Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Каде го нашле овој...
Видеата ништо не покажуваат, само додава на средина на терен, смешки живи. Нормално дека од 10 паса, еден ќе погоди. Гледам игра DM, а не е некој којзнае каков дефанзивец. Имал бледа улога во Победа и Пелистер лани, а што е најтрагично не е ниту под 21 година, па да го имаме за ротација. Тотално непотребен играл.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Христијан Вецески нов играч на Вардар.
Ќе има уште неколку нови имиња, ама претежно планирани како резервисти за првотимците...
Каде го нашле овој...
Видеата ништо не покажуваат, само додава на средина на терен, смешки живи. Нормално дека од 10 паса, еден ќе погоди. Гледам игра DM, а не е некој којзнае каков дефанзивец. Имал бледа улога во Победа и Пелистер лани, а што е најтрагично не е ниту под 21 година, па да го имаме за ротација. Тотално непотребен играл.
Па сеа и не знам баш дали е тотално непотребен. Што ако ради картони или повреда фалат стандардните дефанзивци Мишко/Моцарт? Кој ќе ги мења...
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
Гледам на видеата добри долги пасови знае да даде што за наша лига стварно е реткост да се надеваме дека ќе напреднува во Вардар.
ama toa mozda mu bile edinstvenite dolgi dodavanja vo karierata koi mu uspeale :D

milan ilievski potpisal za makedonija GjP. da ne soberi nekoi od decata od kaj vas so nego bidejki na tie koi sega se nametnuvaat im bese trener, a i kaj gjorce ke raboti so taja generacija...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Ќе има уште неколку нови имиња, ама претежно планирани како резервисти за првотимците...

Па сеа и не знам баш дали е тотално непотребен. Што ако ради картони или повреда фалат стандардните дефанзивци Мишко/Моцарт? Кој ќе ги мења...
Па не е дефанзивец овој. Игра на средина со подефанзивни улоги. Неколку играчи имаме од тој тип. Ајде да фаќаше правило за У 21, ама типот има 23 години.
Нека носат штопери и напаѓачи за ротација, а богами и за прв тим, а не вакви непотребни играчи.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Па не е дефанзивец овој. Игра на средина со подефанзивни улоги. Неколку играчи имаме од тој тип. Ајде да фаќаше правило за У 21, ама типот има 23 години.
Нека носат штопери и напаѓачи за ротација, а богами и за прв тим, а не вакви непотребни играчи.
Како не е. Задњи везни, но исто така подеднакво и на стопер покрива. Ај разгледај поубаво и ќе видиш дека бар третина од мечевите одиграни во Пелистер му се на таа позиција. И не знам зашто мора да е У-21 по тебе. Па и онака он би влетал во игра ако фали некој од Мишко/Моцарт.
Во нападот личи на иста песна како лани што не ми се свиѓа, но очигледно не планираат да носат уште некој.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Како не е. Задњи везни, но исто така подеднакво и на стопер покрива. Ај разгледај поубаво и ќе видиш дека бар третина од мечевите одиграни во Пелистер му се на таа позиција. И не знам зашто мора да е У-21 по тебе. Па и онака он би влетал во игра ако фали некој од Мишко/Моцарт.
Во нападот личи на иста песна како лани што не ми се свиѓа, но очигледно не планираат да носат уште некој.
Ти ја сфаќам поентата, ама мене лично не ми се допаѓаат вакви закрпувања. Го планирале Блажевски за стопер, овој ќе покривал ко стопер итн. Искрено не го знам играчов. Ги изгледав двата клипови од Победа и Пелистер и не ми личи дека има предиспозиции за стопер, а и според клиповите личи дека најчесто играл на средина.
Нели веќе го имаме Блажевски тука, па го донесовме и тој Николовски, од младите Дошев мислам е дефанзивен средњак, па и некои од другиве покриваат на таа позиција. Нема потреба да се трупаат вакви играчи, во позиција кога стоперската позиција ни е многу климава. Јас немам верба во дуото Мишковски и Ристевски, односно вториов не ми одговара во формација со два стопери, не ме импресионираше минатата полусезона. Уште Папули да го потпишат за стопер недостасува.

Играчи што се У-21 ни се задолжителни за ротација. Кога веќе носат некои играчи за ротација и тешко би добиле шанса, подобро да имаме ќар некој од нив, односно да може да покријат како млади играчи. Позитивно е што овој Серафимов некако се издвои за десен бек, со тоа остави простор некој поискусен да игра на офанзивните позиции.

Не сум оптимист за сезонава, а тоа ќе го видиме уште на дебито во Чегране. Многу тежок меч за нас уште на стартот.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.475
Поени од реакции
3.539
Иначе филозофијата на Грне е да не играат млади на осетливи позиции, него тие да ги покриваат страните, па изгледа и затоа ќе играме со млади таму кај Парталко и младиот бек од младинци.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
244
Поени од реакции
1.114
Нијази и Серафимов најблиску до бонус играчи, Папули, Вецевски и веројатно Матеј Николв остануваат во Вардар. Да не се вртиме во круг со муабетите, не можеме да очекуваме дека во 2 лига ќе имаме квалитетна ширина на клупа. Стартните 11 сосема добри, останатите ќе покриваат колку што можат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Па не е дека очекуваме квалитетна ширина на клупата, но сепак изборот можеше и мораше да биде многу подобар.

За мене овие тројца играчи не носат никаква ширина на клупата. Никогаш не би се потпрел на нив, единствено ако не би бил принуден поради повреда на некој од играчите од прва екипа. Тоа би значело дека ќе мора секој натпревар да се потпираме на истите играчи, додека не пцовиса некој, односно додека не дојде до повреда поради која би биле приморани на замена.

Кои се овие играчи жити се?
Папули, нешто меѓу стопер (според негов клип на јутјуб) и страничен бек (според трансфермаркет) кој по изглед е далеку од дефанзивецот кој ни е потребен. Прашање е дали изиграл некоја минута во професионален фудбал, со оглед на тоа што нема никакви податоци за него по интернетов. Го знам брат му и едно време играа во младинци на Металург. Отишол во Академија Пандев ко млад и сигурно не одиграл ништо, па бил дел од вториот тим на Стеауа во ТРЕТА РОМАНСКА лига и исто нема податоци дали настапувал. Барем ќе влегува во У - 21.

Матеј Николов. Тотална непознаница. Лев бек кој веќе надминал 21 година. Кога играч на 21 година нема одиграно скоро ништо во сениорски фудбал, не може да се очекува дека ќе биде засилување. Лутал по младински школи (дури и кај нас играл), па преминал во Златибор, каде според трансфермаркет одиграл цели 4 минути во куп дуел. Имал два повика за У - 21 репрезентацијата пред некоја година.

Вецески од овие има најголемо искуство, ама и него го коментирав претходно, ништо посебно.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
244
Поени од реакции
1.114
Све тоа ок што анализираш, нема тука навистина ништо спорно но кого би донеле кој би бил поразличен од овие, со други зборови би правел разлика, а тоа да е играч кој треба да дојде во 2 лига свесен дека ќе седи на клупа? Еве тргни од главните ривали, од позиција 1 до 11, на која позиција се подобри од нас според имиња? На ниту една. Друго прашање е како тренерот ќе ги вклопи и дали уопште ќе ги вклопи и дали тие самите ќе можат да играат поразлична улога од таа што досега ја имале во другите клубови и секако притисокот кој сам по себе го носи Вардар?
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ти ја сфаќам поентата, ама мене лично не ми се допаѓаат вакви закрпувања. Го планирале Блажевски за стопер, овој ќе покривал ко стопер итн. Искрено не го знам играчов. Ги изгледав двата клипови од Победа и Пелистер и не ми личи дека има предиспозиции за стопер, а и според клиповите личи дека најчесто играл на средина.
Нели веќе го имаме Блажевски тука, па го донесовме и тој Николовски, од младите Дошев мислам е дефанзивен средњак, па и некои од другиве покриваат на таа позиција. Нема потреба да се трупаат вакви играчи, во позиција кога стоперската позиција ни е многу климава. Јас немам верба во дуото Мишковски и Ристевски, односно вториов не ми одговара во формација со два стопери, не ме импресионираше минатата полусезона. Уште Папули да го потпишат за стопер недостасува.

Играчи што се У-21 ни се задолжителни за ротација. Кога веќе носат некои играчи за ротација и тешко би добиле шанса, подобро да имаме ќар некој од нив, односно да може да покријат како млади играчи. Позитивно е што овој Серафимов некако се издвои за десен бек, со тоа остави простор некој поискусен да игра на офанзивните позиции.

Не сум оптимист за сезонава, а тоа ќе го видиме уште на дебито во Чегране. Многу тежок меч за нас уште на стартот.
Класичен песимист:D
Па Вецески ќе е алтернатива на дуото. Не го носат за у средина да игра. И со 1,90 м како може да нема предиспозиции за стопер.
Одбраната бар ни е најдобар дел од тимот и ич не ме секира. Повеќе ме мачи офанзивата, односно дали ќе бидат доволни Христов и Величковски.
А во лига со 16 клубови, верувај ќе има доволно натпревари каде што без проблем ќе може да играме и со Вецески, Николов и слични во тим за да може некои од поискусните да чуваат сили.
Све тоа ок што анализираш, нема тука навистина ништо спорно но кого би донеле кој би бил поразличен од овие, со други зборови би правел разлика, а тоа да е играч кој треба да дојде во 2 лига свесен дека ќе седи на клупа? Еве тргни од главните ривали, од позиција 1 до 11, на која позиција се подобри од нас според имиња? На ниту една. Друго прашање е како тренерот ќе ги вклопи и дали уопште ќе ги вклопи и дали тие самите ќе можат да играат поразлична улога од таа што досега ја имале во другите клубови и секако притисокот кој сам по себе го носи Вардар?
Апсолутно согласен. Мислам дека нема таков играч што знае дека вреди, а да ти прифати да седи на клупа во второлигашко друштво. Нереално е да се очекува...
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
Апсолутно согласен. Мислам дека нема таков играч што знае дека вреди, а да ти прифати да седи на клупа во второлигашко друштво. Нереално е да се очекува...
mozda ne takov sto znae deka vredi, ama mozes da najdes nekoj koj se uste leta pod radarot i nema ocekuvanja. rabotata e nekoj da sedni i da gleda natprevari i normalno i da ima oset za takva rabota. ete uste pred da se priklucat na pripremite tuka vi pisav deka serafimov, cvetkov i zdravkovski mozat uste ovaja sezona da vi bidat korisni kako U21 igraci, a ne sum ni del od vardar pa sekoj den da mi se pred nos na treninzi, go donesov toj zaklucok po prilicno malku zalaganje. serafimov veke se probiva, za cvetkov imavte pozitivni komentari od pripremite, a zdravkovski ako ostane zdrav isto koga togas ke se nametni za seniorski fudbal (mozda momentalno im e visok deka serafimov e podaleku). imas eden kup takvi igraci vo makedonija, kako ovie vo mladinskite pogoni, no i kaj vtoroligasite. problemot e sto ne si ja sfakaat dovolno dobro rabotata, imaat i predrasudi sprema igraci od pomali klubovi koi spored niv se nemaat dokazano (a tuka e fintata kaj praviot skauting, nekogo da primetis pred za skoro sekogo da e ocigleden talentot i site da trcaat po igracot) i/ili ne si ja znaat dovolno dobro rabotata.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Се согласувам и јас со критиките. Не дека е ситуацијава критична или алармантна, на хартија сме посилни од поголемиот дел од лигава и делува дека сме подобри и од главните конкуренти, Пелистер и Гостивар. Меѓутоа, како да не ја сфатија лекцијата од лани, повторно оставаат простор да се доведат во неизвесна ситуација наместо многу порешително да се влезеше во сезоната со состав кој ќе беше убедливо најсилен во лигата. И лани вака зборувавме, ги потценивме Воска и нивните засилувања, па на крајот Силекс ни беше крив што не им пуштил или судиите што носеле сомнителни одлуки, а ние пропуштавме бодови на „лесни“ гостувања.
Воопшто не ми се допаѓа останувањето само на Ристески и Мишковски како штопери, Никола најдобрите партии ги пружи според мене првата полусезона во 3-ка позади, и не ми е толку стабилен во дуо, а Мишковски, каков и да е, има 35 години, крпењето и покривањето со Блажевски и овој Вецески, каде што воопшто не би играле на природна позиција ми е глупост, а ако веќе не можеа да најдат подобра опција можеа да го задржат Стојанов или евентуално Стојковски, како проверена опција од лани, или пак Иван Мицковски како у21 играч наместо да носат енигма како Папули. Тенки сме и на бековските позиции, освен Глишиќ другото се младинци, тој Матеј Николов врска немам кој е искрено.
Единствено во средниот ред имаме ширина, Мицевски, Вецески, Николовски, Јаневски и плус како у21 играчи Јусуфи, Давидовски, Цветков, Дошев. Нападот пак шкрипи, останавме без Керим кој беше меѓу покреативните играчи лани, ќе видиме како Јаневски ќе го замени, според CV би требало да е поквалитетен играч, останавме и без Шиле кој иако во години и скоро некорисен, реши неколку утакмици со еден потег во првата полусезона, а и останавме и без Фичо, ваков-онаков ни беше најдобриот стрелец. Попзлатанов нема потреба да го дискутираме, одлично засилување, баш такво какво што требаше да целиме, Христов за 2 лига е ок засилување, го имаме и Демир, а Десниќ според мене е тотално непотребен и требаше да се донесе наместо него некој саглам класичен шпиц, Величковски е премлад, а крилните позиции секако ни беа покриени, а и на Христов поприродна позиција му е лево крило.
Олеснителна околност е што Пелистер се бетер од нас во нападот, па веројатно уште повеќе ќе се мачат со дефанзивни екипи на тешки гостувања, ама средниот ред и одбраната им се сосема солидни и не се за потценување, ќе видиме Гостивар колку ќе се носи и како Ќерим и Фичо ќе се покажат кај нив.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Мециновиќ е слободен играч ама тешко дека би дошол втора лига
 

Kajgana Shop

На врв Bottom