- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.365
- Поени од реакции
- 68.030
Мислам дека не е толку до тоа што ние играме добро, туку што лигата е преслаба оваа година.Ќе направат Шкендија една серија од 5-6 победи кај и да е и ќе си се издвојат на табела напред, а и да не се деси тоа до зимоска, во јануари ќе си купат играчи таман за да освојат лига. Преголема е разликата во буџетите за да дозволат друг клуб да им ја освои лигата.
Него, само пофалба за играта во овие први три кола за дечкиве. Како што спомна некој и поназад, одамна Вардар не стварал волку шанси на натпревар, да го немавме убедливо најслабиот напад во лигата сега ќе имавме лесни три од три. Не знам дали е до Тетовче али вистинско изненадување и уживање е играта што ја прикажуваат во првиве кола. Апсолутно непотребни беа тие мали искри од кај Комити, не е време за правење глупави потези.
И јас мислам дека Шкендија ќе се прошета низ лигава, особено ако го вратат Хасани. Од друга страна многу работи не штимаат кај нив и кај Дестани се гледа дека нема преголема желба за вложување. Ништо чудно да рикнат сред сезона. Премртви се некако, немаат навивачка група, на трибините има премалку луѓе во споредба со други години, некако како да го изгубија духот кој го имаа пред 5-6 години.