Фан Клуб: Вардар

Член од
18 август 2019
Мислења
236
Поени од реакции
403
Да, само што после утакмицата со нив се пишуваше како потенцијално засилување за Вардар. Јас од баражот и го памтам, не ми остави ама баш никаков впечаток тогаш, а вчера против нас изгледаше како Ридигер.
Неколку играчи кои лани беа просек во Работнички како левото крило Али Регба,црнецов,Белица Аломеровиќ годинава играат доста квалитетно за наши услови
 
Член од
23 април 2022
Мислења
428
Поени од реакции
2.148
Пола сезона помина сеуште не го научија презимето на најголемото засилување ЗаКариќ
zah.jpg
 
Член од
16 февруари 2020
Мислења
27
Поени од реакции
75
Мое непопуларно мислење е дека требаше и утрешната со Брера да биде вечерна како најава за дербито во недела. Утакмицата со Силекс беше добар показател дека има интерес за вечерни утакмици, поготово за оние што се играат во текот на недела.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
779
Поени од реакции
2.405

Со Силекс уште беше почеток на сезона меѓу првите 5 кола,пред тој меч се вративме со победа од Кавадарци имаше расположение и некоја надеж, ама од мечот со Силекс почна голготата што и ден денес ја гледаме, така да а денска а ноќна утакмица исто ќе биде.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.075
Поени од реакции
2.307

Во 13ч ќе има 200, во 20ч ќе има 400.
Смешно е да се збори за терминот, кога знаеме какво е расположението на скопската публика кон Вардар... Тотално не им е битен Вардар на 70% од луѓето што живеат во Скопје, на 20% им е сеедно и на нас 10% кој премногу се замараме.

Нека си играат од 13ч и тоа е тоа. Да играат против Реал, и во тој термин ќе биде фул стадионот, да видиш како сите ќе најдат начин да дојдат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.636
Првично публиката сака да гледа добар фудбал. Никој не сака да седи на седиште на градски, да гледа кон теренот а со мислите да биде на сосема друго место. Е баш така се осеќа човек кога иде на стадион да го гледа овој Вардар, а богами и противниците кои доаѓаат на Градски се тежок отров. Значи ако сакаме публика прво мора да се види желба, знаење, допадлив фудбал, па бројката секако полека ќе се зголемува секако. До тогаш може само да паѓа.
 
Член од
11 мај 2020
Мислења
141
Поени од реакции
352
 
Kajgana Shop

На врв Bottom