Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.587
Искрено не знам која утакмица си ја гледал денес… Најслаби на свет бевме ама те молам образложи како тоа бевме надиграни денес до голот за водство ? Канте е очаен, ама денес освен грешката коа ја расчисти наназад ни беше најдобар играч на терен, само он трчаше покриваше и напред и назад… Ако си бил на стадион и ако мислиш дека не надиграле ондах друго нешто имаш гледано… Прв шут кон гол им беше во 90та шутот од 6,7 метри што го одбрани Гача, втор пат шутнаа со глава следната акција одма од корнер…
Бев на стадион, оставам простор нешто да ми промакнало како и секогаш кога коментирам, со оглед на тоа што навивам 90 минути.
Тиквеш имаа статива и неколку опасни шанси кои немаа завршница, блокиравме во корнери во последен момент.
Да не коментирам што поседот беше 70-30 додека не падна голот, прв корнер извадивме таму некаде во второ полувреме кога еден очаен шут закачи противнички дефанзивец. Имапе еден период кога едно 20-30 минути не влеговме во противнички шеснаесетник. Не е дека не демолирале, ама пак беа подорби од нас и поконкретни.

Тоа е тоа што го коментирам за Донгмо. Личи дека е најдобар на терен, затоа што рака на срце многу трча, ама човекот врска нема ко риба во глава да има. Не знае да се открие, не знае да додаде, а игра во средина. Не дека другите се подобри де, али овој ко странец божем треба да дели.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
191
Поени од реакции
709
На кој основ да се надеваме? :D
Уште една утакмица во која бевме надиграни, до голот кој го дадовме случајно, немавме ниту една шанса, мождби ни шут кон гол.
Личиме на третолигашка екипа, раштиман оркестар, еден играч не можеш да издвоиш деканигра добро.
Оној Донгмо мутантон, никаква ориентација нема во просторот. Демек трча, па имаме ќар од него. Пододавање, не знае на каде да се открие за да добие повратна. Земал на крајот, од средина на терен ја врати во наш шеснаесетник со некој киклопски потег.
Дианеси даде два гола, ама човекот е смешка од напаѓач. За првиот гол се криеше од топката, среќа и тој од Тикврш се изрезили. Втората шанса кога излезе сам пред гол, ја закачи катастрофално за вториов гол исто така направи некои смешно потскокнувања, ама среќно му се одби до него и заврши. Чист просек, само према духон Омерагиќ личи дека е играчиште.
Еден куп смешни индивидуални потези имавме, во одбрана рогаат во аути при никаков противнички притисок, напред се сопкаат од топка, претешко за гледање.
Сите победи на чиста среќа досега, али да може да падне Арсими во четврт финале, па некако да се молиме на полуфинале на пролет со ЦЕЛОСНО реновиран тим.

Играчите не дојдоа ни да се поздрават, исвиркани до небо.
Прашање е што можеш да промениш на боље кога у сред сезона грото од играчите се врзани со договори, па имај ти колку пари сакаш на располагање. Особено ако преодниот рок повторно го обавува прославениот новинар со идиотски иницијали...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
6.495
Тие што не ја гледаа утакмицава нека не ги лаже резултатот , повторно многу слаба игра и реално победивме на среќа ..

Па до голот во 67 минута ние имавме само еден ебан шут и тоа млитаво покрај гол , ние на запад се радуваме ако имаме корнер или добра акција/шут за малце да се крене атмосфера иначе на терен све е очај и катастрофа ..

Не дека Тиквеш беа кујзнае колку добри но напаѓаа нафрлаа и создаваа шанси за гол , погодија и статива кога топката идеше по линија пред гол, на крај и Гачевски спаси 2 топки и успеавме да се одбраниме , за вториот гол Тиквеш се отвори и на контра им го збрцавме али и тука имавме среќа при голот ..

Очекувано беше пад на бројката кај Комити после поразите дома од Воска, Силекс и Струга и целата ситуација со Миленко,денес кај нас многу млади деца но и оваа бројка е пак подобра од што ја имаат другите групи , навивањето исто беше добро ..

Лозари околу 40 души , стигнаа на полувреме и само еднаш ги слушнав на почетокот бидејки баш и тогаш беше време на пауза ..


Сега ако имаме среќа во 1/4 Арсими или Детонит и ете шанса на пролет за 1/2 со нови играчи во зимски преоден рок , Шкупи гледам испаднале и ете еден појак ривал помалце на ждребка ...
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.693
Поени од реакции
4.422
Толку сме лимитирани што се крстиме на Мишко позади со 37 години. Најдо како тргнало, ќе паузира пола година, џабе лажни најави даваа на Спортспорт дека не било сериозно. Па и оној Ѓуриќ имал повреда. Со Работнички, Брда на стопер…
 
Член од
13 август 2019
Мислења
613
Поени од реакции
3.307
Бев на стадион, оставам простор нешто да ми промакнало како и секогаш кога коментирам, со оглед на тоа што навивам 90 минути.
Тиквеш имаа статива и неколку опасни шанси кои немаа завршница, блокиравме во корнери во последен момент.
Да не коментирам што поседот беше 70-30 додека не падна голот, прв корнер извадивме таму некаде во второ полувреме кога еден очаен шут закачи противнички дефанзивец. Имапе еден период кога едно 20-30 минути не влеговме во противнички шеснаесетник. Не е дека не демолирале, ама пак беа подорби од нас и поконкретни.

Тоа е тоа што го коментирам за Донгмо. Личи дека е најдобар на терен, затоа што рака на срце многу трча, ама човекот врска нема ко риба во глава да има. Не знае да се открие, не знае да додаде, а игра во средина. Не дека другите се подобри де, али овој ко странец божем треба да дели.
Не беа ништо подобри Тиквеш денес, барем според мене, не се знаеше кој е поочаен денес дали они дали ние, бев убеден дека ќе има пенали… Денес Донгмо освен што трчаше, освои и неколку топки и дуели, можеби би бил уште подобар доколку би играл со подобри играчи во средина, иако според тоа како беше најавен е очаен, за денес заслужи пофалба. Мене поише ме загрижува фактот што екипава воопшто не е способна да креира некаква акција за гол, а тоа да не е некаква шанса како првиот гол денес, грешка на одбрана и слично…
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
6.495

Тука на крајот пишува дека 1/4 се игра на 26 февруари , тоа е добро за Вардар бидејки сигурно ке има нови засилувања во зимскиот преоден рок и ете шанса за 1/2 ..

Значи погрешна проценка дека 1/4 се игра во оваа полусезона , за ждребката ке се објави дополнително кога ке биде ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom