Дај вратете се на трибина и навивајте за македонска фудбалска репрезентација. Не личи запад да не е полн со Комити на Градски. Не личи општо за фудбалот и атмосферата, па каков и да бил.
Сите несогласувања со ФФМ се настрана, никој од играчите не ви згрешил ништо. Сепак се работи за национален дрес.
Хари замина, океј. Ама ако не идете на стадиот ги боли кур тие што се имате замерено, и така колку толку ќе си се наполни, и фактички тие испаѓаат победници.
Вака треба да дојдете, преку навивање и транспаренти да ги плукате, како што прават сите навиваки групи незадоволни од клубови, претседатели, федерации. Ќе видите дали тие прво самите ќе се појават на стадион, и дека и медиумите ќе им направат притисок.
Сакам навивање и песна за Македонија, не само Излези момче и УУУУ-АААА-МАКЕДОНИЈА и тоа двапати во деведесет минути. Не личи за еден онаков стадион.
Поздрав!