Фан Клуб: Вардар

Член од
31 август 2021
Мислења
304
Поени од реакции
1.628
Ја искрено не памтам од кога Вардар на дресот немал лепенка амблем. Единствено тие од Ли-Нинг и Лото беа исклучок
Да, во право си, и ти е беа везени ама со прилично лош квалитет.
Тоа ми беше и зборот, ко да е нешто скапо или комплицирано, залепи лепенка и готово, имаме дресови дај 40-50 €... Дизајн и маркетинг е мисловна именка во МК...
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Позитивни најави има за развојот на клубот, од неколку извори. Ќе треба да се средуваат работиве полека од наредниов месец.
Дај нешо малку инфо за нас обичниве смртници :D
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.307
Најави има еден тон, ама.. за почеток нека соберат некој играч до 6-ти.
Па ајде сега е правиот момент да се собере некој играч. Кои останаа без ангажман, мене вака на прва на памет ми паѓаат: десниот бек Филип Ристовски, Јове Костовски, Мики Петровиќ, Дејан Цветаноски (задњо во Струга играше), Томе Китановски...
Нека се заангажираат.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
3.875
Позитивни најави има за развојот на клубот, од неколку извори. Ќе треба да се средуваат работиве полека од наредниов месец.
Секогаш кога идат некакви избори све се најавува позитивно :cool:
Да се надеваме Вардар што побрзо ке си го врати сјајот зошто душманите се ситат и сакаат 3 лига да паднеме :kuracc:
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Коцур, добар пријател на Симка. Крило. Едно време добро играше на Кокта.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
КРИСТИЈАН КОСТОВСКИ Е НАЈНОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ВАРДАР!

Што е играч овој? Глеам по крило игра претежно. Може и ќе се најде...

И на почетокот на преодниот рок се зборуваше за него дека ќе го донесат, затоа што имал добра соработка со Симов.

Штом Симов го спремаат за тренер може да се очекува и некој од бившите играчи на Силекс да донесат. Кристијан Костовски е слободен раскина со Тиквеш (бивш играч на Силекс е), не е чудно и него да го соберат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Добро, реално во втор дел игравме со втора постава, а они ги ставија странците на терен.
Водство од 2-0, на крајот 2-2. На полувреме беше 0-0.
Во прво полувреме игравме со Илиќ на гол, Шабани, Мишковски, Стојанов и Глишиќ во одбрана, во средина беа Пеев, Љамчевски, Керим, Петров и еден жутоклунец кој не го познавам, а во напад играше Гроздановски.
Првото полувреме не мрднаа покрај нашата одбрана, ама играа со комбиниран состав. Во второ полувреме го сменивме цел тим, а од тие што играа во Кратово во прва постава, влегоа Шиле, Петковски и Илиоско. Шиле погоди од пенал за 1-0, па со глава Илиоски зголеми на 2-0, ама не издржавме во одбрана. Прво по едно класично нафрлување ни дадоа гол со глава, за во последни минути да направиме пенал и да израмнат. Они беа поактивни во вториот дел, а ние погодувавме во двете шанси кои ги имавме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom