Фан Клуб: Вардар

Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Да, ама денес Сергеј демантираше за ова.
Инаку чаршијата друго збори и има вистина, пред се за кувајтската компанија.
Што мислите, со Кире муабетот зошто излезе и се стиши веднаш, не е ништо случајно.
Полека ќе излезе се на површина.
Мој став и одговор на Вашите прашања не беше побаран, но јас сега од Вас одговорно барам докази за невистинитите тврдења кои ги објавивте за двете наводни понуди – сериозни и крупни опции за излез од кризата на колективот Вардар кои јас, од според Вас лични причини сум ги одбил. Сметам дека е недозволливо за еден медиум непроверено и непотврдено да изнесува невистинити и истовремено целосно дискредитирачки информации во јавноста“

Според пишаново Самсоненко изгледа доста сигурен во тоа дека немало никакви понуди.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
879
Поени од реакции
1.653
Браво за момците, покажаа карактер и собраа сила да го добијат овој важен натпревар. Ѓорче не е ни малку наивна екипа, па затоа премиерава беше толку значајна за одржување и дај боже зголемување на предноста пред Шкендија.
Денес би ги издвоил Младеновски, Цветановски, Најдовски, Леовигалдо и до негде Попзлатанов.

Следен е Борец, походот продолжува
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Браво за момциве! Одлична и пред се многу важна победа ако се знае дека Македонија е еден од подобрите тимови во МК. Само нека продолжат вака и титулата ќе се врати тамо каде што припаѓа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Лошо почнавме денес, ама ги откажавме со добра реализација за 20тина минути. Сосема солидно изигравме во напад, со оглед на тоа што фалеше Аврамовски. Попзлатанов и Матејчо позитивно изненадија. Ибиши не беше најсјаен, ама имаше среќа да искористи конфузија во противничката одбрана и да му падне топката на тацна за голот. Кога истрчаа резервите на полувреме, помислив дека се некои кадети. Највисокиот е метро 50. Не дај боже некој да ни се повреди, тешко нас ќе биде. Некако многу непотребни жолти картони добивме.
Ковачев татарот беше тој што им ограше во одбрана? Дрво невидено, мислам он ја еба за вториот гол :D
Јак тим победивме, највеќе поени но земаа досега. Одлично отворање на полусезоната, кое мора да се зачини со три бода од Велес.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Лесна победа.
Вакви победи, без Аврамовски се злато вредни.
Едина замерка до Гача, добива пак картони без везе.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
Лошо отворивме, безидејни и неповрзани бевме првите 30 минути, ама после првиот гол многу полесно беше за игра, и на крајот заслужени 3 бода. Man of the match за мене денеска беше Матеј, одлична сезона игра. Важни 3 бода, со оглед на тоа што освоивме само бод во 2 утакмици есента со Ѓорче, а плус е што утре Пандевци и шкендија играат меѓу себе. Се сложувам инаку за коментарите за жолтите картони, не приметив Гача што направи за жолт, ама Младеновски многу недисциплинирано, при водство од 3-0 во 60-та минута шутна топка после свирнат фаул, апсолутно непотребно. Претенка е клупата, така да нема потреба од вакви глупости.

Убаво расположение и атмосфера и на трибина, особено во последните 20-тина минути, секоја чест за играчите за ова што го прават сезонава, право уживање е секое идење на стадион!
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
За Младеновски па не е до толку трагично оти ова му е само прв жолт, додека на Гача му е веќе четврти па при следниот ќе добие суспензија, а оној Илиќ фудбал само на плејстејшн има играно последниве 4-5 години оти уште пред да дојде во Вардар во Ерменија само на клупа седеше.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Последно уредено:

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
449
Поени од реакции
1.359
ForzaVardar кажа се у глобала, до 30та минута второлигашки фудбал се играше, и таман помислив дека тешко Вардар без Аврамовски, после првиот гол ко да влезе друг тим на терен.
Матеј може најдобра партија изигра до сеа, никој не можеше да го задржи.
Веќе кога се спомнаа офсајди, денеска Вардар ТОТАЛНО оштетен, 2 непостоечки офсајди беа свирнати, од кој едниот и гол даде Матеј или Попзлатанов...

Која глупост со картониве денеска, од 4, само 1 е ради старт... Гачевски се расправаше нешто, Младеновски фрла топки у вис, Попзлатанов после досуден офсајд шутира гол да даде.

Тоа што мора да се пофали е голот на тој Паду, еден од подобри сезонава... ако се стабилизира клубов до лето, може да се земе у предвид циганчево, игра у доста нагорна линија.

А децава на клупа што беа, мислев дека се собирачи на топки :))))
Е и уште ова, ја глеаше денеска некој Младост Лучани со Вождовац? Како изигра Серафимов?
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
1.240
Поени од реакции
507
Серсфимов е слободен играч мислам не потпиша за Вождовац
 
Член од
1 август 2015
Мислења
879
Поени од реакции
1.653
До крај има уште 17 кола, во кои по 2 пати ќе играме со Шкендија и АКП како најсериозни конкуренти. Да не ги заборавиме градските ривали Слога и Работнички, па и Силекс. Ќе биде ѓаволски тешко, ростерот е тенок, но што е тука е. Напред Вардар!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom