Дечки во кратки црти од денес:
- Присутни Шилегов плус заменикот од град Скопје, од Пуиг јон Фрчковски адвокатот, од ФК Вардар Самоил, Мирко и адвокати на самсоненко, Драгче Томовски како стручно лице и од Комити.
Договорено е:
- Вардар да пушти барање до ПУИГ да ја прости каматата на долгот 60.000 евра и они ќе простат у Петок
- Од Град Скопје обезбедиле 100.000 евра, ќе ги пуштат до Вардар да се плати основицата на долгот и да биде сметката деблокирана. - Во меѓувреме ќе се обезбеди решение до Катарците да вклезат.
- Ваучерот од 170.000 евра ќе се реализира да се исплатат 4 плати за играчите, но сеуште не е излезен (првата недела на Февруари)
- Самсоненко треба да обезбеди 100.000 евра за да се земе некое засилување и да се пушти некоја плата.
- Утре ќе има состанок со играчите (саатница ќе знаеме до вечер). Би било добро ние да се појавиме таму за да се уверат да почнат со тренинзи.
- Ние преземаме обврска (иницијатива) да го распродадеме Градски стадион за еден натпревар. Прв домашен е Вардар - Пелистер, а картите да се пуштат веднаш преку МК Тикетс онлајн, средствата на наменска сметка да ги соберат и да се пуштат во УЈП преку Вардар за плати на играчите. ЗА ОВА БАРАМЕ ИТЕН СОСТАНОК МАСОВЕН ДА ЈА ОБРАЗЛОЖАМЕ ИДЕАТА ВО ДЕТАЛИ
Последнава точка ми делува малку нереална, ама премногу би ме израдувала доколку се оствари.. Не го земајте ова здраво за готово, затоа што не сум 100% сигурен во веродостојноста на информацииве, ама останатото се поклопува со другото што веќе е пишано тука и по медиумиве. Повторно слично решение како летово, повторно живуркање, овој пат би рекол ситуацијата е уште полоша, добро е што имаме некаква бодовна предност, а Беласица и Пелистер се слаби па постои надеж за опстанок, сепак да почекаме да видиме дали ова ќе се реализира и со каков состав би настапиле пролетва. Не знам зошто мораше волку да се чека кога уште од септември се знаеше состојбата, ова можеше многу порано да се покрене и да задржиме некои од оние кои заминаа зимава, ако веќе нема решение за целосно расчистување. Скептик сум за целава ситуација, ама ајде, да изгураме некако до мај, е тогаш веќе ќе мора или решение или банкрот.