Квалитет може нема, ама добар ќотек има за извоз
Плус ако Воска има амбиции или не дај боже Велешта, толку ни е.
Енигма е Вардар, не се знае во која насока ќе оди клубот.
За оваа лига треба тим од искусни второлигашки играчи, во комбинација со неколку помлади, по можност пргави играчи, брзи, без преголема техника.
Од моменталниов состав, од Блажевски и Петковски би имале ќар ако останат.
Најденов и Виктор Велковски не верувам да останат.
Јас се надевам дека задржиме некои од триоти млади дефанзивци и последната линија ќе се надополни со некои искусни играчи.
Ако има шанси да заигра Грне, па и Глигоров, на коњ сме
Мислам дека лигата ќе биде погодена за Лазаревиќ и Давид Велковски, таман да се растечаат.
Илиќ е таман за втора лига.
Фалат старци, да натераш некого како Кировски да ти дојде или Баже Илијоски да го воскреснеш. Или како Вељановски, па дури и Петровиќ. Ќе дојде на ред да земаме некој како Ѓоксен Лиманов да игра или Аксентиев и Митров
Не знам дали Ристе Наумов се пензионираше, да го ставевме во напад. Или некој поагресивен како оној Јовановиќ или Јовановски, што играше и ваљда уште игра за Тетекс.
И нормално, треба некои поагресивни тркачи, покрај Велковски и Лазаревиќ, што би орале по страна.
Најголемо засилување би било на Настевски да му швркне да игра пак во втора лига, ама скоро невозможно.