Средината на шеесеттите години, жештина голема, одам по сенките низ дрвјата кои го красеа некогаш Скопје, а по улиците се слушаше џагор од детски гласови.
Одев замислен, Скопје брзо се опоравуваше од тешкиот земјотрес од пред неколку години.
На децата им требаше херој, а на луѓето нешто што ќе ги сплоти и радува повторно, после таа голема трагедија...
Во мислите ме прекина ненадеен удар од топка која ме удри силно во пределот на главата, брзо се свртев накај дацета, со строг израз на моето лице,
едно малечко дете со таков мил израз на лицето гледаше веќе во мене и ми рече: ,,Извини чичко, шутнав силно, не ми беше таква намерата.. но се случи, знаете топката понекогаш не нè слуша.. нема да се повтори ти ветувам."
Климнав со главата во знак на прифаќање на извинувањето, му ја фрлив топката и седнав на еден камен да одморам.
Им реков: ,, Продолжете со вашата игра, само гледајте пак да не ме погодите!"
Се стркала топката низ нозете на децата, белите чорапи им беа веќе црни, колената изгребани, а пак лицата насмеани, кога некој ја имаше топката во своите нозе, спремен за дриблинг сето тоа беше приследено со извик: ,,Илиевски, Илиевски со прекрасен дриблинг, уште еден".. од друга страната го пресетнува и му ја зима топката друго момче, со извик: ,,Дацевски, Дацевски со прекрасен старт ја одземе топката..."
И така секој акција беше проследена со име на одреден играч од црвено-црниот дрес.
Си помислив, овие деца веќе ги имаат своите идоли и хероии, нешто што ги покренуваа, радуваа и води напред, па со насмевка на лицето продолжив по својот пат.
Чекорејќи го пресретнав мојот пријател Трајче, кој возбудено го туркаше својот велосипед, пак го прашав: ,,Кај си забрзал пријателе по ова жештина, да не имаш некој мака?"
Возбудено ми одговори: ,,Ма каква мака, да побрзаме пријателе, картите се пуштени, а веќе пладне е, да си земе на време, игра Вардар во сабота.."
Му реков: ,,Земи и за мене пријателе, јас морам до тетка ми да однесам поздрав од мајка."
Се качи на велосипедот ми климна со глава и замина.
Стигнав кај тетка ми и тетин веднаш ме пречека со прогноза, со возбуда, ми рече: ,,Знаеш, во сабота одиме на победа!
Купив карти утрово, бевме со комшијата на по една ракија и правец на билетара."
Се насмееав, им му реков: Јас веќе му реков на Трајче да земе пред да дојдам тука, но ќе ја дадеме на друг, знаеш сите сакаат да се на стадион."
Се насмеа тетин и брзо замина на работа.
И тогаш ми светна пак, па и ние луѓето го имаме нашиот херој, тоа е пак Вардар, денот ни го водеше, разговорите, емоциите.. ни беше на некој начин самиот ден и живот.
Многу важни работи се вртеа околу нашиот Вардар..
Е така некогаш живееше еден вардарец и еден Вардар, и двајцата сега се многу сменети, помина многу време од тогаш..
Но, во душите сеуште ни тлее дел од тој оган.. чека нешто да го подкрене..
Се сменија и времињата, сега повеќето од децата се играат со своите мобилни, заборавија на својот верен другар, топката, заборавија да трчаат, да бидат на воздух, на детска смееа, игра, на тоа како е да паднеш и пак да станеш и да продолжиш, да сфатиш дека падот и не е така страшен ниту таа гребнатинка на коленото..
Се сменија и луѓето, ги нема веќе тие насмевки, пријателства, таа сплотеност и гордост која ја носеше Вардар...
Се сменија многу нешта.. се смени и нашиот Вардар..
Можеби е време да се вратиме на старото но, во новo модерно руво?
Вардар пак на народот, а народот со Вардар до својата гордост, сплотеност и својот препознатлив идентитет.
Знаете, не може ниту една партија тоа што го можеше Вардар!
линк