобар пласман имаа во 1986 кога завршија на 3. место), три пати Вест Хем го освојуваше ФА Купот, 1965., 1975. и 1980. Од европските трофеитие го освоија Купот на победниците на куповите во 1965. и Интертото купот во 1999-тата. Истотака тие го освоиле и првиот т.н. War cup во 1940. Интересно е дека Вест Хем засега единствен англиски тим кој испаднал од Премиер лигата иако освоил повеќе од 40 бодови (2003.). Вест Хем е истотакапоследниот клуб кој го освоил ФА Купот со сите англиски играчи, и последен на кого тоа му успеало додека играл во втора лига.
Ривали

Ривали на Вест Хем се неговите соседи од Лондон, Тотенхем и Арсенал како и Челзи со кое е изразено ривалство помеѓу источен и западен Лондон. Интересно е дека Вест Хем Јунајтед е последниот клуб кој го победил Арсенал ФК на стадионот Хајбари и првиот тим кој ги победил на новиот Стадион Емирати.
Сепак, најголем ривал на Вест Хем уште од неговото основање е Милвол.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 04:26 ---
Вест Хем моментално се натпреварува во Премиер Лигата и се наоѓа на 10тото место
Следен натпревар на Вест Хем е денеска во 16:00 против Евертон
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Не е многу копирано од википедиа... Бар тоа уреди да си го избришел и да си го отстранел форматирањето... А и воведот изгледа многу глупо, без слики без ништо... Ама ајде ти се опростува, како што гледам нов си на форумов...
 
Член од
10 мај 2013
Мислења
162
Поени од реакции
120
Не е многу копирано од википедиа... Бар тоа уреди да си го избришел и да си го отстранел форматирањето... А и воведот изгледа многу глупо, без слики без ништо... Ама ајде ти се опростува, како што гледам нов си на форумов...
Тоа е после чаршија :D :D :D

http://www.whufc.com/articles/20130512/everton-v-west-ham-united-live_2236884_3175984
--- надополнето: 12 мај 2013 во 16:57 ---
Евертон - Вест Хем 1:0 (Полувреме)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Нема врска,Вест Хем имаат навивачи во македонија и што го немаат гледано филмот.
Тие што го имаат гледано навиваат за други екипи а од Англија им е "најсимпатична" екипа Вест Хем.
Ова е исто како да кажеш дека некој навива за Челзи пошто ја гледал епизодата кога го победуваат Харчестер.

Ама добро сфаќам зошто вака размислувате и јас до некаде вака размислувам ама сепак не мора да значи дека не навивал за Вест Хем од поодамна.
 

Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Go Go West Ham!!! Zatoa shto na Manager 2001/02 so J.Cole,J.Defoe i M.Carrick se osvojuvaa eden ton tituli !!!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.491
Поени од реакции
87.379
Имам роднина што навива за Вест Хем, а не го гледал GSH. Има право Драгонски, има некои што им е симпатичен тој клуб од времето кога играа таму младиот Џо Кол, Фердинанд,Лампард, Ди Канио,Керик, Репка итн да не набројувам
 
Член од
10 мај 2013
Мислења
162
Поени од реакции
120
На што се кладиме дека овој го има гледано вчера Грин Стрит Хулиганс?
--- надополнето: 13 мај 2013 во 02:51 ---



Си ме претркал, пишав без да видам.
http://www.youtube.com/watch?v=s-UIOVAp75U :tapp::tapp:

Навивам за Вест Хем Јунајтед уште од сезоната 2000/2001 кој сум почнал да гледам фудбал тогаш Вест Хем имаше многу добра екипа Лампард, Ди Канио, Дефо, Керик, Кануте, Ломас, Шукер и др да не ги набројуем незнам што е чудно некој да навива за Вест Хем а и знам дека не сум единствен што во Македонија навива за Вест Хем... барем не сум како вештачкиве фанови што секоја втора година менуваат клубови и навиваат за тој што ќе освои титула навивав за Вест Хем и кога испадна од Премиер лигата ајде позз... ако не ви се свиѓа нешто не го отворајте фан клубов
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Вест Хем ми е омилен тим во Англија уште од времето кога Ипсвич и Лидс беа фактори у премир лига:D Памтам дека еден од првите натпревари што ги имав гледано у живот беше Чарлтон - Вест Хем,пред нешо повеќе од 10 години,мислам 3-2 заврши али незнам за кој хахах.Бај д веј неам гледано ни трејлер од Грин Стрит Хулиганс :cool:
West Ham Till I Die!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom