Фан Клуб: Вардар

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Од денеска нов играч на Вардар е Иван Николов, доскорешниот капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Инфо од ФК Вардар
Солидно засилување . Од Академијата на Пандев е, плус има и прволигашко искуство.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
20 текми за Пандев минатава сезона, со правилоно 2ца до 45', добро ќе легне. Керим и Пеев со него на средина.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Има некој инфо, стигнаа новите дресови?
Стигнати се и беа дадени на штампање. Мислам пишав пред недела дена. И претпоставувам ќе играат со нив утре.

Инаку се работи за сосем нови дресови од Јома, во пруги, а не оние што беа со логото од Комити напред, со кои играа последните неколку кола пролетта.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Ќе може невакцинирани да се влезе? У кратово демек барале па се создало гужва па на крај сите влегле не ги проверувале темелно. За Скопје како ќе биде? Или да си дојдам па да си пробам среаќта?
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Ќе може невакцинирани да се влезе? У кратово демек барале па се создало гужва па на крај сите влегле не ги проверувале темелно. За Скопје како ќе биде? Или да си дојдам па да си пробам среаќта?
Влези со групата. Поединечно тешко, ќе ти бараат сигурно..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Ќе може невакцинирани да се влезе? У кратово демек барале па се создало гужва па на крај сите влегле не ги проверувале темелно. За Скопје како ќе биде? Или да си дојдам па да си пробам среаќта?
Покажи некој сертификат, не обрнуваат внимание.

СИТЕ ВО МАЏАРИ, ајмо форумџии :D
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Ајде бееееее!!! :D

Тежок натпревар. Одлично што дадовме и втор гол во последните моменти. Се деси урнебес на вториот гол, се преврти трибината.
Тепавме како што Силекс не тепаше во Кратово. Две шанси, два гола, они имаа поизградени акции, ама без завршница.
Овој Симов го испомеша составот. Скоро цел тим го смени од Кратово.
Не ги препознавам многу играчите, особено што ми личи дека ги менуваат головите.
Во одбрана игравме со Мишковски и претпоставував Стојковски, ко да не го препознав Стојанов. На бекови немам поим кој играа. Не беше ни Илиоски, ни Глишиќ, а мислам дека ни Шабани не играше. Во второ ко да влезе Давид Велковски, а влезе и Глишиќ.
Јас мислам сто играчи сменивме денес. Прво полувреме играа Блажевски, Љамче, Керим, Петров, Наумовски и ваљда Гроздановски во нападот. Второ полувреме играа и Костовски, новиот од Ѓорче, Шиле, Петковски, а и уште некој ко да се смени. Пеев го немаше.

Мишковски искина во одбрана, ама имаа една добра шанса од страна, со шут крај гол, во прво полувреме Илиќ еднаш излета лошо, а во второ Глишиќ лошо загради, имаа полушанса, ама Илиќ ја фати.
Ние освен головите немавме некоја посериозна шанса.
За првиот гол, жутоклунецот Наумовски добро прими во шеснаесетник и пласираше во агол, многу јак гол.
Во второ полувреме Воска притискаше јалово, па почнаа да играат грубо и да провоцираат. Ама помина времето кога бевме индијанска група, ниеднаш не навредивме и се навиваше само за Вардар. Ваљда одеа на прекин, но не го добија. Маваа лактици, паднаа сто жолти и за нас и за нив. Мишковски се онесвести при еден јак удар во глава, а они наместо да ја прекинат играта, испоскокаа сите од ложа дека наводно држиме време. Човеков ќе го голтнеше јазикот, нашиве доктори одма влетаа во терен. Цицмиловиќ свињата доби црвен картон.

И кога они притискаа за израмнување, некаде го 92 минута, одиме во контра, топка до осамениот Фичо, овој додека ја смири, додека ја загради, го стигнаа, ама ја сврте до Костовски кој одлично ја зачула во голот. И тука превртување...

Одлично исполнет стадион и прекрасна атмосфера. Имаше и кореографија и пиротехника и добро навивање.
Доказ дека без Вардар, прва лига е умрена лига.
Преважна победа, со директниот ривал. Опасна екипа се Воска, поубоити во напад, со побрзи играчи. Во прво полувреме на десниот бек му го испија паметот. Некој од поискусниве го седна на страна, да му објасни како треба да се гради, а не да плива во секој дуел.
Сега не чека уште потежок дуел, на гости со Велешта, кој мора да се победи. После ќе биде полесно.
Инаку, не сум многу сигурен во квалитетите на Симов како тренер...
 
Ај друже стварно треба на препознавање на играчите да те пратиме:P:D

Не бев на утакмицава, само што влагам во Скопје, ама според тоа што го објавија на профилот на Вардар играле во прв тим и Стојанов, и Илиоски, а Давид Велковски исто стартувал од почеток.

Битна победа за нас. Штета само што Силекс исто тепале на гости со гол во финишот. Ми се чини против Охрид.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom