Вардар има тренинг-центар, Вардар има Академија, ама ништо не негово. Со повлекувањето на Сергеј, новиот инвеститор ќе мора да преговара за кирија/откуп на објектите, сега се оставени само на гест на добра воља на користење додека се најде чаре да не биде тимот сираче пак како на времето. Практично, Вардар е без ништо од рускиот инвеститор, да не беше Лига Европа, прашање е дали ќе се паметеше воопшто во фудбалот освен по долгот од над 2,5 милиони евра.
Од она што го знам е дека Панчев и Најдоски сакале да работат. Чеде Јаневски бил исто во комбинација со нив, ама кога го бојкотираа играчите на утакмицата со Шкупи, му пукнал филм и си заминал. Тогашната ревардаризација не профункционира затоа што Сергеј не обезбеди никакви финасии. Договорени беа играчи од Романија и Србија, со исксутво во групи на Лига Европа и богати биографии, можеби просечниза најдобрите европски лиги, ама премија за Македонија. Кога дошло време да се откупат играчите, Сергеј го врзал ќесето и на Панчев не му дозволил да носи играчи. Во комбинација се впуштил со Блашко Спорлајф, го донесе Куанјор што никогаш не заигра, исто и Данило Бала, го донесе цепеницата Вилијан Лира, го донесе аргентинецот кој дојде само за туризам Нико Херанц... играчи што ни ебаа матер на касата, пред се ради провизиите за долгите договори на неколку години и сумите платени за раскин. Па, ти сеа види дали се Панчев и Најдоски криви. Освен Сергеј и главните соработници Самоил и Мирко (секоја чест што останаа сега, ама вината за она што се деси низ годините не им се намалува), нема други виновници.
Инаку, кога го спомна Работнички, тој клуб е максимално гуран од ФФМ. Сите играчи што ги продадоа, се форсирани преку менаџери, преку Попе, преку Мрме... мал милион работи за да ги шитнат низ Европа. Единствено Елмас отскокнуваше со талентот, другите се мање-више просек играчи. Вардар зад себе го нема ФФМ.