- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.355
- Поени од реакции
- 7.307
Шуќур тепавме иначе ќе го скршев лаптопот Какви шанси претходно не реализираа Николов и Мишковски, си помислив дека останавме без победа и денес. Илиќ ме извади од такт на 2-3 наврати кога заплива во прво, али генерално не може да им се најде замерки на момциве денеска. Буквално изгинаа за секоја педа од теренот и како што пишав мора да завршат во кал до гуша, доколку сакаат да земат 3 бода.
Па верувај потешко е да тепаш и против една Беса Добридол на ваков терен, отколку против Фенербахче во Истанбул. И со генерацијана која стигна до групи во ЛЕ, не можеш да бидеш сигурен дека ќе тепаш при оние услови...ТЕПАВМЕЕЕЕЕ!!!
Кога го видов корнеров во 93та, одма ми се врати лош филм од првата во Скопје.
На кое дереџе сме, на победа со Беса од Добридол да се радуваме ко да сме земале титила.
Ја спасивме сезоната реално, останува да ја затвориме полусезоната со победа со Кадино и да скроиме подобра екипа од пролет за второ место...
А замисли дека до пред некоја година, на овој стадион се играа и прволигашки натпревари...Овој стадион по сите правила и прописи треба да биде затворен за игра. На само 1-2 метри позади линија имаш sид со камења.. Па недај боже некој да се залета и да се удри, после што правиме?